Како што соопштија од Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите на 02.08.2025 до 21:30 часот, на територијата на Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои активен е еден, во Општина Долнени: с. Стровија, позади место викано Гајдарец–Клепало (нискостеблеста шума).
Под контроле е пожарот во Општина Берово: Планина Готен кон Малешевските Планини, каде гори бор, бука, нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати се 8 пожари, во:
1. Општина Кичево: с. Србица (ниска вегетација и стрниште)
2. Општина Куманово: с. Провце, кај Црквата Св. Мина (ниска вегетација)
3. Општина Липково: с. Никуштак (ниска вегетација и стрниште)
4. Општина Чашка: с. Мартолци (ниска вегетација)
5. Општина Ресен: с. Перово (ниска вегетација и трска)
6. Општина Битола: ул. Довлеџик (ниска вегетација)
7. Општина Гевгелија: автопатот Гевгелија–Демир Капија, кај с. Миравци (ниска вегетација)
8. Општина Струга: с. Велешта (ниска вегетација)
М. Д.