• Latest

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и злосторникот од Кремљ

August 10, 2025

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и злосторникот од Кремљ

Додека Трамп се средува пред огледало за да се сретне со Путин на Алјаска, светот се соочува со уште едно поглавје на измама платена со крвта на невините – за ракување со рускиот касапин, што ќе чини нови животи, придружено со аплаузот на оние што ги поистоветуваат воените злосторства и дипломатијата. Средбата на Алјаска нема да донесе мир или напредок, туку само повеќе простор за еден разулавен, со крв извалкан деспот и неговата држава терорист, додека Трамп ужива во својата фантазија за Нобелова награда за мир. Да видиме што – нема – да се случи на Алјаска.

August 10, 2025 11:23
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот нема луксуз да ги затвори очите пред темнината што ја опкружила човечноста. Некои работи мора да се кажат – и да се запишат во светската меморија – без оглед на тоа колку умови ќе бидат вознемирени, а колку носители на одлуки ќе бидат алармирани.

Путин купува време – со крв. Повторно. А претседателот на САД, Трамп, му го овозможува тоа лично – овој пат со средба во Алјаска. Да се запамети: оваа средба со воениот злосторник нема да донесе мир или напредок. Ќе донесе само повеќе простор за државата-терорист Русија и нејзиниот разулавен и со крв извалкан деспот. Ќе фрли уште погуста магла врз и онака збунетиот свет, додека Трамп, во својата вообичаена помпа и вулгарност, се обидува да ги продаде своите хаотични фантазии како реалност.

Ние – луѓето кои ја плаќаат цената на војните и лагите со кои тие почнуваат – сме го виделе ова и порано, многу пати, особено со рускиот тиранин. Секое ракување со него значи уште еден испукан куршум, уште еден загубен живот. Уште еден момент во историјата врежан со последиците кукавичлукот, заблудата, суетата и алчноста – и, конечно, со умилкувањето. Срамно, непростливо и понижувачко откажување од одбраната на темелите на нашата човечност: слобода, солидарност, мир и правда.

Путин – шеф на мафијашка држава и воен злосторник – е мајстор на измамата кој го облекува теророт како дипломатија и ја продава масовната ликвидација како „мир“ и „одбрана“. Секој збор од Кремљ е конструиран да ја изврти реалноста, да ги искриви фактите сè додека вистината не стане непрепознатлива – па дури и спорна. Со децении ја усовршува уметноста на купување време со лаги, глумејќи преговори додека го планира следното освојување, следното злосторство. На неговата пружена рака има отров, а неговите ветувања се стапици. Оние што му веруваат – или не го познаваат, или не им е грижа за крвта на неговите раце, или следат интереси што немаат никаква врска со демократијата, правдата и слободата.

Путин ќе го изеде Трамп за појадок. А Трамп – насмеан – ќе се лизне надолу по грлото на овој лик обучуван во КГБ, па уште и ќе му заблагодари за привилегијата.

Кремљовскиот касап најдобро се чувствува во темните сенки меѓу вистината и лагите, користејќи ги дезинформациите како оружје, смртоносно како и секој проектил што го насочува против цивилите во Украина. Во светот на Путин, секоја трагедија е можност, секое примирје – пауза за повторно полнење. Тој го претвора човечкото страдање во заложништво, држи цели нации како заложници – од бојното поле до судовите на глобалното јавно мислење и креирање политики. Неговата „дипломатија“ не е ништо повеќе од војна со други средства – сцена на која ја игра улогата на „разумен“ државник, додека неговата воена машинерија врши ужасни, систематски воени злосторства. Во меѓувреме, кремљовската пропагандна машинерија, спакувана како медиумска сцена, ја крунисува деструкцијата и геноцидот како правда, света мисија или национална одбрана. Разузнавачко-воената структура на Кремљ спроведува операции на влијание низ европските општества, ги корумпира и ги претвора во нестабилни, фрагментирани маси. А сето тоа е едногласно заверено од послушната Дума.

И сепак, одново и одново, светот го толерира овој театар, надевајќи се дека овој пат ќе биде поинаку – дека ликот кој профитира од смрт ќе почне да се грижи за животот. Тоа никогаш не се случува. Од Грозни до Алепо, од Крим до Мариупол, шемата е иста: уништување, негирање, измама. И убивање. Бескрајно убивање. Сè сведува на крвави пари, пустош и трупови. Секоја средба што го третира Путин како легитимен партнер е огромен чекор далеку од мирот, а чекор поблиску до стапицата што ја поставува со децении – стапица намачкана со лажна надеж и запечатена со крв. Тоа е како убиецот да седи покрај судијата за да ѝ изрече пресуда на жртвата.

Додека Путин ја користи средбата за да купи време за уште убиства, Трамп ќе ја искористи за да ја храни својата суета. Опседнат со фантазијата за Нобелова награда за мир, ќе се фали и кити, убеден дека ракувањето со воен злосторник го прави миротворец. Да се надеваме дека Нобеловиот комитет ќе ги задржи интегритетот и независноста. Во реалноста, тоа го прави Трамп – и целата негова циркуска свита – ништо помалку од соучесник. Во својата вообичаена помпа и вулгарност, ќе се обиде да ги продаде своите хаотични фантазии како реалност – а пропагандните машини во Москва и слични на нив радосно ќе го напумпаат спектаклот.

Пред средбата во Алјаска, креаторите на сценарија и самољубивите „експерти“ ќе бидат зафатени со преплавување на етерот и страниците со своите „генијални“ анализи. Ќе усцртуваат замислени придобивки, ќе шпекулираат за тајни договори и ќе го претставуваат ова гротескно шоу како дипломатија. Истиот овој коментаријат (да воведам нов израз), инаку лојален хор во театарот на измамата, повторно ќе се однесува како воениот злосторник од Кремљ да е државник, а дека хаотичното позирање на Трамп е стратегија. Но, сè е театар, создаден за оние што профитираат од хаосот, а смртоносен за оние што ја плаќаат „влезницата“ со крв.

Историјата нема да ја запамети ваквата дипломатија како обид за постигнување мир. Далеку, многу далеку од тоа. Ќе се памети како гротескен театар во кој на воен злосторник му беше даден легитимитет наместо да се соочи со правдата. Уште една фото-сесија на еден тиранин и самопрогласен кандидат за Нобелова награда, во време кога на светот очајно му се потребни решителност, единство и храброст за бескомпромисна борба против злото. На средбата во Алјаска, сѐ што може Трамп да му понуди на Путин е сцена, но ние мора да одбиеме да аплаудираме. Мора да ги именуваме лагите, да ја отфрлиме измамата и да застанеме на страната на оние што се борат за слобода и опстанок. Да се постапи поинаку е соучесништво — од најлош вид.


Innocent Blood for a Handshake – and a Nobel Peace Prize Fantasy

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ