Специјалниот претставник на Трамп „погрешно го разбра“ Путин. Стив Виткоф не е дипломат – тој е инвеститор во недвижности со нула искуство во надворешната политика. Сепак, Трамп го испрати да преговара со Путин. Што би можело да тргне наопаку?- напиша во објава на Фејсбук Роман Шеремета, вонреден професор по економија на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв и поранешен основачки ректор на Американскиот универзитет во Кијив.
Според БИЛД, Виткоф целосно погрешно ја протолкувал ситуацијата. Путин сè уште бара целосна контрола врз Донецк, Луганск, Запарижје и Херсон – нудејќи само паузирање на нападите врз големите градови и енергетската инфраструктура. За возврат, САД се предложија замрзнување на фронтовската линија, укинување на санкциите и склучување нови економски договори со Русија.
Виткоф некако го претвори барањето на Путин за „мирно повлекување“ на Украинците од окупираните региони во мислење дека Русија понудила повлекување.
Ова не е само недоразбирање – тоа е опасна некомпетентност од некомпетентна влада, пишува Шеремета.
Преземено од Фејсбук профилот на Роман Шеремета. Текстот е личен став на Авторот.