Во Владата денеска ќе одржи свечена седница за одбележување на 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
Како што најави владината прес служба, на седницата ќе се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски.
Синоќа , премиерот Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, како и дел од владината делегација, присуствуваа на свечениот прием организиран по повод одбележувањето на 24 години од потпишувањето на Рамковниот договор, од каде, државните претставници во своите изјави потенцираа дека Рамковниот договор претставува трајна обврска за градење општество засновано на еднаквост, доверба и европски вредности.
Со Охридскиот рамковен договор беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Договорот беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју.
М. Д.