• Latest
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025 14:22
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ
Фотографија: Скриншот

Фотографија: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

По распишувањето на Локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, одново се активира Координативното тело за постапување по претставки врз основа на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, како механизам за заштита и почитување на правото на слобода на изразување и информирање, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и македонските закони.

Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират дезинформации, говор на омраза, дискриминација, злоупотреба на личните податоци или пак прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија и Насоките за етичко известување на онлајн медиумите. Електронската адреса за поднесување претставки е: koordinativnotelozaizbori@avmu.mk.

Координативното тело е составено од претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Институтот за комуникациски студии (ИКС) и Фондацијата „Метаморфозис“. За координаторка е избрана Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, а заменичка – координаторка е Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис.

Како што информираат од АВМУ, Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, усвоен во септември 2023 година, се однесува на политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати во онлајн просторот (вклучувајќи и на социјалните мрежи), интернет-изданијата на радиодифузерите, онлајн-медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз граѓаните и нивното гласачко право.

Почитувањето на Кодексот се очекува да обезбеди интегритет на информациите во текот на изборниот процес, транспарентност на политичкото рекламирање, безбедност на личните податоци и спречување на ширење дезинформации, говор на омраза, ксенофобија, нетрпеливост, страв или тензии што ја поткопуваат демократијата.

Во изминатите две години, кон Кодексот пристапија три политички партии: Левица, Европска демократска партија и Партија на пензионерите, како и 21 медиумска организација (ТВ Алфа, ТВ Коха, ТВ Тера, ТВ Дуе, ТВ Кочани ЛД, ТВ Спектра, Радио Блета, Радио Кочани, Радио Вати, Радио Комета, весникот Коха, Спорт1, 4Нуз, Екипа, Радовиш Њуз, Гостиварисот, Флака, Макпрес, Одлучисе.мк, Порталб и 360 Степени.

Координативното тело ги охрабрува сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат, заложувајќи се за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Пристапицата кон Кодексот се наоѓа онлајн на: Пристапување кон кодексот – Изборен Кодекс.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ