• Latest
Фотографија: ВИ

Предизборна и изборна кампања – што е што во изборен контекст

August 18, 2025

„Политико“: Молдавија би можела да ја престигне Украина на патот кон ЕУ

August 18, 2025
Фотографија: Скриншот

Додик официјално веќе не е претседател на Република Српска

August 18, 2025

Македонската фарса на ветувањата

August 18, 2025

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Протечена снимка открива како поранешниот шеф на израелската воена разузнавачка служба вели дека смртта на 50.000 Палестинци во Газа е „неопходна“

August 18, 2025

Новиот премиер на Република Српска ќе биде неуставен ако го предложи Милорад Додик

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео споделено од Игор Сушко на Х

(ВИДЕО) Руската пропаганда, само неколку дена по самитот Трамп-Путин, споделува видео од американско оклопно возило со руски и американски знамиња во напад на украинските позиции

August 18, 2025
Трамп и украинскиот претседател Зеленски во Овалната соба, 28 февруари 2025 година. Фото: Скриншот од ЈуТјуб каналот на The White house

Разговорите во Вашингтон би можеле да се покажат како поважни за иднината на Украина од самитот Трамп-Путин

August 18, 2025

(РЕПРИНТ) Кога кукавиците се соочуваат со херои: „За три дена. Го слушнав тоа од Путин.“ – аларм за будење на Америка и светот

August 18, 2025
Фото: Скриншот од видео на Н1

Газени, претепани, заплашувани: Сведоштва од протестите во Нови Сад и Белград за N1

August 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Предизборна и изборна кампања – што е што во изборен контекст

August 18, 2025 12:19
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ИЗБОРИ, ТОП 5
Фотографија: ВИ

Фотографија: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на локалните избори во октомври, политичките партии веќе ги најавија своите кандидати за градоначалници, а учеството во изборната трка го најавија и повеќе независни кандидати. Сите познати кандидати за градоначалнци веќе почнаа со самопромоција и најава за промените кои ќе ги донесат во општините за кои се кандидираат.

Но, дали ова е исправно или не? Во јавноста како и сегаш пред избори се отвора прашањето за предизборните кампањи и нивниот легитимитет и што по закон е изборна кампања.

Предизборна кампања: Активности на политички партии, коалиции, независни кандидати и нивни поддржувачи пред официјалниот почеток на изборната кампања, со цел да ја тестираат поддршката, да изградат препознатливост и да создадат почетна база на гласачи.

Примери:

  • Посети на терен и неформални средби со граѓани.
  • Поставување билборди со „генерални пораки“ (не директно поврзани со изборите).
  • Јавни настапи и медиумски изјави за идни планови.
  • Промоција на активности на социјални мрежи без експлицитно барање поддршка на избори.

Може да се нарече и „прикриена кампања“, бидејќи формално не е дозволено активно барање гласови пред официјалниот рок.

Изборна кампања: Официјалниот период утврден со Изборниот законик  кога кандидатите и партиите отворено бараат поддршка од граѓаните. Според изборниот законик изборната кампања трае 20 дена пред денот на изборите и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.(Член 69-а)

Примери:

  • Организирани митинзи и собири.
  • Телевизиски, радио и онлајн политички реклами.
  • Печатење и делење на постери, брошури и летоци.
  • Јавни дебати меѓу кандидатите.
  • Платени објави и спотови на социјални мрежи.

Во Изборниот законик (член 69-а) се вели дека:

Од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања за активностите за изборна кампања учесникот не смее да троши средства од трансакциската сметка наменета за изборна кампања.
Од моментот на потврдување на кандидатските листи до започнување на изборната кампања, учесниците во изборите имаат право да организираат по еден јавен настан за промоција на нивните потврдени листи на кандидати и изборните програми.

Под изборна кампања според истиот член се подразбира јавно собирање и други јавни настани организирани од страна на учесникот во изборната кампања, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали и јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Како да го контактирате ЦИВИЛ?

📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk

Вашиот глас има моќ. Искористете ја!

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ