• Latest

Oпштините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра

August 19, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Oпштините влегуваат во изборна кампања со доспеан, а неплатен долг од скоро 65 милиони евра

August 19, 2025 10:22
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Локални избори распишани, локалните власти на терен “работат“ со парите од Унгарскиот кредит. На локалните 2025 та “општинарите“ ќе настапат со вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од скоро 65 милиони евра. Споредбената анализа на “Порталб“ покажа дека долгот е зголемен и на квартално и на годишно ниво.

10 општини со највисок доспеан а неплатен долг …

На новата должничка листа на Министерството за финансии, Општина Гостивар е прва од групата на општини со највисок износ на долг од скоро 11,3 милиони евра, следна е Општина Тетово со доспеани а неплатени обврски од 9,5 милиони евра а на трето место со долг од 5,5 милиони евра е Град Скопје.

На крајот од вториот квартал Општина Кавадарци пријавила долг во износ од 3,7 милиони евра, Општина Делчево 3,1 милион евра,  Општина Желино 2,9 милиони евра, Општина Василево,   Општина Струмица 1,8 и Општина Струга пријавиле долгови по околу  1,7 милиони евра а десетта најзадолжена е Општина Карпош со 1,6 милиони евра. Останатите општини имаат помал долг од 1,4 милиони евра. 

Вкупниот долг на општините на крајот од јуни изнесувал 64,7 милиони евра и тој е зголемен и на квартално ниво, во споредба со март годинава и на годишно, во споредба со состојбата во јуни, лани.

И локалните ЈП со милионски долгови

Заклучно со првата половина од годинава долгот на Општинските јавни претпријатија изнесувал 107 601 000 евра и во однос на лани истиот период е забележено позначајно намалување. Сепак ЈП формирани од општините и натаму котираат високо на должничката листа, вбројувајќи се во групата на субјекти со највисоки доспеани а неплатени обврски.

Со должнички износ од 14, 5 милиони евра, ЈП Водовод и канализација – Скопје кое е “лидер“ во групата на најзадолжени јавни претпријатија. На второ место е П Водовод Куманово со Ц.О.Куманово со доспеан а неплатен долг во износ од скоро 12 милиони евра а на трето место е ЈСП Скопје со пријавен долг во износ од 9,9 милиони евра. 

Речиси да не постои општинско јавно претпријатие кои не прикажало доспеан а неплатен долг кој во голем број случаи се брои во милиони евра. Така , според висината на долговите на должничката листа високо котираат и ЈКП Тетово со доспеани а неплатени обврски во износ од 6,8 милиони евра, ЈП Водовод Охрид со  5,7 милиони евра, ЈП Комунална хигиена Скопје со должнички износ од 5,6 милиони евра,  ЈП Комуналец ЦО Струмица со 5,5 милиони евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со долг од 4,2 милиони евра, ЈП Водовод и канализација Струга должи  4 милиони евра а ЈП Комуналец ЦО Гостивар 3,7 милиони евра. Сите овие ЈП се рангирани во првите 30 најзадолжени субјекти од вкупно 900 кои се опфатени со новата должничка листа.

Општините и ЈП на локално ниво освен што имаат актуелни долгови, на врата веќе им “тропаат“ нови милионски обврски кои допрва ќе доспеат. Во предворје на локалните избори локалните власти веќе ја започнаа “неформалната“ кампања а не ретко при промоција на проекти,  во присуство на градоначалниците  се и претставници на извршната власт. Главните проекти во пресрет на локалните избори ќе се потпираат на парите од Унгарскиот кредит за кои имаше огласи за аплицирање во два наврати. 

 извор: Порталб

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ