• Latest
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
Газа (фото извор: Wikimedia)

Повеќе од 62.000 Палестинци убиени од 2023 година

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) „Дури и џамлија би скршил“ – Како изгледа кога Вучиќ ќе допре скршено стакло и ќе успее да се исече 

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025 15:30
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПРАВДА
Фото: миа.мк

Фото: миа.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, денеска беше на распит во Обвинителство во врска со кривична пријава против неа.

Ивановска, во изјава за медиумите, по нејзиниот распит во Обвинителсто, рече дека била повикана поради кривична пријава за несовесно работење по член 353, додека била претседателка на Антикорупција, нагласувајќи дека не може да сподели за кој предмет точно се однесува за да не попречува на работата на Обвинителство.

-Обвинета сум дека наводно начинот на кој што ние сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било на некој начин, спорно за пријавителот. Денеска на средбата со обвинителката јас појаснив на кој начин ДКСК ги оформува предметите. Во конкретниот случај бил отворен предмет по сопствена иницијатива, на член на нашата комисија. Предметот се работел, на крајот предметот е без некои наоди и постапката е завршена без никакви сомнежи понатаму, но она што било спорно за пријавувачот е на кој начин ние сме комуницирале со јавноста, изјави Ивановска.

Според Ивановска, нема ништо спорно, нагласувајќи дека на обвинителката убаво и објаснила како постапува ДКСК, која е улогата на Претседателот на ДКСК – дека ги потпишува одлуките кои се носат колективно со мнозинство од членовите, без разлика дали е тоа за отворање или затворање на предмет.

– Пријавата е до мене бидејќи јас сум потписник. Од познат подносител е, не е анонимна. Не ме прашувајте понатака. Не е убаво од моја страна да им попречувам во процедурата, изјави Ивановска.

Во однос на поканата која ја доби во истиот ден кога ја објави кандидатурата за градоначалник на Општина Центар, Ивановска рече дека „мислењето на јавноста за ефикасноста на јавнот обвинителство е такво, какво што е и тоа остава простори за сомнежи, не кај мене, туку општо кај граѓанството“.

-Ако јавното обвинителство постапувало секогаш ревносно и за кратко време ги доставувало пријавите што треба, тогаш никој немало да се посомнева, зошто сега или зошто утре, задутре. Од тука произлегуваат сомнежите. И мене ми е прашањето дали сите пријави кои што биле арховирани на 25 јули се доставени на 14 август и тоа од страна на полиција, изјави Ивановска.

Прашана дали останува сомнежот дека има поврзаност со нејзината изборна кандидатура, Ивановска рече дека „не сака да верува во тоа“ и дека само кажала што и се случило.

-Знаете како е. Ние секогаш сме пред една голема лекција за демократија и мора да ја учиме демократијата. Мораме да оставиме слобода и волја на граѓаните, слободно да мислат и да размислуваат. И тоа е тоа. Предизборието е секогаш можност да направиме проценка до каде сме со нашето растење. Еве и ова е една од тие лекции, изјави Ивановска.

Ивановска на 14 август објави дека ќе се кандидира за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, а следниот ден  преку својот профил на Фејсбук објави дека полицијата вечерта и доставила кривична пријава.

-По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, напиша Ивановска, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ