По вчерашното закажување на сединца на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, денеска пристигна вест за нејзино одложување без наведено образложение од Собранието.
Сединицата требаше да ја води пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска.
Како што соопшти на прес конференција седницата се одложила, неофицијално, поради утната процедура или погрешна примена на Деловникот, и поради тие причини седницата е одложена.
„Како пратеничка и како членка на Комисијата, не бегам од одговорноста да претседавам тогаш кога, согласно Деловникот, ќе бидам задолжена од претседателот на Собранието. Дали тоа ќе биде денеска во 14, 15, 17 или 22 часот, апсолутно немам никаков проблем. Затоа што, како што и вчера кажав, и мене лично, како пратеничка на СДСМ, ни е од интерес надзорот да се спроведе и граѓаните, а и јавноста, да бидат информирани за наодите и информациите до кои ќе дојдеме. Секој друг обид за шпекулации, сценарија или префрлање вина власт-опозиција-ДУИ и така натаму е неприфатлив, бидејќи се покажува дека поединци во Собранието немаат сериозен пристап кон ова прашање“, изјави Петровска.
Таа изјави дека вчера и претседателот на Комисијата, Скендер Џепи, не бил информиран дека ќе претседавам со Комисијата.
„Тој ми пренесе забелешки дека известувањето за закажување на седницата не е во согласност со Деловникот и дека до него не е доставена никаква иницијатива или барање за свикување на седницата. По проверка во службите, ми потврдија дека навистина таква иницијатива не била доставена. Затоа, дали е доставена до претседателот на Собранието – немам информација. Но, од она што неофицијално ми беше кажано, е дека и таму не е доставена. Повторувам: јас сум подготвена, кога и да се закаже, да претседавам и тоа да го направам“, изјави Петровска, велејќи дека можеби одлжувањето се должи и на тоа што документите ќе откријат интересни сознанија.
„Не прејудицирам, само поставувам прашања. Но час поскоро ако се одржи надзорот и ако се декласифицираат тие информации, сите овие дилеми ќе бидат разрешени и ќе ја знаеме вистината“, изјави таа.