• Latest

ВМРО-ДПМНЕ ја формализира коалицијата „Твоја Македонија“ со која ќе настапи на локалните избори

September 12, 2025
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ја формализира коалицијата „Твоја Македонија“ со која ќе настапи на локалните избори

September 12, 2025 13:03
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска ја формализираше Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на претстојните локални избори. Мицкоски на прес-конференција пред партиското седиште, истакна дека коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемата коалиција, составена од 25 партии од различен карактер, кои според него, во голема мера го претставуваат колоритот во македонското општество.

Посочи дека претстојните локални избори се важни за иднината на државата, пред сѐ, поради директната надлежност на локалните самоуправи во решавањето на проблемите на граѓаните и затоа, рече, не е сеедно каков градоначалник граѓаните ќе изберат.

– Ние во изминатиот период покажавме и докажавме дека умееме да ги водиме општините без ниту еден скандал и со многу работа. Дополнително, што се во наредните четири години сите општини ќе ја имаат и поддршката од централната власт, нешто што ќе го докажам и покажам, како во претходната година и половина. Втората причина е што овие избори се околу тоа секој човек во државата да го направи вистинскиот избор за твоето место, твојата твојата општина, да се избере твојот човек кој ќе се бори за секој еден човек во општеството. Тој човек мора да ги брани интересите на граѓаните и да решава проблеми. Затоа ќе излеземе со понуда и со луѓе кои ќе бидат гласот на народот во администрацијата и општините и ќе работат за граѓаните. Уверени сме дека силата на државата не се мери само преку нејзините институции на централно ниво, туку преку секојдневниот живот во градовите и селата, во општините каде што граѓаните ги остваруваат своите права и ги живеат своите соништа, рече Мицкоски.

Изрази решителност за изградба на локална самоуправа во државата, која, како што рече, ќе биде пример за демократско управување, економска ефикасност и културна афирмација. Мицкоски истакна дека лидерите на политичките партии од Коалицијата Твоја Македонија усвоиле Декларација за Македонија на граѓаните и за општини што создаваат иднина.

– Верувајќи дека инфраструктурата е основа за развојот на секоја заедница, ние се обврзуваме да вложиме во изградба и реконструкција на патишта, мостови, водоводи, канализациони системи, училишта, спортски сали и културни домови. Ќе поттикнуваме политики кои ќе создаваат нови работни места и ќе го зајакнат чувството на економска сигурност во секоја општина. Ќе се залагаме за подобрување на примарната здравствена заштита преку модернизација на амбуланти, подобра опрема на здравствените домови и олеснет пристап до лекарски услуги, рече Мицкоски

Во фокусот, додаде, ќе бидат руралните средини, а образованието клучен инструмент во градењето на генерации кои ќе ја претставуваат државата со знаење, вредност и одговорност.  Вели младите се најголемиот капитал на државата и затоа ќе им биде овозможено квалитетно образование, спорт и култура, како и пристојни услови за вработување.

– Ќе создадеме амбиент за нивен останок во своите општини, за да ја градат својата индина овде, дома, во својата татковина Македонија. Веруваме дека животната средина е наследство за идните генерации, ќе се бориме за чист воздух, управуање со отпадот, користење на обновливи извори на енергија и заштита на природата. Ќе ги втемелиме зелените политики во секоја општина за здравје и поквалитетен живот на граѓаните. Со верба во својата држава и во својот народ, со љубов кон местото каде што живееме и со доверба во заедничката иднина, ние ја потврдуваме нашата решеност да изградиме Македонија како просперитетна, праведна и модерна држава. Држава во која секој граѓан ќе се чувствува почитуван и сигурен, во која општините ќе бидат двигатели на развојот, а целата заедница ќе живее во склад, достоинство и надеж. Нашата мисија е генерациите што доаѓаат да ја наследат Македонија посилна, побогата и постабилна од тоа што ние го затекнавме, подвлече Мицкоски. /МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ