• Latest

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025 10:16
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет и деветгодишниот скопјанец со остар предмет вчера ја усмртил својата 31 годишна поранешна партнерка од Велес, потоа го убил и нејзиниот татко, по што се самоубил.

Двојно убиство и самоубиство попладнево се случило во Велес. Според информациите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи (МВР), убиени се 31-годишна жена и нејзиниот 68-годишен татко.

Изнесувајќи детали за настанот, од МВР наведуваат дека Р. К. (31) со повреди од остар предмет била пронајдена на улица „Кочо Рацин“ во Велес и со возило на Итната медицинска помош била пренесена во велешката болница каде што е констатирана смрт.

„Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко ѝ К. К. (68), кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот, со повреди од остар предмет е пронајден и И. С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р. К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт“, наведуваат од МВР.

Доцна вчерта заврши увидот на јавен обвинител во содејство со увидна екипа СВР Велес, а телата на починатите од крвавата драма што се случи попладнево во Велес се испратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Во трагедијата со повеќе повреди од остар предмет починаа 31 годишна велешанка и нејзиниот 74 годишен татко, а стрителот 39 годишен скопјанец поранешен партнер на девојката се самоубил со тврд остар предмет.

Јавниот обвинител при ОЈО Велес Цветанка  Богоевска за МИА потврди дека увидот заврши, а телата на убиените се испратени во Институтот за судска медицина во Скопје.

-Извршив увид на лице место на настанот заедно со екипа на СВР Велес. Подигнати се траги на лице место, а телата на починатите се пратени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје. Материјалните траги кои се пронајдени на лице место ќе бидат испратени на вештачење. Во текот на увидот фотографирано е на лице место и од настанот ќе биде направен детален извештај, појасни Богоевска.

ОЈО во текот на денот се очекува да објави целосно соопштение за настанот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ