Военото разузнавање на Украина (HUR) предизвика експлозии во руски Владивосток како „операција за одмазда“ насочена кон војниците обвинети за воени злосторства, изјави извор на ХУР за Кијив Индипендент на 16 септември.
Владивосток, големо пристаниште на Јапонското Море во близина на Кина, се наоѓа околу 6.000 километри (3.730 милји) источно од Украина, што го прави еден од најоддалечените градови во Русија од фронтовските линии на војната.
Операцијата го погоди 47-от Воздушно-десантен баталјон за напад на 155-та Гардиска морнаричка бригада, стациониран во селото Шчитоваја во рускиот Приморски крај.
Според изворот, баталјонот се борел во близина на Кијив, Вухледар, Мариупол, Курск и Покровск, и бил обвинет за бруталност врз цивили и егзекуција на украински воени заробеници.
Изворот извести за силни експлозии на паркингот на воен објект, по што следела втора експлозија. Руските медиуми соопштија дека службите за итни случаи и хеликоптер биле испратени на местото на настанот.
Властите ги оградиле административните згради и паркинг зоните и започнале со проверка на возилата.
„Чекаме некролози да се појават во медиумите на Владивосток“, рече изворот.
Локалните власти изјавија дека експлозиите биле предизвикани од дефект на гасната опрема, додавајќи дека „нема жртви, иако неколку возила претрпеле помала штета“.
Ова доаѓа како вторе операција од ваков вид насочена кон овиј батаљон оваа година. Во мај, ХУР изврши експлозии во близина на Владивосток, исто така насочени кон 47-от руски баталјон за воздушно-десантни напади, изјави разузнавачки извор за Кијив Индепендент во тоа време.
Кијив Индепендент не можеше да ги потврди овие тврдења. Русија ретко ги открива своите воени загуби јавно.
Украина и претходно извршила целни саботажни операции длабоко на руска територија, погодувајќи воена логистика, складишта за гориво и инфраструктура критична за воените напори на Москва.
Како што објави претходно ЦИВИЛ Медиа, на 8 септември две експлозии во рускиот град Хабаровск на далечниот исток убија и повредија припадници на воена единица обвинета за извршување воени злосторства за време на Битката за Кијив во 2022 година. Според извор од украинското воено разузнавање (ХУР), цел била Воената единица 6912 од 748-от посебен оперативен баталјон на Руската гарда, која беше вклучена во борбите во близина на Кијив во првите недели од целосната инвазија кога руските сили извршија бројни воени злосторства, особено во предградијата Буча и Ирпин, стационирана во Хабаровск, град оддалечен повеќе од 6.000 километри од Украина.
Д. Мишев