Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски оствари работна средба со Шефот на Канцеларијата за демократски институции и човекови права ОДИХР, Матео Мекачи, информираат од одделот за односи со јавноста и комуникации на Уставниот суд.
На средбата се разговараше за тековните и планираните активности на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР поврзани со претстојните избори.
Шефот на набљудувачката мисија, Мекачи искажа посебен интерес за одлуката на Уставниот суд, У.бр.186/2024 со која беа укинати член 17 и 18 од Изборниот законик.
Беше констатирано заемно задоволство од континуираната соработка и двајцата соговорници изразија подготвеност за понатамошна размена на информации и искуства во насока на зајакнување на владеењето на правото и демократијата во земјата, стои во соопштението.
Од Уставен исто така информираат дека поради поголем интерес на јавноста на седницата која ќе се одржи утре (17.09.2025) предвидено е да се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање на потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година бр.08-1708/1 од 17.08.2025 година донесен од Државната изборна комисија.