• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозициски пратеници го фрлија деловникот врз Рама; Делегацијата на ЕУ во Албанија со остра реакција за нередите во албанскиот парламент; Косово воведе нови санкции против Русија

September 19, 2025

Османи добил директна порака од висок претставник на ЕУ дека се очекува новата влада да ги спроведе уставните измени веднаш по изборите; Адеми со пет изборни ветувања, за Филипче негласањето е награда за режимот на ВМРО…

October 15, 2025
Фотгорафија: Собрание на РСМ

Гаши-Фон дер Лајен: Слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Северна Македонија

October 15, 2025
Скриншот од видео снимка

Големи руски напади ја прекинаа струјата во Кијив и низ цела Украина

October 15, 2025
Фото: скриншот

Францускиот суд ја потврди забраната на Марин Ле Пен да учествува на избори

October 15, 2025
Никица Корубин,  магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка(Фото: ЦИВИЛ)

Корубин: Чувари на демократијата се граѓаните, кои постојано инсистираат на системот, а рушители на демократијата се оние кои го практикуваат системот со авторитарна свест

October 15, 2025

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозициски пратеници го фрлија деловникот врз Рама; Делегацијата на ЕУ во Албанија со остра реакција за нередите во албанскиот парламент; Косово воведе нови санкции против Русија

September 19, 2025 13:17
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната парламентарна седница, пратеници од оопзицијата го фрлија деловникот врз албанскиот премиер Рама, во моментот кога тој се обидуваше да ја поврза дигиталната министерка Диела со собранискиот систем. По нередите, претседателот на парламентот ги прекина дискусиите и прејде кон гласање на владината програма.

Од делегацијата на ЕУ во Албанија, излегоа со реакција дека е жално што албанската јавност беше лишена од можноста правилно и целосно да биде информирана за програмата на Владата и да ги слушне нејзините избрани претставници како дискутираат за нејзината содржина, во согласност со одредбите од законот, објавија албанските медиуми.

Косово презеде нови  казнени мерки против Русија поради војната во Украина, одобрувајќи четири пакети од најновите санкции на Европската Унија против Москва, објавија косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Двајца пратеници на ДП исклучени на 10 дена од парламентарните седници откако го фрлија Деловникот врз Рама  

Двајца пратеници на Демократската партија, Газмент Барди и Фидел Крека, се суспендирани од парламентарните седници во траење од 10 дена.

Суспензијата доаѓа по тензиите во Собранието, каде што опозицијата ја блокираше собраниската говорница и ги фрли Деловникот и дневниот ред врз премиерот Рама, претседателот на Собранието Нико Пелеши и министрите, пишува Албеу.

Судирите во Собранието започнаа кога Рама го прекина својот говор за да поврзе видео од дигиталната министерка  Диела со системот на салата.

Така, претседателот на Собранието објави дека нема да има повеќе дискусии и состанокот продолжи директно кон гласање за владината програма за следните четири години, која беше усвоена со 82 гласа „за“.

Топ чанел: По тензиите во парламентот ЕУ делегацијата со реакција: Жално е! Јавноста беше лишена од дебатата за владината програма

По вчерашните случувања во Собранието, каде што седницата за која се очекуваше да биде маратон за дискусии и одобрување на владината програма беше затворена 25 минути поради хаосот и блокирањето на говорницата од страна на опозицијата, делегацијата на ЕУ што беше присутна на седницата реагираше за Топ чанел.

„Парламентот треба да биде форум за конструктивна дебата, каде што се дискутираат политиките и се презентираат алтернативните ставови, со што се промовира култура на дијалог, се наведува во реакцијата на делегацијата на ЕУ.

Во контекст на пристапувањето, Парламентот има клучна улога во дебатирањето и усвојувањето на законските реформи поврзани со ЕУ, проценувајќи ги нивните влијанија и осигурувајќи дека тие се засноваат на инклузивен и транспарентен процес.

Дебатата за програмата на новата влада за следните четири години ќе беше важна можност за дискусија за различните ставови и пристапи кон целта на пристапувањето, што останува меѓупартиска амбиција. Жално е што албанската јавност беше лишена од можноста правилно и целосно да биде информирана за програмата на Владата и да ги слушне нејзините избрани претставници како дискутираат за нејзината содржина, во согласност со одредбите од законот.

Делегацијата на ЕУ во Тирана ќе продолжи со својата посветеност на зајакнување на улогата на парламентот како институција што промовира и отелотворува отворен и инклузивен политички дијалог. Веруваме дека сите политички партии во Албанија и сите сектори на општеството ќе бидат способни и спремни да ја играат својата улога во придонесот кон напредокот на Албанија кон исполнување на барањата за членство во ЕУ.

КОСОВО

РСЕ: Косово воведе нови санкции против Русија поради војната во Украина

Косово презеде казнени мерки против Русија поради војната во Украина, одобрувајќи четири пакети од најновите санкции на Европската Унија против Москва, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

На состанокот во петокот наутро, вршителот на должноста влада ги одобри пакетите 15, 16, 17 и 18 од санкциите на ЕУ против Русија.

„Усвојувањето на овие одлуки од страна на владата ќе придонесе за зајакнување на тесната соработка со ЕУ и другите стратешки партнери, вклучувајќи ги и САД“, рече вршителот на должноста министер за внатрешни работи Џелал Свечла, за време на презентацијата на барањето за одобрување на мерките.

Свечла го поднесе барањето во име на Министерството за надворешни работи и дијаспора, во отсуство на вршителката на должноста министерка Доника Гервала, која е во странство.

Сите пакети беа едногласно одобрени.

Што содржат пакетите?

15-тиот пакет, усвоен во декември 2024 година, вклучуваше замрзнување на средства и забрани за патување за 54 лица и 30 субјекти, како и нови ограничувања за таканаречениот руски бродски превоз во сенка, со наведени 52 брода, како и забрани за извоз на технологија со двојна употреба.

Во меѓувреме, 16-тиот пакет, усвоен во февруари, на втората годишнина од руската агресија во Украина, додаде 48 поединци и 35 субјекти на црната листа.

КОЛУМНА

Коха: „Неизбежната одисеја на Косово“

„Од своето раѓање, власта на Косово е тестирана, особено на северот од земјата. Со текот на времето, традиционалниот политички естаблишмент на Косово одлучи дека најдобриот начин за остварување на моќта на северот е преку дијалог, а не преку еднострани акти.

Секако, имаше одредени епизоди на отстапување од овој принцип, како што се акциите за точките 1 и 31, или воведувањето на царина од 100%, но тоа беа исклучоците што го потврдија правилото. Со текот на времето, и со трпението на косовското раководство, овој пристап се чинеше дека дава резултати. Моќта на Косово полека се прошири на северот од земјата. Локалните Срби почнаа да го прифаќаат животот во рамките на косовските институции, додека безбедносната ситуација полека се ставаше под контрола.

Но, сето ова беше премногу бавно за граѓаните на Косово, на кои брзо им снемуваше трпение. Насилните барикади и посетите на српските функционери на северот служеа како чести потсетници за аномалијата на северот. Особено, трпението на граѓаните за дијалог им снемуваше кога им беше претставен друг и побрз пат за проширување на власта на северот. Персонификација на овој друг пат беше Албин Курти.

Курти мајсторски ги убеди граѓаните на Косово дека северот не е вина на сложената политичка и меѓународна динамика, туку на нашите локални политичари. Во овој наратив почна да верува мнозинството граѓани на Косово. Така Курти дојде на власт.

Откако дојде на власт, Курти, за разлика од неговите претходници, одлучи да ги помести границите на моќта на Косово на север преку еднострани акти. „Со или без координација“ стана рефрен на овој пристап.

По целосен мандат, дури и најжестоките противници на Курти го признаваат неговиот успех на северот од земјата. Она во што се сомневаат – заедно со голем дел од општеството – е дали овој успех е одржлив? Овој успех дојде со значителна цена во однос на затегнувањето на односите со сојузниците на Косово. ЕУ го суспендираше интеграцискиот пат на Косово и европските фондови, додека САД постојано го критикуваа пристапот на Курти. Конечно, САД го суспендираа Стратешкиот дијалог со Косово. Вучиќ ги нарече сите овие мерки смешни и игра на Западот, инсинуирајќи дека додека Западот јавно го критикува Курти, практично го поддржува, бидејќи одбива да преземе најстроги мерки против него.

Каква и да е вистината, едно може да се заклучи од целата одисеја на Курти на север. Државата Косово, како и секоја друга држава пред неа, се најде во авантура на самоспознавање преку поедностран пристап кон остварување на моќта на северот од земјата. По една деценија одисеја на дијалог, државата Косово го смени курсот. Ова се случи директно како резултат на политичката нарација предводена од Курти.

Така, денес државата Косово ќе има корист или од успехот или од неуспехот на Курти на северот. Во случај на успех, Косово ќе ги помести границите на својот суверенитет, а во случај на неуспех, ќе се повлечеме од уште еден банкротиран политички пристап.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Неизбежната одисеја на Косово“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    161 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ