• Latest

„Инклузива“: Поддршка и пристапност за лицата со попреченост на изборите

September 24, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

„Инклузива“: Поддршка и пристапност за лицата со попреченост на изборите

September 24, 2025 14:21
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии, коалиции, учесници во изборниот процес, да покажат суштинска волја за инклузивност, да се консултираат со лицата со попреченост, со нивните семејства, да им овозможат вклучување во носењето на локалните политики, повикаа денеска од Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово.

Според податоците на здружението, во Куманово, Струмица и Ресен учесници во изборниот процес имаат лица со попреченост на своите листи за советници, најмногу во Куманово-три, во Струмица две и во Ресен-едно лице.

-Партиите, учесниците на изборите укажуваат дека внимаваат на инклузивноста, но тоа се однесува на пол, националност, најмалку за попреченост. Работевме со некои партии и веќе идентификувавме шест лица со различна попреченост кои се дел од советничките листи, тоа е одреден напредок. Но, забележуваме дека и дел од канцелариите на некои партии немаат соодветен пристап за да можат да им се приклучат граѓаните со попреченост, ретко ги вклучуваат во донесувањето на нивните политики. Тоа е инклузивноста, учеството во креирањето на политиките, вклученоста на листите и имплементација на нивните барања, изјави претседателката на „Инклузива“, Благица Димитровска.

Кога станува збор за лицата со попреченост и семејствата со член со попреченост, според „Инклузива“, политичкото размислување често е сведено на ниво на социјална политика, односно социјална помош. Димитровска нагласува дека во речиси секој град, лицата со попреченост се жалат на узурпирани тротоари од несоодветно паркирани возила, лентите се зафатени со возила во интерес на паркинг места. Лицата со попреченост се соочуваат со архитектонски бариери, не можат да користат јавен превоз, да посетуваат градинки и училишта, да пристапат и да влезат во институции, општинска згради и канцеларии, да комуницираат на шалтери, да плаќаат сметки, самостојно да учествуваат во политичкиот и изборниот процес, да побараат и добијат информации и услуги од институции и установи, да учествуваат во културни, спортски, рекреативни и безброј други активности. Сето ова, објаснуваат од „Инклузива“ е пречка за вклученост во заедницата и во политичкиот живот. Дел од општинските институции се непристапни и граѓаните со попреченост не можат да ги остварат загарантираните права, има различни бариери за да се чувствуваат еднакво со останатите граѓани, додава Димитровска.

Од здружението се надеваат дека во програмите на политичките партии ќе бидат вклучени политики со кои ќе им се даде поддршка на лицата со попреченост во нивната локална заедница. Во однос на пристапноста на гласачките места од „Инклузива“ додаваат дека изминативе години има одреден напредок, но не насекаде.

– Голем дел од гласачките места се во образовани институции, некои се на кат, во дел од нив нема лифт за лица со попреченост. Има одреден напредок, но мора да укажеме дека дел од пристапните рампи не се направени според стандардите и потребите на самите лица. И ова не е проблем само на лицата со попреченост, туку на родителите на мали деца кои туркаат колички, на повозрасните граѓани кои се немоќни, изјави Димитровска.

Од „Инклузива“ велат дека дел од лицата со попреченост немаат доволно информации за програмите на политиките партии и останатите учесници на изборите, бидејќи не се приспособени на сите попречности.

– Апелираме кампањите на учесниците да бидат во соодветни формати, за да може секој граѓанин да разбере и да гласа според сопствено убедување, вели Димитровска.

Како што додаваат од здружението, инклузивна заедница е онаа во која секој нејзин граѓанин, има можност за еднакво учество во сите активности, донесување на одлуки, работење, управување и развој.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ