Министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен вели дека се чини дека зад беспилотните летала стојат „професионалци“, нарекувајќи го хибриден напад, пренесува Би-би-си.
Поулсен изјавата ја даде на прес-конференција на данската влада откако беспилотни летала го нарушија воздушниот простор низ целата земја.
Министерот додаде дека за сега нема докази дека зад инцидентот стои Русија.
Аеродромот Алборг на северот од земјата беше привремено затворен кога беа видени беспилотни летала
Три други помали аеродроми во јужниот регион – Есбјерг, Сендерборг и Скридструп – исто така пријавија активност на беспилотни летала, но не беа затворени
Порано оваа недела, аеродромот во Копенхаген беше принуден да се затвори поради упад на беспилотни летала
По инцидентот во Копенхаген, премиерката Мете Фредериксен рече дека руската вмешаност не може да се исклучи – украинскиот претседател Зеленски подоцна рече дека станува збор за Русија, иако не даде извор.
Д. Мишев