• Latest

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

September 28, 2025

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Родителите на починатите во „Пулс“ сo ултиматум до Обвинителството и Судот, бараат одговори до 3 октомври

Доколку до петок, 3 октомври, не добиеме официјален одговор ќе нема повеќе маршеви, ќе продолжиме со протести и блокади. Нема повеќе мирни чекори. Нема повторно молчење, порачаа родителите.

September 28, 2025 09:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Родителите на починатите во мартовскиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани вчера по 24-ти пат маршираа за своите ангели.

Маршот започна од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар, мостот кај Шопинг центарот до зградата на Управата за јавни приходи. Поворката продолжи кон полициската станица и заврши пред Основниот суд, од каде беше упатено ултимативно предупредување до Обвинителството и Судот, од каде очекуваат одговори на прашањата што претходно им ги доставиле во писмена форма.

– Доколку до петок, 3 октомври, не добиеме официјален одговор ќе нема повеќе маршеви, ќе продолжиме со протести и блокади. Нема повеќе мирни чекори. Нема повторно молчење, порачаа родителите.

Тие од ОЈО очекуваат одговор до каде е постапката против вработените во МВР и кога ќе има обвинети и обвинение, додека од судиите во Кривичниот суд, пак, бараат да знаат кога ќе ја донесат оценката на обвинителниот акт.

– Време е да се стави крај на одолговлекувањето и да се овозможи вистинска правда. Овие барања Ви ги доставивме и писмено по пошта. Доста е, сметаат родителите.

Тие рекоа дека не станува збор за позадински политички влијанија на партии врз нив, туку дека тоа се тие, родителите, и нивниот бес, тага и револтот против системот. Сметаат, како што велат, дека постојат обиди да се направи селективна „правда“, наместо да има вистинската правда која им припаѓа на нивните деца.

– Правдата не чека. Жртвите не се бројки, тоа се нашите деца, браќа, сестри. Цели семејства се уништени, револтирано рекоа родителите, додавајќи дека бараат одговори, одговорност и вистинска правда.

Извор: МИА

Фото: скриншот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ