По повод 28-ми Септември – Денот на Бошњаците, претседателот на СДА Македонија, Џелал Хоџиќ, ја упатува следнава честитка:
Дозволете ми, во мое име и во име на СДА Македонија, на сите Бошњакињи и Бошњаци во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Санџак, во домовинските земји и во дијаспората, од срце да им го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците.
Денес Меѓународниот ден на Бошњаците се слави низ целиот свет, со цел зачувување на националниот идентитет, а во спомен на 28 -ми септември 1993 година, кога во Сараево се одржа Бошњачкиот сабор и беше донесена одлука за враќање на историското име Бошњак, како и враќање на историското именување на јазикот – босански.
На овој ден, се сеќаваме и на храброста на учесниците на првиот историски сабор кои, во воени услови, во опколено Сараево, се грижеа за националната и културната посебност на Бошњаците и нивната иднина.
Секогаш да сме горди на името Бошњак, на нашиот босанскиот јазик, на нашата матица Босна и Херцеговина. Секогаш да сме пркосни на сите деструктивни сили и политики”, истакна Џелал Хоџиќ, Претседател на СДА Македонија.