• Latest
Се наведува дека пожар избувнал во фабриката за електрични компоненти „Карачов“ во руската област Брјанск преку ноќ на 29 септември 2025 година, по напад со беспилотно летало. Фото: Скриншот од Астра/Телеграм

Украина нападна фабрика за произведство на електроника за воена употреба во руската област Брјанск

September 29, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украина нападна фабрика за произведство на електроника за воена употреба во руската област Брјанск

September 29, 2025 19:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Се наведува дека пожар избувнал во фабриката за електрични компоненти „Карачов“ во руската област Брјанск преку ноќ на 29 септември 2025 година, по напад со беспилотно летало. Фото: Скриншот од Астра/Телеграм

Се наведува дека пожар избувнал во фабриката за електрични компоненти „Карачов“ во руската област Брјанск преку ноќ на 29 септември 2025 година, по напад со беспилотно летало. Фото: Скриншот од Астра/Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Украинските сили ја нападнаа фабриката „Електродетал“ во градот Карачев, кој се наоѓа во руската област Брјанск, потврди Генералштабот на 29 септември, пренесува Кијив Индипендент.

Потврдата доаѓа по претходните извештаи во руските локални медиуми за напад со дронови врз фабриката. Пред нападот, гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, издаде предупредување за можна ракетна закана во областа Карачев.

Фабриката „Електродетал“ произведува низа електрични конектори за воена и индустриска употреба. Нејзините производи вклучуваат нискофреквентни, високофреквентни и комбинирани конектори што се користат во сектори како што се воздухопловството, електрониката и инструментацијата.

Овие компоненти се користат во воена опрема, авиони, антени, базни станици, печатени кола и разни мерни системи.

Нападот врз објектот наводно предизвикал експлозии и пожар на локацијата. Целосниот обем на штетата сè уште се проценува.

Според Генералштабот, нападот бил извршен од ракетните и артилериските сили на Украина во координација со други гранки на украинските вооружени сили. Нападот погоди цел оддалечена приближно 240 километри.

Командантот на украинската морнарица, Олексиј Неижпапа, потврди дека нападот е извршен со крстосувачки ракети „Нептун“.

Брјанската област се наоѓа по должината на северната граница на Украина со Русија. Карачов се наоѓа на околу 115 километри од границата.

Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко во Русија во обид да ја намали борбената моќ на Москва додека таа продолжува да ја води својата војна против Украина.

На 28 септември, украинските ракети „ХИМАРС“ наводно погодиле термоцентрала во близина на рускиот град Белгород, објавија руските канали на Телеграм. Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, потврди напад врз критичната инфраструктура на регионот, како и „значајни прекини на електричната енергија“.

Одделно, на 28 септември, украинското воено разузнавање (ХУР) тврди дека убило најмалку четири руски оператори на беспилотни летала во градот Мелитопол во Запарошката област, окупирана од Русија.

Експлозија ја потресе чуваната воена база на аеродром во окупираниот Мелитопол, уништувајќи комбе УАЗ-452 од советската ера и убивајќи најмалку четворица оператори, тврди ХУР.

Д. Мишев

Tags: украински напади на руска територија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ