• Latest

Локални избори 2025: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“на Филипче, ВЛЕН со „Еден глас“ на Конвенција во „Борис Трајковски“, Герасимовски ќе обезбедува бесплатни часови за учениците во Центар

September 30, 2025
Maximilian Krah -AfD
Source: Wikipedia

Поранешен асистент на пратеник на АфД осуден на пет години затвор за шпионажа со Кина

September 30, 2025

Чешка најави ограничување на влез на руски граѓани со дипломатски пасоши и деловни визи

September 30, 2025

24 ЧАСА: Изборна кампања 2025 – локални избори без локални теми; Европа да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови; Трамп најави нови царини меѓу кои и 100% на филмови направени во странство

September 30, 2025

БИРН: Кол-центри во Белград измамиле луѓе за околу 250 милиони евра

September 30, 2025
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ нема соработка со ДУИ и Левица, граѓаните сакаат сериозни теми, не национализам

September 30, 2025

Апасиев вулгарно ја започна кампањата за локалните избори: „Посерисе на Мицковизмот“

September 30, 2025
Фото: Скриншот од видео на
European Commission

Фон дер Лајен: Европа мора да даде силен и обединет одговор на руските упади со дронови

September 30, 2025

Мицкоски: Нека ме нарекуваат заостанат, но многудетното семејство е патриотски чин и клуч за иднината на Македонија

September 30, 2025

Стејт департмент: Северна Македонија на Ниво 2 во борбата против трговијата со луѓе – потребни дополнителни мерки

September 30, 2025

Герасимовски ветува бесплатен оброк, екскурзии, униформи и дополнителни часови за учениците од септември 2026

September 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Локални избори 2025: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“на Филипче, ВЛЕН со „Еден глас“ на Конвенција во „Борис Трајковски“, Герасимовски ќе обезбедува бесплатни часови за учениците во Центар

September 30, 2025 20:28
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На вториот ден од кампањата за локалните избори што ќе се одржат во октомври, во попладневните и вечерните часови партиите и нивните кандидати за градоначалници продолжуваат со претставување на своите програми низ земјава и во главниот град.

ВМРO-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Вевчани порача дека на овие локални избори, Социјалдемократскиот сојуз го очекува уште еден изборен дебакл.

Посочи дека лицемерие е кога Венко Филипче вели дека нема да води негативна кампања, а веќе во наредната реченица ја злоупотребува големата човечка трагедија која се случи во Кочани, а истиот тој спрема и ново предавство и поклон за нашиот источен сосед, Бугарија преку нивните т.н. црвени линии.

-Тоа е всушност реалното лице на опозицијата која во најновите пазарџиски трикови сака и да спакува нов поклон за нашиот источен сосед. Тоа е подарок којшто тие го нарекоа Резолуција или црвени линии, после кој СДСМ сака, нормално, да изроди некоја нова отстапка на грбот на македонскиот народ, на грбот на македонските граѓани. Сосема сигурно оттука може да се заклучи ако францускиот т.н. предлог беше толку прекрасен и Венко ни велеше дека идентитетот бил заштитен, тогаш прашањето ни е зошто, тогаш, ни требаат овие црвени линии, коишто се дел од т.н. резолуција на СДСМ. Одговорот лежи во тоа дека СДСМ, повторно, со трикови сака да направи некој нов бонбона бизнис, познат за нив како карактерна особина од минатото, истакна Мицкоски.

ВЛЕН

Коалицијата ВЛЕН вечерва во салата „Борис Трајковски“ одржува изборна Конвенција, на која ќе ги промовира своите кандидати за градоначалници и ќе се претстави нивната, како што велат, „визија за победа“. Собирот се одржува под мотото „Еден глас“.

“Овој настан не е само политички митинг, туку манифестација на единство, решителност и нова енергија што ги вклучи Албанците насекаде во Северна Македонија.

На оваа конвенција, која ќе биде најголемата досега, каде што илјадници граѓани ќе се соберат за да покажат дека Албанците се посилни кога се обединети и дека промената сега е неповратна.

ВЛЕН ги повикува сите Албанци, млади и стари, жени и мажи, работници, студенти, интелектуалци и иселеници, да бидат ЕДЕН ГЛАС денес во салата „Борис Трајковски“. Гласот на надежта, достоинството и победата.

На 19 октомври, Албанците конечно ќе го запечатат новиот пат на чиста, одговорна и достоинствена политика. Денес е денот овој глас силно да се чуе од Скопско до секој агол од земјата.“, порачаа од ВЛЕН.

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВЛЕН, Изет Меџити на денешната прес-конференција го најави капиталниот проект „Чаир без отпад на улиците“, со кој се очекува целосна замена на стандардните контејнери со подземни контејнери.

Меџити информира дека за овој капитален зафат обезбедиле буџет од 120 милиони денари со рок на имплементација од 36 месеци.

-Денеска сме собрани за да прогласиме крај на една ера на импровизации, да го означиме почетокот на системското темелно и долгорочно решавање на еден од најголемите предизвици за нашата општина – комунална хигиена. Сликите на преполни контејнери, расфрлан отпад и неуредени јавни површини не смеат повеќе да бидат дел од секојдневието на Чаир. Овие слики не само што го нарушуваат угледот на нашата општина, туку директно влијаат врз квалитетот на животот и здравјето на секој од нас, на нашите деца и нашите најстари. За тоа денеска сме тука да не зборуваме само за проблемите. Проблемите сите ги знаеме и ги живееме. Денес сме тука да понудиме јасен, конкретен и остварлив план. Визија која ќе го трансформира Чаир во чиста, уредна и модерна општина каква што сите ја заслужуваме, рече тој.

СДСМ

Кандидатот на СДСМ и актуелниот градоначалник на општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор со група пензионирани наставници, посочи дека целта на оваа иницијатива е да се обезбеди поддршка за учениците кои потешко ја совладуваат наставата, како и за надарените ученици кои се подготвуваат за натпревари.

Д. Т.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ВМРО-ДПМНЕ контра СДСМ со „македонска резолуција“ по локалните избори

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ