• Latest

Османи ветува „чист Чаир“, Герасимовски нова градинка, Огненовски „економска Битола“, Лукровски стоп за бетон, Митовски ново срце за Гази Баба, Стојкоски пензионерски дом, а Митески нула деца на чекање

October 2, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи ветува „чист Чаир“, Герасимовски нова градинка, Огненовски „економска Битола“, Лукровски стоп за бетон, Митовски ново срце за Гази Баба, Стојкоски пензионерски дом, а Митески нула деца на чекање

October 2, 2025 13:38
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на изборната кампања, кандидатите за градоначалници ширум државата излегоа со свои визии за развој на општините. Ветувањата варираат – од нови јавни претпријатија за хигиена, градинки и фабрики, до ревизија на урбанистички планови и почит кон приватноста на граѓаните. Еве ги клучните заложби на дел од кандидатите:

Бујар Османи: „Чист Чаир“ за шест дена

Кандидатот на ДУИ, за градоначалник на Чаир, Бујар Османи најави формирање на општинско јавно претпријатие за хигиена „Чист Чаир“ во првите шест дена од мандатот.

Нови 120  вработувања, набавка на цистерни и механизација, поделба на Чаир на реони за поефикасно одржување.

„Ќе го направиме Чаир најчистата општина во Скопје,“ порача Османи.

Горан Герасимовски: Нова градинка во Центар

Актуелниот градоначалник на Центар, Горан Герасимовски најави изградба на современа детска градинка до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Капацитет за 100 деца, вработување на 25 воспитувачи и персонал, изградба според стандарди како градинката „Пролет“.

„Создаваме нови можности и за децата и за родителите,“ вели Герасимовски.

Јорго Огненовски: „Битола заслужува искуство“

Кандидатот поддржан од Демократи, Јорго Огненовски, порача дека Битола има потреба од искусен менаџер кој ќе го заживее локалниот економски развој.

Заштита на објекти како хотел „Битола“ и старите училишта, предлог за фабрика за велосипеди, против регионална депонија, за фабрика за преработка на отпад.

„Ќе донесам инвестиции и ќе ја направам Битола самостојна и економски силна,“ рече Огненовски.

Сотир Лукровски: Стоп за бетонизацијата во Карпош

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски ветува крај на неконтролираното градење.

Ревизија на сите урбанистички планови, формирање на јавно претпријатие „Карпош план“, гаранција дека зелените површини ќе бидат заштитени.

„Карпошаните заслужуваат хумана урбанизација, не бетонски џунгли,“ порача Лукровски.

Влатко Митовски: Автокоманда – новото срце на Гази Баба

Кандидатот на СДСМ, Влатко Митовски најави трансформација на Автокоманда во современ центар.

Три нови катни гаражи, еднонасочен режим на улиците за помал метеж, нов парк за миленици и уредување на зеленило

„Автокоманда ќе стане гордоста и новото срце на Скопје,“ вели Митовски.

Коалиција за зелена иднина: Кампања без камери во домовите

Коалицијата ДОМ и Зелените најавија поинаква политичка култура.

Нема посети со камери во приватни домови, фокус на јавен дијалог и транспарентност, конкретни мерки за пристапност, зелени коридори и чист воздух

„Домот е интимен простор, не сценографија за политика,“ порачуваат носителите на листите.

Александар Стојкоски: Зелен Ѓорче Петров и пензионерски дом

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски истакна две клучни заложби:

Изградба на прв пензионерски дом во општината, расчистување на дивите депонии и намалување на загадувањето, замена на фосилни горива со енергетски ефикасни системи.

„Ѓорче Петров е меѓу најтранспарентните општини и ќе продолжиме во тој правец,“ вели Стојкоски.

Дејан Митески: Аеродром без деца на листа за чекање

Актуелниот градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески вети фокус на градинките наместо на нови згради.

Новата градинка „Изворче“ со 200 места за деца, нов објект во Лисиче под градинката „Бубамара“, визија за мали, блиски градинки во секое маало.

„Нашата цел е нула деца на листа на чекање,“ истакна Митески.

Ветувањата на кандидатите се разновидни, но граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја доверат довербата. Чист воздух, зелени површини, градинки, економски развој и поголема транспарентност – сето тоа звучи убаво на хартија. Прашањето е: кој од нив ќе испорача резултати, а кој ќе остане само на ветувања?

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ