Роџер Касале, пред почетокот на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека му е особено драго што учествува на оваа конференција и нагласи дека без разлика од која политичка припадност доаѓа дали левица или централна десница треба да негуваме љубов кон демократијата.
Заедно ќе работиме во одбрана на демократијата, Северна Македонија и Европа… Непријателите на демократијата многу добро знаат како функционира демократијата и тие се многу подобро поврзани меѓусебе, отколку ние бранителите на демократијата.
Прогресивните сили не треба да се плашат да кажат дека ја сакаат демократија, дека се борат за демократијата. Да земеме пример од луѓето во Украина, тие буквално гинат за демократијата и за слободата на својата земја“, рече меѓу другото Касале.
М. Д.