Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, истакна дека во минатото жените и робовите немаа никакви права ниту право на глас.
Демос и кратос значи владеење со силата (мечот).
Работата на новинарите не е вистината, туку фактите и контекстот (вистинитоста).
Како да ја објасниш вистината за конфликтот меѓу Израел и Плаестина, како да ја објасниш војната/конфликот во 2001 година на Македонците или Албанците…
Интернетот ќе ја сруши демократијата, алгоритмите те тераат што повеќе да тонеш во своите ставови.
Интернетот ти нудат емоции, лошите вести се повеќе атрактивни и пораширени.
Вистината во демократијата не е една. Системот на образованието е клучно. Уште една лага е „знаеето е сила знаењето е моќ“.
М. Д.