Александар Спасов – редовен професор по правна теорија и филозофија на правото, на панел дискусијата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија, истакна дека измените на Изборниот законик е направен со Пржинскиот договор. Тие норми се направени за тогаш, а не тие да траат до денес.
„Со овие локални избори видовме што се случи, целиот процес во Парламентот беше блокиран од инат. Прагот од 1 посто беше преголем за независните кандидатури, особено во Скопје. Потоа видовме дека ДИК беше ставен во улога на законодавец.
Платеното политичко рекламирање беше злоупотребено од власата на Никола Груевски. Но, реформите не се случија, се уште не фер се распределуваат средствата за платено политичкото рекламирање.
Кампањата за локални избори на сè личи освен на кампања за локални теми. Сега кампањата се сведе кој е партиот кој е предавник.
Во албанските партии кампањата се сведе на тоа кој ќе победи политички ќе преживее, а кој ќе изгуби ќе замине во историја. Таквата реторика е играње со оган и може да донесе сериозни инциденти.
Политичките партии треба да седнат да донесат нов Изборен законик заедно со Работната група која беше формирана во рамки на Министерството за правда“, рече Спасов.
Спасов додава дека треба да се внесат нови политички играчи, особено на локално ниво.
„Треба да се направи децентрализација. И најдобриот градоначалник да го имате нема ништо да направи ако зависи од централната власт“.
М. Д.