• Latest
Војо Маневски

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025
Меѓународна конференција Одбрана на демократијата - Воведен панел „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“(Фото ЦИИВЛ)

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025

Се финализираат подготовките за Локалните избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

Венецијанската комисија го одложи усвојувањето на оценката на предлог- законот за правична застапеност во Северна Македонија

October 13, 2025

Косово, локални избори: Ниска излезност, втор круг во 17 општини – според Курти, во Митровица имало инженеринг и мешање во изборниот процес

October 13, 2025

АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за Локалните избори 2025

October 13, 2025
Скриншот од видео на Sky News Australia

Сите 20 живи заложници во Газа ослободени и предадени на ИДФ

October 13, 2025
Илустрација ВИ

Последна недела од кампањата за локални избори

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Граѓаните прашуваат ли нешто?

October 13, 2025 11:56
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ          

Кампањата за локалните избори е при крај. Она што го следиме е вистинската слика за нашата  држава и општество. Се покажува точна премисата дека да се направи држава е полесно отколку да се создаде општество кое ќе биде основа за таа држава како негова организациска форма.

Ние сме пример за потврда на ваквата теза.

Некако направивме држава ама триесет и пет години не умееме да направиме општество. Заедница која за цел ќе има подобар живот на нејзините граѓани. Заедница која врз јасно зацртаните цели ќе го гради единството на сопствените граѓани. Не треба да се лутиме премногу на нашите политичари. Тие се само одраз на вредностите кои владеат во нашата заедница. Нужно е чувството за припадност на заедницата, заокружена со државните институции кои мора да ја потврдуваат рамноправноста на граѓаните. Со таква вредност тешко дека можеме да се пофалиме. Тешко дека било кој слој од нашево општество може да се пофали со такво чувство .

Најголемо е некакво групно чувство на партиска припадност  базирано врз потполна некритичност кон постапките на партиските раководства. Сведоци сме дека припадноста на партија веќе се изедначува со верската, па дури и со националната припадност, според важноста во секојдневниот живот. Празнината која интелектуалците им ја оставија на партиските апаратчици се пополни со нивни вредности.

Интелектуалната сомнеж и постојаното поставување на прашања за донесените одлуки се заменети со обична лојалност и подаништво. Стравот од непристојноста  на социјалните мрежи и непристојноста на голем дел од граѓаните ја истисна критичката мисла на интелектуалците. Слободарската мисла е заменета со колективен страв од промени .

Сето ова и без кампањата го знаевме но сега е на очиглед на сите граѓани. Слушаме многу ветувања , многу проекти кои би се реализирале ако дотичната партија дојде до власт.  Како на млада невеста политичарите ни го кажуваат она што сакаме да го слушнеме. Тие си ја вршат својата работа за свој интерес а кој е интересот на граѓаните? Имаат ли право и тие да постават прашања?

Слушнавме многу предлози за конкретни проекти, ама не слушнавме нови политики. Нови постапки кои тие ветени проекти ќе ги реализираат. Ниту една партија не најави некаква стручна ревизија на законот за локална самоуправа кој е стар веќе две и пол децении. Очигледно е дека замислената положба на Советот се претвори во некритичка поддршка на градоначалниците доколку се од иста партија или коалиција.

Потребно ли е воведување на некое самостојно тело кое ќе биде надлежно за урбанистичките планови кои стана извор на низа негативни последици по целото општество. Не слушнавме предлог за нова поставеност на урбанистичкиот инспекторат и негово зајакнување во финансиска и стручна смисла. Изгледа дека тоа им одговара на корисниците на денешниот урбанистички хаос. Не констатиравме како граѓани дека легализацијата на бесправно подигнатите градежни објекти е директно рушење на правната држава . Никаква реформа во правосудството не може да го поправи впечатокот дека држава го оправдува кршењето на законот. Она што било незаконски станува законски, а оние што го почитувале законот се изедначуваат со оние што го кршеле законот. Такви најави за политики во тој правец не слушнавме.

Многу проекти се најавени, ама ние граѓаните мора да прашаме: Од кои средства ќе се реализираат тие проекти. Од кој буџет и од кој фонд ќе се плаќа.

Ако е од централниот буџет тогаш да знаеме по која постапка ќе се пренесуваат средствата и по кој критериум општините ќе ги добиваат тие средства. Ако е од локалниот буџет тогаш мора да знаеме дали тој буџет е во капацитет да ги реализира ветените проекти.

Не слушнавме ниту еден партиски став поврзан со децентрализацијата. Досега таа е повеќе формална отколку реална. Легитимно е прашањето дали ќе се продолжи со неа или ќе се бара некој нов концепт зошто е евидентно намалувањето на резидентното население. Кому ингеренциите ќе му се префрлат кога малите општини веќе стануваат нефункционални. Само замислете си ја градежната инспекција во некоја мала општина. Таа тешко функционира во поголемите општини а за малите скоро неизводливо. Ниту имаат кадар ниту средства да ги санкционираат незаконските градби.

Ако се задржи постоечкиот концепт на фискална децентрализација идните градоначалници треба да ни предложат за кој процент од ДДВ и од персоналниот данок ќе се борат. Ако се предложи некоја нова концепција граѓаните треба да знаат како ќе се финансираат локалните самоуправи. Ако се остане на сегашното решение градоначалниците и натаму ќе бидат принудени на разни комбинации со ДУП за да дадат дозволи за градба , бидејќи од таму црпат средства за буџетот. Ако и понатаму сакаме да имаме згради во кои никој не живее да продолжиме со досегашниот концепт.

Никој не предложи некаква постапка за излез од кризата со долговите на локалните претпријатија . Всушност тоа се долгови на локалните самоуправи зошто тие се основачи на локалните јавни претпријатија. Долговите се зголемуваат а ние слушаме дека ќе се реализираат нови проекти. Никој не кажува од кои пари ќе се прави тоа. Добар дел од малите општини постојано се пред блокада или во блокада . Пари има само за плати на администрацијата . Како ќе се реши тој проблем господа кандидати за градоначалници и совети?

Ако извлечеме низа на рационални заклучоци тогаш нема да е ерес да се разговара за нова територијална поделба . Траумите од двеилјадитите мора да ги надминуваме.

Лесно е да се организира митинг за своите членови и поддржувачи, тешко е да се реализира ветеното и потребното. Знам дека сите имаме исто мислење дека од ветување куќа не се растура ама и не се гради само со ветување. Колкава ќе биде апстиненцијата на граѓаните кои не се во партиски рамки опфатени ќе биде показател за депресивноста на општеството. Така на партиските членови ќе им остане да се бираат и избираат. Граѓаните не прашуваат веќе ништо само мрморат и си заминуваат или во странство или според возраста во вечните простори.

Цела една генерација погреши во се што избра и се погрешно гласаше, па дури  и кога гласаше за себе.  Сега не е способна дури ни да прашува нешто.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ