• Latest
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025 16:02
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пред локалните избори во Северна Македонија се забележува зголемена активност на руската пропаганда преку пренесување на про-руски наративи во дел од македонските медиуми, кои имаат за цел, иако се работи за локални избори, да го зголемат анти – ЕУ и анти-западното расположението кај таргетираниот дел од гласачкото тело.

Така, повеќе македонски медиуми, познати од претходно по зачестеното некритичко пренесување на наративите на руските функционери и пропагандисти . Во последниот наплив на руски пропаганда во македонскиот информативен простор, овие медиуми, речиси оркестрирано ја пренесуваат изјавата на заменик-претседателот на рускиот Совет за национална безбедност, Дмитриј Медведев, познат по неколку свои несмасни коментари, која тој ја споделил на својот Телеграм канал, по повод најавата на Трамп дека размислува да ја снабди Украина со американски ракети Томахавк, како одговор на секојдневните руски ракетни напади врз цивилните цели и критичката инфраструктура низ Украина, во кои има голем број цивилни жртви.

Така, некои со апокалиптични наслови за заплашување на читателите, како „ТОМАХАВК ОД УКРАИНА БИ ПОВЛЕКОЛ НУКЛЕАРЕН ОДГОВОР ОД РУСИЈА Медведев вели дека тоа ќе биде лошо за сите, особено за Трамп“, други со малку поблага варијанта, како „Медведев предупредува: Испораката на Томахавк ракети може да има сериозни последици за САД и Трамп“ ја споделуват „острата“ критика на заменик-претседателот на рускиот Совет, дури и користејќи ги неговите погрдни квалификации „ѕвездено-пругастиот чичко“ за Трамп дека „испораката на тие ракети може да заврши лошо за сите, а пред сè за самиот Трамп“, истовремено, некои дури и го толкуваат и скриеното значење на неговите зборови, дека тој  алудирал на можен нуклеарен одговор од Москва.

Истовремено, овие медиуми пренесуваат дека Медведев, во истиот пост истакнал „дека е невозможно да се направи разлика помеѓу нуклеарната и обичната верзија на Томахавк“, изјава дадена во време кога Москва ја напаѓа Украина со  балистички суперсонични ракети „Кинжал“ и „Искандер“, способни да носат термонуклеарни/тактички нуклеарни боеви глави, и за кои исто така е невозможно да се направи разлика помеѓу нивната нуклеарна и обична верзија.

Написи со слични наслови и текстови се појавија и во медиумите во соседна Србија, од каде најчесто се преземаат текстови со содржини пласирани од руските пропагандисти.

Ова секако не е прв пат путиновите пропагандисти да се закануваат со нуклеарни напади, како што беше случајот кога презентерот на руска национална телевизија, Владимир Соловјов, се пофали дека руските хиперсонични ракети наречени „Кинжал“ се способни да го погодат Лондон за само девет минути по лансирањето. Исто така, и некои портали во земјава можат да се пофалат со претходно пренесувањето на соопштението на Министерство за одбрана на државата агресор, во кое се глорифицира големиот успех на руските вооружени сили кои успешно тестирале интерконтинентална балистичка ракета.

Зголемената руска пропаганда во дел од македонските медиуми во пресрет на локалните избори има повеќекратни цели, кои се во корелација во пошироката стратегија на Кремљ за влијание во Европа, на Балканот, вклучително и во Северна Македонија.

Руската пропагандата, преку погодни медиуми во Северна Македонија, која е членка на НАТО и претендент за влез во ЕУ, се стреми да ги прикаже Алијансата и  ЕУ како лицемерни, корумпирани, непријателски настроени, со што треба да го ослаби кредибилитетот на овие институции кај граѓаните, што кореспондира со изјавите на партискиот врв кој, следејќи ги конфронтацијата со европските иституции на релацијата Белград-Будимпешта,  ја обвинува ЕУ за наводен напад врз македонскиот идентитет, додека, од друга страна сака да се прикаже Русија и Путин како сојузници во борбата за одбраната на македонизмот, со што ќе се одвратат граѓаните да гласаат за проевропските опции.

Целта на зголеменото присуство на руските пропагандни наративи е создавање амбиент на недоверба, нестабилност, назадување на демократските процеси и забавување на евроатлантските интеграции, со што Северна Македонија на подолг рок би останала подложна на руско влијание и ранлива за идни геополитички игри.

Драган Мишев, во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани (ЦХТМ)


Оваа статија е дел од проектот Демократски навигатор – стратешки одговор на дезинформациите и хибридните закани, градење демократска отпорност. 

Tags: Дмитри Медведевнуклеарни заканипроруски македонски медиумируски пропагандни наративи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ