• Latest

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
Фрагмент од профилната слика на Трамп на Truth Social

Newsweek: Расте бројот на Американци кои го гледаат Трамп како „опасен диктатор“

June 18, 2026

Кој ќе ја искористи фрустрацијата која ја манифестираат носителите на власта?

June 18, 2026

Лени Фрчкоска и Марта Стевковска ја добиja наградата „Гласник на невидливите“ за сторијата „Женското е туѓа фамилија“

June 17, 2026
Фон дер Лејен, Зеленски, Кошта (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Украина цврсто на патот кон ЕУ: Во услови на брутална агресија, под постојан напад врз цивилите – првиот кластер во пристапните преговори е отворен

June 17, 2026
European Union, 2023 - Source: EP - Laia Ros

Меѓу домашните слабости и европските преседани: Што навистина значи извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија?

June 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

Во време кога вистината е под опсада, а дезинформациите ја еродираат јавната доверба, одбраната на демократијата започнува со јасност, храброст и солидарност. Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Бојното поле на вистината“ во Скопје собра парламентарци од цела Европа, лидери на мислата, новинари и застапници за човековите права од цела Европа и пошироко, за да се соочат со хибридните закани и да го потврдат моралниот и стратешкиот императив за одбрана на самата вистина.

October 14, 2025 21:15
in ДЕМОКРАТИЈА, ЕДИТОРИЈАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала 

Во ера кога манипулацијата и лажните наративи се шират побрзо од фактите, линијата помеѓу слободата и контролата – помеѓу демократијата и авторитаризмот – се прецртува секојдневно. Добро е познато дека хибридната војна не е ограничена само на бојното поле.

А првата мета на хибридните воени операции се фактите на реалноста. Оваа војна се води преку дезинформации, пропаганда, сајбер напади и извртување на вистината – во нашите медиуми, нашата политика, нашите училишта, нашите институции, и секако, во нашите приватни животи – влегувајќи во нашите дневни соби преку нашите телевизиски екрани, појавувајќи се на нашите дланки, на нашите мобилни телефони. Ги обликува перцепциите, поттикнува поделби и ја еродира довербата – самата основа врз која се потпираат демократските општества.

Во текот на три дена минатата недела, Скопје стана место за средба на гласови на разумот, отпорност и солидарност. Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржа од 8-10 октомври 2025 година, собра истакнати новинари, креатори на политики, дипломати, лидери на граѓанското општество и академици од цела Европа, Украина, Западен Балкан и САД.

Организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода, кој беше и домаќин, во партнерство со основачите на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата – Нов европски форум на народите (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – како и водечките партнери од програмата Вестминстерска алијанса за Украина – истакнатиот Centro Studi Internazionali (Италија) и Асоцијацијата Жан Моне (Франција) – конференцијата се осврна на најитните закани за демократијата, слободата на медиумите и мирот– и истражи стратегии за зајакнување на демократската отпорност.

Конференцијата започна со сесии за градење сценарија и прес-конференции, по што следеше високопрофилната панел дискусија пренесувана во живо „Борбата на Украина – Иднината на Европа, нашата заедничка реалност: Лекции и следни чекори“. Истакнати учесници – пратеници, лидери на мислата, претставници на медиумите и граѓанското општество – од Германија, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Украина, Холандија, Унгарија и САД споделија сознанија за тоа како самата вистина станала линија на фронтот во современото војување – и како нејзината одбрана претставува не само морална должност, туку и стратешки императив за демократиите ширум светот.

Во текот на три интензивни дена — со истакнати лидери на мислата, медиумски професионалци и претставници на граѓанското општество од Северна Македонија, кои активно учествуваа во текот на вториот и третиот ден — учесниците се вклучија во панел дискусии пренесувани во живо, работилници зад затворени врати и колаборативно планирање. Тие ги разгледаа механизмите на хибридните операции на влијание, еродирањето на јавната доверба и итната потреба од координирана демократска акција. На сесиите, исто така, беа презентирани и првичните наоди од проектот „Демократски навигатор“, што кулминираше со заеднички изјави и стратешки препораки за заштита на демократскиот интегритет и зајакнување на солидарноста со Украина.

Конференцијата потврди едноставна, но моќна вистина: Демократијата мора да се заштити преку координирана акција, солидарност и непоколеблива посветеност на вистината.

ЦИВИЛ и неговите партнери изразуваат длабока благодарност до сите говорници, панелисти и учесници, чии придонеси ја претворија оваа средба во динамична размена на знаење, инспирација и храброст. Исто така, упатуваме најдлабока благодарност до Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, чија поддршка преку проектот „Демократски навигатор“ го овозможи овој настан.

Оваа конференција означува уште една значајна пресвртница во нашето колективно патување — патување кое продолжува преку јавни дебати, колаборативно истражувања и меѓународно застапување под знамето на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата.

Мала земја на Западен Балкан, како што е Северна Македонија — предизвикана од авторитарни тенденции и континуирани хибридни воени операции и немилосрдна руска пропаганда — навистина е бојно поле кое треба да издржи и да биде дел од одбранбената мрежа на европскиот континент. Заслужува да се смета за важен сојузник во одбраната на демократијата и човековите права во Европа и пошироко. Успесите во нашите заеднички напори можат и треба да послужат како модел за градење отпорна демократија на друго места.

Заедно, стоиме обединети: За вистината. За дејствувањето. За демократијата.

Превод од англиски: Н. Цветковска


Thank You for Standing for Truth and Democracy

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ