• Latest

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025 14:22
in АКЦЕНТ, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Многу е добро да се мисли глобално, а да се делува локално. Ја поздравувам тезата дека  Република Северна Македонија е дел од фронт на борба со авторитарни режими кои ја напаѓаат демократијата во западниот свет, и дека ние треба да си ја одработиме нашата работа. И секако дека во Северна Македонија има влијанија од  светските случувања, вели Џелал Хоџиќ, лидер на СДА Македонија и колумнист, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – „Демократско назадување: Импликации и последици“.

Јас би додал дека, демократијата, освен право, значи и одговорност, буквално за сите чинители, и за граѓаните, и за невладините организации, посебно за медиумите, политичките партии, но секако и за институциите и политичкиот систем.

Мојата теза е дека Република Северна Македонија е во голема општествена криза, која во себе содржи повеќе кризи. Едната е демократската криза наспроти клиентелизмот, сведоци сме дека се менуваат процесите, но јас клиентелизмот не би го фокусирал толку во притисокот на членството на партиите да се вработуваат во институцијата. Одговорно тврдам дека младите веќе немаат големи амбиции да работат во јавниот сектор.

Сметам дека клиентелизмот во нашиот пример можеме да го ставиме во крупниот капитал, кој има потреба власта да му испорача, да си ги задржи монополите – односно да не им паднат монополите во однос на демократизацијата на нашето општество и нашето членство во ЕУ и отворениот пазар.

Според Хоџиќ, Северна Македонија е влезена во уште еден циклус на самоизолација, со стопирање на европскиот пат кој значи и поддршка за развој на нашите институции во однос на демократијата, и да бидат сервис на граѓаните. Тој смета дек институциите не се реално во служба на граѓаните.

Хоџиќ се осврна на трите популистички балони , врз кои работи сегашната власт.

Два од тие популистички балони се пукнати, и за жал, недостатокот на демократска култура не воведува во опасна ситуација. Првиот популистички балон кој пукна е тоа дека сегашната власт а тогашната опозиција, зборуваше дека никогаш нема да го употребува зборот „Северна“. Зборуваше дека Преспанскиот договор е предавство и дека нуди одземање на идентитетот на етничките Македонци кои живеат тука. Гледаме дека и премиерот и претседателката, редовно го користат зборот „Северна“, а одговорност кон своите гласачи, во однос на поттикнување на нивните ниски страсти и играа на карта на популизам – не гледам, вели Хоџиќ.

Хоџиќ посочи дека третиот популистички балон на власта е нарушување на меѓуетничките односи, за кој, доколку „пукне“, вели дека ќе има големи последици  во општеството, токму поради мултиетничката структура на населението.

Во демократија, одговорноста е и на граѓаните кога гласаат, но значи и одговорност и на политичарите по одредени постапки. Ќе ве потсетам дека после Кочани, во кое загинаа над 60 деца, ние се уште имаме министер за внатрешни работи, кој не понесе морална одговорност. Во нормална демократска држава, министер за внатрешни работи ќе си понесеше морална одговорност, ќе завршеа без проблем процесите во обвинителствата , вели Хоџиќ.

За крај, Хоџиќ посочи – ние сега зборуваме за одбрана на демократијата, додека министерот за внатрешни работи не понесе морална одговорност за смртта на над 60 деца.

 

Д. Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија:  Б. Јордановска /ЦИВИЛ


Панелот е дел од меѓународната конференција “Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, како дел од проектот „Демократски навигатор“, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ