• Latest

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

October 21, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

Како што можеше да се претпостави, и српските владејачки кругови, како и нашиве, си имаат потреба да имаат своја верна финансиска институција. И си најдоа – во рамките на својата симбиоза на моделот на владеење. Добро е кога таа релација би била следена и на финансиски план. Белград ја билда Алта банка за да го надмине рахитичното салдо и во тоа успева, по што со успех заврши пенетрацијата на истата банка на наше тло (во повторен обид).

October 21, 2025 09:18
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА, ИСТРАЖУВАЊА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ

Две важни работи се случија со малата Алта банка од Србија по последното објавување на текстот за неа во ЦИВИЛ. Поводот го знаеме – Комисијата за хартии од вредност не ја прифати понудата на оваа банка во првиот обид да ја преземе Стопанска банка – Битола. А според објавата во ЦИВИЛ – од втор пат – истото тело не нашло причина да не ја прифати истата, откако за таа солуција се одлучиле сопствениците на акциите во неа.

Новост е фактот дека српските власти ѝ дале незамисливи привилегии на Алта банка, буквално на државна сметка, па така таа со два отсто (2%) од севкупниот промет во земјата – во рекордно време – треба да го набилда салдото. Така, сега секој потрошувач на струја кај северниот сосед мора сметката за потрошените киловати да ја плати преку Алта банка! Следното дување во грбот се бележи во фактот дека сега секоја полициска станица може да отвори шалтер на истата банка, значи, давајќи ѝ државен (јавен) простор таа да добие муштерии и во најзафрлените места во земјата.

АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Примерот со Поштенска штедилница и Еуростандард банка кај нас

Ние имаме едно сеќавање на сличен настан кога некој (!) сакаше да му помогне на Трифун Костовски и неговата Еуростандард банка, основана во октомври 2001 година, со тоа што му ја даде Поштенска штедилница во јануари 2014 година. Така, еден од најмоќните луѓе во земјава, доби преку 300 места од каде граѓаните си ги плаќаа најчесто своите сметки без да одат во тогашните турканици во банките. Голем подарок за моќниот Трифун! Обично, тоа беа места каде се плаќаа сметки за комуналии и провизијата беше скромна. Сѐ додека не дојде до промена на сопственикот на шалтерите. Процедурата се искомплицира, бидејќи муштеријата мораше за да пополнува уплатница на Еуростандард банка, а некако и висината на услугата нагло скокна! Оштетена секако беше Поштата како јавна установа, бидејќи, изгуби една важна супсидијарна дејност или се овозможи лесно прелевање на прометот кон друг субјект кој, за волја на вистината, комплетно пропадна во август 2020 година! Оваа финансиска „инјекција“ не ѝ помогна на Еуростандард банка, ама на нашата Пошта ептен ѝ одмогна во нејзината консолидација.

Во српските медиуми – секако не во провладините, што се мнозински на пазарот – осамна дилемата дали во современа економија е исправно тоа што граѓаните – наместо онаму каде што сакаат да ги плаќаат сметките за струја – ќе треба да одат само на шалтерите на Алта банка. Дури и ако граѓаните веќе дале налог на своја банка за плаќање на сите нивни сметки по електронски пат (современ модел), тие банки – наместо кон српското електростопанство (Електропривреда Србије – ЕПС), односно кон сметката на Народна банка на Србија (трезорот) – парите ќе ги испраќаат кон Алта банка. Уредникот Милан Ќулибрк од неделникот „Радар“ пресметал дека „ЕПС и граѓаните се во минус, а банка блиска до СНС е во плус за 15 милиони евра годишно“.

ИЗВОР НА ПРИХОДИ Се зема од државна фирма за да се даде на „ортачки“ сопственик

Во ликот на Давор Мацура се огледува новата српска елита

Споменатиот уредник на економската рубрика во неделникот вели дека со оваа нова практика „приходите на ЕПС ќе бидат намалени за неговата провизија, така што она што граѓаните не го плаќаат на мостот ќе се плаќа на „ќуприја“. Единствениот што ќе профитира е Давор Мацура, член на новата бизнис елита, која порасна за време на владеењето на СНС. А потрошувачите ќе се соочат со ново зголемување на цената на електричната енергија од седум проценти веќе на есен“.

ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Јасно, кадрите кои го водат ЕПС што е под диригентската палка на Александар Вучиќ веднаш се јавија дека за нив нема да има последици како и за потрошувачите и дека за нив секое поинакво тврдење е уште една политичка забелешка насочена против ЕПС, а индиректно против нејзиниот сопственик – државата.

„За чудо, тие не ги протолкуваа критиките против нив како уште еден напад врз претседателот на земјата, Александар Вучиќ, иако не е предоцна за тоа. Особено што најновото соопштение сигурно нема да ја запре лавината, која ЕПС ја започна со објавувањето дека од следниот месец граѓаните повеќе нема да ги плаќаат сметките за струја на сметката на ЕПС во Трезорот на Србија, туку преку сметката на приватна, поранешна државна банка Јубмес, која пред четири години, во јули 2021 година, ја купи Давор Мацура. Истиот дотогаш беше познат како сопственик на синџирот менувачници преку неговата компанија „Алта Пеј“ – одговара Ќулибрк. Според новинарот, јасно е дека со еден потег на државата една приватна банка добива приход поголем за 15 милиони евра годишно. Ја кажува и методологијата. Провизијата е 50 српски динари, а броила во Србија има три милиони во Србија. Ете ги тие 15,3 милиони евра. Давор Мацура ни лук јадел, ниту лук мирисал, а ете, преку ноќ заработил огромни пари, без ништо да вложува! За толку е „дрпната“ ЕПС.

И Горан Радосављевиќ, професор по јавни финансии и директор на Институтот ФЕФА, предупредува дека префрлањето на плаќањата за електрична енергија од трезорската сметка на НБС на сметката во Алта банка може да има значителни последици и за граѓаните и за ЕПС.

ГОРАН РАДОСАВЉЕВИЌ Професорот по јавни финансии се чуди на начинот на кој се форсира Мацурината банка

„Овој потег потенцијално воведува дополнителни трошоци за граѓаните, бидејќи плаќањето сметки на деловна банкарска сметка обично вклучува провизија, за разлика од претходниот систем во кој плаќањата преку пошта, е-администрација или одредени банки беа бесплатни или со минимални трошоци. Според важечките тарифи за надоместоци за физички лица на Алта банка, на шалтерот на банката се наплаќа налог за трансфер на сметки на правни лица за околу 50 динари. Од друга страна, според податоците на ЕПС од 2024 година, во Србија има 3.370.299 домаќинства (со месечни сметки) чија просечна потрошувачка е 322 KWh или околу 4.000 динари по сметка. Ако се земе провизија од 50 динари на годишно ниво, банката би наплатила провизија од околу две милијарди динари. Тоа е, за споредба, дури 40 проценти од минатогодишните приходи на Алта банка“, вели Радосављевиќ.

Има „пумпање“, ама тоа нема врска со познатиот студентски лозунг

Тој извор објаснува дека засега граѓаните се ставени пред проблем – банката што, да повториме, ја презема Стопанска банка – Битола – во Србија има само 6 филијали во Белград и осум во останатиот дел од земјата!

„Во исто време, оперативните трошоци на ЕПС може да се зголемат, бидејќи сега мора да плаќа провизија на банката за обработка на плаќањата, што не беше случај кога средствата одеа низ државната каса. Дури и ако тоа не се случи, Алта банка сигурно ќе наплаќа различни провизии за трансакциите на плаќање на ЕПС, кои според сегашните тарифи, изнесуваат најмалку 2,3 милиони евра годишно. Со оглед на тоа што приходите се околу 42 милиони евра, пумпањето релативно голема сума пари во таа банка ќе доведе до зголемување на нејзината вредност“, нагласува Радосављевиќ. На крајот, тој вели дека одлуката на ЕПС може да предизвика сомнежи дека одредена банка е фаворизирана и да укаже на потенцијално нетранспарентно управување со јавните приходи.

„Имено, не е јасно зошто ЕПС не нуди можност за плаќање сметки преку сите сметки што ги има кај други банки. На овој начин би се зголемила конкуренцијата меѓу банките, кои би се натпреварувале за клиентите со намалување на надоместоците за плаќање сметки, а потрошувачите би можеле сами да изберат преку која банка ќе ги плаќаат сметките“, заклучува Радосављевиќ.

Инаку, струјата во Србија треба да е веќе покачена за седум отсто, а за тоа нема официјално соопштение. Но затоа имало еден вид на информација на ММФ, па се дознало, а потрошувачот ќе мора да ја плати зголемената сметка, се разбира, преку Алта банка. Помалку пари во паричникот на граѓаните, повеќе на сметка на Мацура.

Друмски грабеж на 21 век

Ова што се случува со српската, а и со – веќе дозволуваме – и нашата банка, неделникот „Радар“ го нарекува „друмски грабеж на 21 век“. И се додава дека ова се случува затоа што сегашната влада го доживува Мацура како „свој банкар“, и покрај фактот дека оваа банка им одобрува кредити на клиентите – локални бизниси и граѓани – со просечна каматна стапка значително повисока од повеќето банки што работат во Србија (!).  И се додава дека сето ова „се вклопува во средина во која, по правило, профитира приватна компанија или банка, на штета на некоја државна компанија или институција“. Тука мора да се додаде дека ЕПС формално е акционерско друштво (повеќе не е јавно друштво), дури и не била должна да ја избере банката што ќе ѝ понуди најдобри услови, ама морала белким да добие нешто за себе на друга страна. Соговорник на „Радар“ вели дека „е неверојатно најголемата локална компанија да ѝ довери таква работа на банка со таков углед, а патем, една од најмалите во Србија“.

Не дека овие ситуации околу методот на кој државата третира една одбрана банка е битен за да го објасниме феноменот Алта банка и за нас, кога веќе ни влезе во дворот. Или не може да не се изначудиме за тоа колку е тоа минорна финансиска институција и тоа според официјална проценка на Народната банка на Србија.

Така, банката Интеса има 8,5 пати, ОТП 7,5 пати, Рајфајзен и Уникредит речиси шест, АИК банка пет и пол, а НЛБ Комерцијална пет пати поголема билансна актива од Алта банка. Според овој критериум, државната Поштанска штедионица е 4,3 пати е поголема од Алта банка, а само АПИ, Адико, Банка на Кина, Адриатик, Џетел, Мирабанк и 3 Банка, поранешната Опортјунити Банка, имаат помала билансна актива. Да забележиме – последните од списокот не се малку на број банки, но тоа е еден вид мерење на „џуџиња“!

Колку овој потег на државата – да се плаќаат сметките за струја преку приватна банка, а не преку државна (трезорот на НБС) е плодоносно? Мерено со лани, нејзиниот вкупен нето приход од работењето се зголемил од 25,5 на 42,7 милиони евра.

Од друга страна, финансиите на српското електростопанство (ЕПС) се друга приказна. Имаат сосема поинаков тренд. Компанијата остварила највисока нето добивка од речиси 960 милиони евра во 2023 година, кога новиот директор Мирослав Томашевиќ за релативно кратко време успеал да ги исправи сите грешки и загуби на неговиот претходник, Милорад Грчиќ. Се сеќавате на онаа прекорна реченица од Вучиќ до него по една хаварија на системот: „А сега ти Миќо, да си најдеш нова работа“. Истиот е инаку под истрага, ама таа многу долго трае!

Како и да е, актуелната власт го разрешила Томашевиќ веројатно со намера да добие послушник, а не способен генерален директор. Новајлијата, Душан Живковиќ лани ја намалил добивката за 208 милиони евра, а тој тренд продолжил и годинава.

Ако сега се споредат трендовите на ЕПС и Алта банка излегува според народната поговорка „ако некому не му се стемни, на друг нема да му светне“!

Договорот со Кинезите е стар веќе две години!

Пред Алта Банка, друга фирма од сопственикот Мацура – Алта Пеј во ноември 2023 година склучи профитабилен договор со ЕПС, исто така без тендер. Порталот N1 објави дека ЕПС ја ангажирал Алта Пеј како посредник за електронско плаќање сметки за електрична енергија преку веб-страницата на таа државна компанија и за апликацијата „Увид во сметката“. Дополнително, N1 наведува дека ЕПС ѝ претставил на Алта Пеј програма која носи приход од 28,77 динари по трансакција преку апликацијата. Во тоа време, апликацијата „Увид во сметката“ имала 720.000 корисници, и доколку секој од нив ја плаќал сметката на ЕПС, тоа би ѝ донело на компанијата на Мацура годишен приход од нешто повеќе од два милиони евра.

И сега доаѓаме до круната која Мацура ќе ја стави на главата. Имено, империјата на Мацура доби од државата ексклузивно право да гради хотел за потребите на ЕКСПО 2027. Интересите на македонската страна само се наѕираат во тоа што потврдивме учество на таа светска манифестација, имаме свој претставник (да не речеме амбасадор) за истата, а Владата на Христијан Мицкоски склучи договор вреден 1,7 милиони евра за саемското претставување на земјава. Тендерот го доби здружението „Јавна соба“, чиј претседател е Александар Велиновски, три месеци пред почетокот на кампањата за локални избори. Но тоа е друга приказна.

Да се вратиме на скандалот со Алта банка.

Фактот што Алта Груп, во која спаѓаат Алта Банк (има ексклузивно право да ги има своите шалтери лоцирани во полициските станици низ цела Србија), Алта Пеј и некои други компании, учествувале во неколку државни проекти, исто така, придонесе за подемот на бизнис империјата на Мацура. Покрај сето тоа, неодамна доби стимул од државната каса за изградба, реконструкција и проширување на хотел во Белград за потребите на „Експо 2027“, откри Форбс Србија. Имено, политичкиот врв на Србија го исклучи проектот ЕКСПО 2027 од Законот за јавни набавки (!) и си ги одврза рацете како ќе ги бира изведувачите. Така, Мацура практично и нема конкуренција во овој бизнис, а најмногу ќе добијат Кинезите преку Power Constructuion Corporation of China која веќе е вмешана во низа сомнителни зделки уште од 2023 година.

ИСКЛУЧОК Политичкиот врв на Србија го исклучи проектот ЕКСПО 2027 од Законот за јавни набавки (!)

Кумовската врска под лупа на Европска банка

Сепак, приказната не завршува тука, бидејќи Мацура е и сопственик на компанијата ABL Solvent, преку која го купи деловниот комплекс IMT во Нов Белград пред три и пол години за околу 70,6 милиони евра. Но ова со бизнисот со хотелот ја открива целта на владејачката екита – набилданата банка да биде основа на која ќе се потпира изградбата на ЕКСПО и каде ќе се таложи „кусурот“, добивката на која ќе се радуваат посветените на овој иден бизнис.

Неделникот „Радар“ во неколку наврати пишуваше за врските на Мацура со луѓе од врвот на СНС, но и со Никола Петровиќ, кумот на претседателот на Србија, на кого, преку компанијата „Даница Парк“, му продал две парцели земјиште во Дедиње, до кои луксузни вили градат уште двајца контроверзни бизнисмени, Звонко Веселиновиќ и Милан Радоичиќ. Во исто време, токму Мацура во еден период бил инвеститор во изградба на вили на земјиште во сопственост на сопругите на Радоичиќ и Веселиновиќ.

Единственото нешто во што досега не успеал Мацура е напорот да стане мнозински или барем најголем поединечен сопственик на австриската банка „Адико“ и со тоа да влезе на пазарот на Европската Унија. Тој не сметал на острата реакција на Европската централна банка, која го суспендира правото на глас на „Алта Пеј“ поради сомневање дека ги купиле акциите на банката преку поврзани лица на нетранспарентен начин, без валидни процедури. Веројатно би се извлекол со тоа во Србија, но не и во ЕУ. Таму, законите се поважни од личните врски со луѓе од државата и врвот на СНС. Австриската агенција за надзор на финансискиот пазар воведе санкции на неговата Алта Пеј компанија во 2024 година.

Е сега, само се поставува прашањето – дали овие акционери што климнале со главата, а се клучните од Стопанска банка – Битола се свесни што ќе значи фактот дека и Австрија, преку Европската банка и ЕУ во целина, ќе имаат отпор кон бизнисот што од Битола ќе треба да се врши кон белиот свет? Кога веќе нели подпелистерците станаа белграѓани!? Го имала ли предвид македонската Комисија за хартии од вредност тој момент со европските оценки за Алта банка? Или гувернерот на Народна банка на РСМ, Трајко Славески? Дали намерата за влез во земјава ја има и таа цел – да се камуфлираат некои процеси од финансиите на проектите на Вучиќ и неговата екипа? Особено околу ЕКСПО, каде што треба да дојде кинески капитал, кој нема да биде под лупа на западните опсервери. Индикативно е дека Мацура смета дека влезот во Северна Македонија значи негова „проширена европска перспектива“. На пресот по преземањето на Стопанска банка – Битола тој изјавил:

„Аквизицијата на Стопанска банка – Битола претставува, од една страна пресвртница во консолидацијата на регионалниот банкарски сектор, а од друга страна, важен темел за европската перспектива на нашата групација. Двете банки ги соединува цврста традиција, докажан интегритет и стабилно работење. Со влегувањето на Стопанска банка во системот на финансиските институции на АЛТА Груп градиме нова димензија на банкарството заснована на достапност, доверба и технолошка супериорност“, изјави Давор Мацура, претседател на Управниот одбор на АЛТА банка и сопственик на АЛТА Груп, објави Нетпрес, медиум близок до овдешната власт.

Тоа го кажува банкар кој го добил софтверот на ЕПС „на муфте“ и кој секако нема да може да смета на никаква европска перспектива во иднина, а кој знае и што тоа значи за Стопанска банка – Битола. Веројатно ќе биде исто!

Каде е тука македонската сметка?

Па земјава ја чека напливот на британски фунти, во износи со многу повеќе од шест нули. Само да поминат локалните избори и сѐ ќе излезе на виделина, од условите за кредити, па сѐ до прашањето за прифатилиштата за мигрантите! Патем и Британија нашиве „планери“ можеби ја избрале само затоа што таа – после Брегзит – не е во ЕУ!

А вработените во Стопанска банка – Битола отсега натаму – може да се предвиди – може да имаат поголем обрт. Оние кои ја презедоа тоа и го имале во план а се надевале дека опсервацијата за нив тука ќе биде „под ладовина“.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ