Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, објави пост на Х за руското гранатирање на Кијивската област кое го одзеде животот на едно бебе, 12-год. дете и мајка.
Секој го избира својот пат за да му се спротивстави на злото – некој ја поддржува Украина во нејзината борба против рф убијци, некој молчи, а некој им се придружува на богослужбите на РПЦ, објави амбасадорката на Х.
рф гранатирање на Кијивската област го одзеде животот на едно бебе, 12-год. дете и мајка.
Секој го избира својот пат за да му се спротивстави на злото – некој ја поддржува 🇺🇦 во нејзината борба против рф убијци, некој молчи, а некој им се придружува на богослужбите на РПЦ. pic.twitter.com/bWSyGw8Ky6— Larysa Dir (@dir_larysa) October 22, 2025
Во друг пост, амбасадорката Дир објави за рускиот напад врз детска градинка во Харкив.
Ексцес на војната???!!! Руски варвари, напиша Дир.
Руско нападение врз детска градинка во Харкив. Ексцес на војната???!!! Руски варвари. pic.twitter.com/0ab0OZmxYB
— Larysa Dir (@dir_larysa) October 22, 2025
Д. Мишев