• Latest

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

во првиот круг ги верифицираат мандатите

October 29, 2025 18:40
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Остануваат уште три дена до гласањето в недела на 2 ноември, кога во 33 општини ќе се бираат градоначалници во вториот круг од локалните избори, додека во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Засилена активност на терен и во медиумите и социјалните мрежи на кандидатите и партиите во потрага по гласови за победа во изборната трка. Се прават разни комбинаторики и договори за гласови и краткорочни коалиција.

Зајкова со поддршка на Герасимовски за втор градоначалнички мандат

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар, стои во соопштението на кандидатот на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Поддршка од Касами за независниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќура

Претседателот на движењето БЕСА Билал Касами денеска од Струга му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, Менди Ќура.

Мицкоски во Дебрца: Очекувам изборната трка да заврши со фантастична бројка од 60 градоначалнички мандати

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во дебрчкото село Волино порача дека очекува изборната трка за Локалните избори да заврши со „фантастична бројка од обезбедени 60 градоначалнички мандати“.

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

Уредување на просторот околу комплексот згради на булеварот „Октомвриска револуција“, зачувување на зеленилото, подобрување на инфраструктурата, вети кандидатот за градоначалник на Куманово и лидер на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Лабудовиќ : Со Бујар Дулови и еснафот имаме јасен концепт – ја враќаме енергијата и животот во Старата скопска чаршија

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ денеска беше во Старата скопска чаршија каде се сретна со еснафот кој тука работи и функционира и имаше срдечни средби и разговори со повеќе сопственици на занаетчиски дуќани.

Трајановски најави поддршка на млади претприемачи

Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром, пишува во денешното соопштение на СДСМ – Аеродром од изјава за медиуми на д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на оваа општина

Митески: Целосно ќе се реконструира улицата ,,Симеон Кавракиров“ во Мичурин

Подобрата инфраструктура не е само асфалт – таа е темелот на уреден, функционален и безбеден сообраќај во Аеродром. Со таа визија, ја најавуваме целосната реконструкција на улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин, каде што ќе се изврши обнова на коловозот и тротоарите

Костадинов: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Костадинов истакна носење на урбанистички планови за градот и население места, продолжување на комплетно бесплатните градинки во општината, стипендирање на учениците, средношколците и маргинализираните групи.

Герасимовски: Обезбедуваме 200 канти за отпад од домашни миленици со бесплатни кесички

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар.

ВЕРИФИЦИРАНИ МАНДАТИ

Виктор Паунов го почнува вториот градоначалнички мандат во Општина Карбинци

Градоначалникот на Општина Карбинци Виктор Паунов и новоизбраните советници во Советот на  Општина Карбинци денеска ги добија уверенијата за четиригодишниот мандат 2025–2029.

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски

Бобан Стефковски преку својот профил на Фејсбук соопшти дека денеска Општинската изборна комисија Гази Баба му го врачила уверението за неговиот избор за градоначалник на Општина Гази Баба во втор мандат.

Конституиран Советот на општина Струмица

Во Струмица денеска беше одржана првата седница на новиот Совет на Општината, на која мнозинството советници за претседател го избраа Никола Маџунков од ВМРО-ДПМНЕ и коалиција

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Во Делчево се одржа примопредавање на градоначалничката функција

Примопредавањето се одржа во достоинствена атмосфера во која се разговараше за актуелните и идните проекти, а двајцата градоначалници го потврдија значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните. При тоа беа потпишани записниците за примопредавање, со што новиот градоначалник официјално ја презеде функцијата и одговорноста за раководење со Општината.

Новиот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски и советниците ги добија уверенијата од ОИК

Општинската изборна комисија денеска им ги врачи уверенијата на новоизбраниот градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски и на новите 27 советници.

Подготви: М. Д. 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ