• Latest

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025 11:56
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕСТАН ЈОНУЗИ / Фронтлајн

Изет Меџити – еден од лидерите на ВЛЕН посочи дека кај политичкиот субјект ДУИ (Национална алијанса за интеграција) веќе се случуваат процеси на распаѓање, откако според него очекувањата за поголем резултат по заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата ВЛЕН не се остварија.

„Процесот веќе започна, бидејќи во ДУИ (НАИ) не го очекуваа овој резултат… Сега кај нив нема чувство на пораз, туку чувство на изгубена надеж“, изјави Меџити.

Според него, НАИ погрешно сметале дека по „раскинувањето“ со Таравари ќе ја задржи големината на изборните позиции, но анкетираната поддршка веќе се движи кон ВЛЕН – што, според Меџити, означува дека „НАИ ќе се распадне и ќе има нови политички движења“.

„За жал, по овој тежок пораз, мислам дека ДУИ оди по патот на феноменот ПДП – во слободен пад“, рече Меџити.

Меџити, не ја исклучи можноста дел од политичарите на НАИ да станат дел од Владата. Тој потврди дека постои комуникација меѓу различни политички страни и дека моментално „политичката сцена е целосно измешана“.

„Не негирам. Може и да биде“, изјави Меџити, одговарајќи на прашањето дали има разговори за влез на луѓе од НАИ во Владата.

Тој додаде дека во политичкиот блок имало многу турбуленции пред да се формираат двата главни табора, и најави дека процесите сè уште не се завршени:

„Комуницираме. Политичката сцена е толку измешана, имаше многу турбуленции додека се формираа двата табора. И мислам дека ќе има уште турбуленции“.

Од друга страна, Зијадин Села, остро реагираше на изјавата на Изет Меџити, кој претходно изјави дека политичари од НАИ би можеле да станат дел од Владата и дека постои комуникација меѓу политичките страни.

Во објава на својот профил на Фејсбук, Села категорично одби дека има било каква комуникација со Меџити и порача дека никогаш нема да биде дел од оние кои сакаат да ги поништат правата на Албанците.

Тој додаде дека успехот во политиката го мери според тоа колку придонел Албанците да бидат порамноправни, а не според власта или позициите.

„Ќе имаме работа заедно во парламентот со вас и со ВМРО. Како и секогаш – власта од едната страна, а јас од другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице“!

Фронтлајн, од доверливи партиски извори блиски до Зијадин Села, дознава дека и покрај правната битка за зачувување на Алијансата за Албанците, тој работи на консолидирање на нов субјект со името „Албански сојуз“ со цел да има правна основа за следните избори за кандидатури и други правни предности што ги имаат политичките субјекти. Но, истиот извор додава дека патот и понатаму продолжува со Националната Алијанса за Интеграција.

Според официјални податоци од Централниот регистар, новата партија „Албански сојуз“ е формирана на 3-ти септември 2025 година, со седиште во скопската населба Чаир, а Таравари останува во епицентарот на контроверзии околу управувањето и легалитетот на Алијансата за Албанците.

Иако новоформираниот политички субјект се претставува како техничка операција за користење на законски можности, јасно е дека расколот во Алијансата продолжува да ја разединува партијата. Изворите блиски до Села нагласуваат дека Таравари и неговите соработници покажале неконзистентност и недостиг на визија, што резултираше со повторно судско разгледување за легалитетот на печатот на АА.

Додека Села инсистира дека Алијансата за Албанците останува единствена и легална под негово водство, Таравари пак, јавно посакуваше „успех и здравје“ на новата партија и избегнува директна конфронтација, што според аналитичарите, открива стратегија на избегнување одговорност и маневрирање за лична политичка корист.

Континуираното судско враќање на предметите за печатот и брендот на АА покажува дека Таравари не се откажува од својот дел во партијата, но истовремено не обезбедува стабилност и јасност, оставајќи простор за нови кризи и фракционирање.

Арбен Таравари на локалните избори повторно покажа дека нема контрола дури ни врз сопствената структура. Коалицијата со ДУИ под силата на Националата Алијанса за Интеграција му донесе порази на кандидатите што ги предложи во Сарај и Теарце. Во Гостивар и Врапчиште не се постигна цензус, па ќе се повтори целосното гласање.

Очигледно е дека стратегијата на Таравари не функционира и ја поткопува довербата на гласачите. Неговиот личен политички проект не може да обезбеди стабилност ниту успех.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ