• Latest
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

Поблизок поглед кон наративот на премиерот Христијан Мицкоски по објавувањето на Извештајот за напредок на Европската комисија за Северна Македонија 2025 – и ризиците што тој ги носи за демократската кохезија.

November 8, 2025 13:38
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Контекст: Оваа анализа претставува вонредно издание на Извештајот за рано предупредување на ЦИВИЛ, подготвена како реакција на изјавите и ставовите на владата по објавувањето на Извештајот за напредок на Европската комисија за Северна Македонија 2025. Таа има цел да укаже на појавувачки наративи кои можат да влијаат врз демократскиот дискурс, јавната доверба и процесот на европска интеграција на земјата.

 

ЏАБИР ДЕРАЛА
Во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридните закани
Наслов на оригиналот: “We’re Far Ahead of Albania” — Why This Claim by PM Mickoski Matters in North Macedonia’s EU Story, CIVIL Today

Кога Христијан Мицкоски, премиер на Северна Македонија, рече дека „ние сме далеку пред Албанија на патот кон ЕУ“ како реакција на најновиот извештај за напредок од Европската комисија, изјавата можеби изгледаше како обична демонстрација на национална гордост. Но, при подлабока анализа, ќе дојдеме до заклучок дека станува збор за стратешки маневар со наратив кој има потенцијал да предизвика: пренасочување на вниманието од реформските слабости на неговата влада, претставување на процесот на пристапување во ЕУ како натпревар, наместо како соработка, и зголемување на ризикот од националистички и анти-ЕУ дискурс.

Премиерот Мицкоски не се осврна на содржината на извештајот, туку се фокусираше на тоа дали други земји се „пред“ Северна Македонија — како натпреварувањето во табела со рангирање да може да ја замени суштинската реформа. Тој изјави:

„Ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија“, изјави Мицкоски, пренесе Фронтлајн.

Оваа изјава ја прикажува Северна Македонија како очигледно супериорна во однос на една соседните земји на патот кон ЕУ – и, повторно, целосно ја игнорира суштинската тема: Извештајот за напредок на Европската комисија.

Одвлекување на вниманието од реформските слабости

Владата е конзистентно критикувана за слабите резултати во повеќе клучни реформски кластери – независноста на судството, јавната администрација, внатрешниот пазар, земјоделството и управувањето со структурните инструменти. Слободата на медиумите исто така е негативно оценета, што укажува на зголемен политички притисок и ограничен плурализам. Најновиот извештај на Европската комисија нагласува бројни области во кои напредокот останува само „умерено подготвен“ или каде што воопшто нема напредок.

Со прогласување на „предност“ во однос на другите, владата го пренасочува јавниот дискурс од сопствените резултати („ние сме подобри од нив“) кон споредбени игри кои ја одвлекуваат дебатата од суштинската реформа.

Етничката димензија на наративот на Мицкоски

Изјавата го претвора процесот на пристапување во натпревар на национален престиж. Таквата логика на „табела“ – Ние сме пред Албанија – создава или самозадоволство („ние водиме“), или фрустрација („ние сме пред, а сепак сме блокирани“), а и двете ја поткопуваат сериозноста на реформите. Но и повеќе од тоа.

Во мултиетничка земја каде што околу 25 % од населението се етнички Албанци, а околу 10 % припаѓаат на други малцинства, ваквите споредби неизбежно ги допираат идентитетските чувствителности. Наративот поттикнува чувство на мнозинска гордост – суптилен став „ние сме подобри“ врз етничка основа – кој ризикува да ја засени општествената кохезија и да ги маргинализира немнозинските заедници. Наместо разговор за добро владеење и реформи, се создава рефлексија на националното его.

Недоверба кон ЕУ и расцеп

Ако јавноста ја прифати изјавата на премиерот, иако извештајот на Европската комисија не нуди никакви докази за таква предност, се создава јасен наративен јаз — кој лесно може да предизвика разочараност од Брисел. Иако анкетите покажуваат широка поддршка за членството во ЕУ (околу 70 % според Меѓународниот републикански институт – ИРИ), тие бројки ги прикриваат длабоките разлики меѓу заедниците.

За поголемиот дел од етничките Албанци, европската интеграција претставува ветување за еднаквост и модернизација; за многу етнички Македонци, пак, таа сè повеќе се гледа низ призма на идентитет, правичност и суверенитет. Кога процесот на пристапување во ЕУ се претвора во споредба со Албанија, овие перцепции се судираат: она што кај едни инспирира оптимизам, кај други предизвикува потреба за одбрана. Резултатот е не само продлабочена недоверба кон ЕУ, туку и емоционален и политички расцеп кој сè повеќе ги следи етничките линии во земјата.

Со претворањето на реформите во ривалство и политиките во гордост, владата ризикува да го сведе најтрансформативниот европски проект на уште еден фронт на идентитетска политика – одвлекување кое ја ослабува демократската отпорност и заедничката европска визија што Северна Македонија некогаш ја олицетворуваше.

Докази за јазот

Веб-страницата на Европската комисија сè уште ја наведува Северна Македонија меѓу земјите во процес на проширување со многу „клучни пресвртници“, но никаде не го поддржува тврдењето дека земјата е „пред“ Албанија. Независни анализи – како онаа на Институтот Клингендаел уште во декември 2024 – укажуваат дека, иако постојат рамки за реформи, конкретниот напредок е слаб. Слично, анализите на ЦИВИЛ – особено „Без куршуми, без граници: Освоени со наратив…“ текст објавен во септември 2025 – доаѓаат до слични, дури и поостри заклучоци, нагласувајќи дека манипулацијата со наративи и надворешните влијанија придонесуваат кон одвлекување на вниманието од неуспесите во реформската агенда. Европскиот парламент (AFET) во својата резолуција нагласува дека пристапувањето е „пред сè прашање на политичка волја“ и укажува на блокадите како што се уставните измени и билатералните прашања – а не на споредбена предност.

Со внесувањето на Албанија во овој наратив, владата го пренасочува фокусот од суштинските реформи кон емоционално „патриотско“ натпреварување – споредување на националниот статус наместо справување со реалните критериуми за членство во ЕУ.

Зошто ова треба да се смета за сигнал за рано предупредување

Кога премиерот Мицкоски тврди дека „ние сме далеку пред Албанија“, тој не изнесува само горделива изјава – туку намерно го пренасочува разговорот од суштината на реформите и трезвената проценка на Европската комисија. Бидејќи реалните реформски показатели не ја поддржуваат таа изјава, се создава наративен јаз кој отвора простор за разочараност од Европската унија.

Иако анкетите покажуваат силна општа поддршка за ЕУ, тие бројки кријат важни нијанси – како што е особено изразената проевропска ориентација на етничките Албанци. Кај етничките Македонци, пак, ентузијазмот е многу повеќе кондиционален, што остава простор за скептични или националистички наративи. Со претворањето на дискурсот во прашање на „кој е пред“, владата избегнува отчетност и ризикува да предизвика фрустрација – не само кон Брисел, туку и кај граѓаните кои чувствуваат дека ветувањето за членство се извртува.

Ризик од одвлекување: Наративот ја намалува јавната контрола и ја осуетува критиката за вистинските состојби поврзани со реформите. Пропагандна ранливост: Врамувањето со ваков наратив е совршено приспособен за надворешни влијателни кампањи — „Ние сме пред, но Брисел не’ блокира“ лесно се претвора во наратив на жртва. Ерозија на довербата: Ако граѓаните се чувствуваат измамени со споредбени тврдења, а не гледаат реални промени, довербата во ЕУ брзо ќе ослаби. Потенцијал за поларизација: Споредбеното врамување може да ги продлабочи етничките и општествените поделби, поткопувајќи ја демократската кохезија и отпорноста на општеството.

Да заклучиме, изјавата на Мицкоски дека „ние сме далеку пред Албанија“ не е само реторичка фигура – тоа е стратешки наративен зафат. Без внимателна јавна и медиумска контрола, тој ризикува да ја разводни реформската агенда и да ги отуѓи граѓаните од ЕУ и од институциите дома. Таквиот дискурс поттикнува фрустрации и отвора простор за анти-ЕУ и радикално-националистички ставови. За аналитичарите, новинарите и бранителите на демократијата, ова е момент за повторно потсетување на суштинското правило: наративот мора да одговара на реалноста, а споредбените игри не смеат да ја засенат потребата од вистински системски реформи.


Оваа публикација е подготвена во рамките на проектот Демократски навигатор. Ставовите, анализите и заклучоците изнесени во неа се единствена одговорност на авторите и се независни од официјалните позиции на донаторите и партнерите на проектот.
Tags: анти-ЕУМицкоскинационализамПрогреспропаганда
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ