Милиони Украинци трпат ниски температури и темнина по бранот руски напади врз енергетската инфраструктура, од кои саботниот напад бил „еден од најголемите директни балистички напади врз енергетски постројки“ од почетокот на војната. кои предизвикаа широко распространети прекини на електричната енергија низ целата земја, објави денес ЦИВИЛ Медиа.
Девет украински региони беа нападнати во ноќта кон сабота, според претседателот Володимир Зеленски. Според украинските локални власти, најмалку 15 цивили беа убиени од руските напади за време на викендот.
За ова, на Х се огласи украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, која во постот напиша:
Ден 1357. рф постојано ги напаѓа цивилните објекти, цинично нарекувајќи ги „воени цели“. Оштетувањето на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина. Тоа претставува грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право.
Ден 1357. рф постојано ги напаѓа цивилните објекти, цинічно нарекувајќи ги „воени цели“. Оштетувањето на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе 🇺🇦. Тоа претставува грубо прекршување на меѓународното хуманитарно право. pic.twitter.com/8m1G5nbcZV
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 11, 2025
Украинскиот претседател володимир Зеленски изјави дека Кијив работи со САД на купување дополнителни системи за противвоздушна одбрана Патриот, кои се покажале способни да пресретнуваат руски ракети.
Д. Мишев












