Првиот руски хуманоиден робот со вештачка интелигенција падна на сцената за време на неговото официјално деби на технолошки настан во Москва на 10 ноември, што ги натера вработените да ја сокријат машината од погледот на јавноста додека се обидуваа да го поправат дефектот.
Како што објави вчера Њузвик, роботот, наречен АИдол, беше претставен од страна на развивачите како напреден пример за антропоморфна роботика изградена главно од домашни компоненти. Додека роботот го водеа на сцената двајца членови на персоналот на музиката од филмот „Роки“, тој ја изгуби рамнотежата и падна, оставајќи неколку парчиња зад себе на сцената.
Видео снимката од инцидентот, споделена од независни руски медиуми, покажува како персоналот брза да го скрие роботот зад параван додека го влечеа од подот.
Russia presented its human-like AI robot. It fell down as it walked onto the stage. pic.twitter.com/YAk7w2SsWV
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) November 11, 2025
Откривањето на АИдол го означува обидот на Русија да се приклучи на глобалната трка за развој на роботи слични на луѓе напојувани од вештачка интелигенција. Предводен од Владимир Витухин, извршен директор на руската фирма за роботика „Идол“, компанијата вели дека роботот интегрира движење, манипулација со објекти и интеракција слична на човекот преку отелотворена вештачка интелигенција.
Д. Мишев












