• Latest
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025 16:00
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ТОП 5
Креирано со помош на ВИ

Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ИМ 1045, О.У. “Крсте Мисирков”, Куманово, додека немало гласачи Избирачки одбор и овлатени претставници на политички партии се скарале откако од ОИК им се јавиле на ИО затоа што некој пријавил некаков инцидент. Кога ИО ги соочил партиските набљудувачи се закачиле од партиските набљудувачи од ЗНАМ и од кај независниот кандидат Диро, со обвинување и правдање дали и кој пријавил,  дека не е убаво да работат позади грб и на крај решиле дека што и да било не било намерно.

Во Куманово општа караница помеѓу партиските набљудувачи на ЗНАМ и независниот Диро и ИО

Имено, на ИМ 1045 во ОУ Крсте Мисирков и Браќа Миладиновци , во периодот помежу 18:00–18:30h: кога немаше гласачи внатре во избирачкото место настана некоја мала расправија помеѓу членови на комисија со партиски набљудувачи, поради тоа што се јавиле на телефон од ОИК на член од комисија ( најверојатно претседател на избирачката комисија)  дека во тоа избирачко место имало пријава за инцидент во врска со избирачкиот список, а тие како членови од комисија не пријавиле во ОИК. Членот на комисијата кое разговараше на телефон рече дека такво нешто немало во тоа избирачко место и дека никој не пријавил и не се пожалил на ништо и е изненаден од таквата информација, а додека зборуваше во исто време и другите членови од комисијата негираа за инцидент дека се случил. По завршување на истиот разговор по телефон почнаа меѓу себе да разговараат за тоа кој би можел такво нешто да пријави а при тоа да се измислува некаков инцидент дека настанал, додека во исто време партискиот набљудувач на ЗНАМ додека се одвиваше разговорот по телефон беше излезен надвор. Кога се врати член од комисијата го праша дали тој има пријавено во ОИК за некаков инцидент, при што севмеша и партискиот набљудувач од независната листа Диро, по што набљудувачот од ЗНАМ тврдеше дека тој воопошто не пријавил такво ништо во ОИК. По ова, комисијата повторно ги праша партиските набљудувачи дали имаат нешто да пријават како нерегуларност и дали сметаат дека тоа било некаков инцидент и посочи дека нема потреба од шпекулации и измислици, откако цел ден гласањето поминало во најдобар ред, по што се смирија страстите , и гласањето продолжи.

Ова се дел од извештаите што ЦИВИЛ ги нотираше како случаи на попречување на работата на набљудувачите, но и на новинарите, за време на локланите избори што претставува сериозен удар врз транспарентноста на изборниот процес.

Попречувањето на набљудувачите и медиумите не е изолиран пропуст, туку дел од пошироката култура на нетранспарентност, политизација и страв од надзор. Кога институциите не реагираат на овие прекршувања, испраќаат порака дека контролата и отчетноста се закана, а не обврска.

ЦИВИЛ остро реагираше и на случаите на вознемирување и попречување на медиумските екипи кои известуваа од терен, вклучително и на новинари кои беа вербално нападнати од партиски активисти. Таквите инциденти создаваат ефект на страв и самоцензура, и се спротивни на уставно загарантираната слобода на медиумите и јавниот интерес за информираност.

Овој текст е дел од серијалот со заеднички наслов „Од бележникот на набљудувачот на ЦИВИЛ“ со што на јавноста ѝ се откриваат детали за текот на изборниот процес низ илустративни примери за случувањата и состојбите.

ЦИВИЛ излезе на терен со 60 акредитирани мобилни изборни набљудувачи, додека состојбите во изборен контекст се следеа подолго време, односно интензивното долгорочно набљудување на изборниот процес започна на почетокот на август. На овие избори, организацијата бележи и зголемен број пријави и од граѓанките и граѓаните кои пријавуваа изборни нерегуларности или се јавуваа со прашања поврзани со нивното право на глас.

Изборниот мониторинг на ЦИВИЛ е дел од проектот „Демократски навигатор“ кој претставува одговор на дезинформациите и хибридните закани, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија. ЦИВИЛ го спроведува проектот во соработка со партнерските организации и коосновачи на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (DDGI). Една од компонентите на проектот е токму изборниот мониторинг по чие завршување организацијата ќе објави детален извештај, анализа и стратешки препораки до институциите, јавноста, и меѓународната заедница.

Драган Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ