• Latest

Неопходна е поголема заштита на лицата со посебни потреби!

May 5, 2017
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Неопходна е поголема заштита на лицата со посебни потреби!

May 5, 2017 15:17
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Национална конференција „Унапредување на механизмите за спречување и заштита од дискриминација на лицата со посебни потреби во Македонија“, денеска се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата за одржлив економски развој „Преда Плус“, во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп. 

Според статистичките податоци, презентирани на денешната конференција, за невработеноста на лицата со посебни потреби во Република Македонија, во 2015 година евидентен е проблемот со нивното ниско образовно ниво, зашто, 54% од лицата со посебни потреби имаат завршено само основно образование, а 20% се со непотполно средно образование!

Ваквата структура на образовни квалификации, во која три четвртини од невработените лица со посебни потреби имаат исклучително низок степен на образование, алармира на итна потреба од преземање на системски мерки за справување со овој проблем.

Благица Димитровска, „Инклузива“

Благица Димитровска, претседателка на граѓанското здружение „Инклузива“ од Куманово, на конференцијата зборуваше и од своето лично искуство, како мајка на 33-годишен син кој има комбинирани пречки во развојот.

„Досега сè уште не му е одземена деловната способност, затоа што не сакам моето дете да биде прогласено за неважечка личност во оваа држава и сметам дека во некои работи тој е деловно способен. Но, по смртта на родителите, по автоматизам ќе му се одземе деловната способност, за да ја наследи пензијата од родителите инаку нема каде да живее“, изјави Димитровска за ЦИВИЛ Медиа.

Досегашните истражувања на „Инклузива“, покажуваат дека постојат повеќе проблеми во начинот на кој институциите се однесуваат кон лицата со посебни потреби. Димитровска се осврна на раната детекција, немањето регистар на пол, возраст и инвалидитет на лица со хендикеп. Проблем е, според неа, и тоа што има само поддршка за згрижувачките семејства, а не и за биолошкото семејство и дека многу од родителите решаваат своите деца да ги сместат во институции. Според Димитровска, потребни се измени во здравствената заштита на овие лица, бидејќи, човекот ако не е здрав, не може да се вработи, ниту пак, да го издржува своето семејство. Таа е загрижена за тоа што ќе се случи со нејзиниот син по нејзината смрт.

Конференцијата е дел од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лицата со посебни потреби во Република Македонија“, што во Македонија се спроведува од ноември 2015 година.

Марија Теговска

Tags: „Преда Плус“Здружение на студенти и младинци со хендикепИнклузиваинституцииконференцијалица со посебни потребиниско образовно ниво
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ