Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалните мрежи на 1363 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски ракетен терор врз станбен квартал во Харкивскиот регион во кој има повредени и ранети цивили, меѓу кои и деца.
Ден 1363. Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион: 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца. Оваа трагедија е јасен доказ дека рф не се залага за мир. Само решителни акции и координирани санкции се најефективниот начин за постигнување мир.#StopRussia pic.twitter.com/lzEQagQMfH
— Larysa Dir (@dir_larysa) November 17, 2025
Ден 1363. Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион: 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца. Оваа трагедија е јасен доказ дека рф не се залага за мир. Само решителни акции и координирани санкции се најефективниот начин за постигнување мир, напиша амбасадорката Дир на Х.
М. Д.












