• Latest
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница во Тетово“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

November 24, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница во Тетово“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“

November 24, 2025 14:00
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди околностите за постапување на институциите за пожарот во дискотеката во Кочани, пожарот во модуларната болница во Тетово, сообраќајната несреќа на „Дурмо турс“ во Ласкарци и сообраќајната несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија.

Стојаноски рече дека на иницијативата се потпишани 77 пратеници и оти тоа е доказ дека тие не сакаат да ги политизираат овие трагични настани туку дека сакаат да помогнат засегантите да добијат правда.

– Сите прашања мораат да бидат одговорени, а сите случаи случаи треба да го добијат неопходниот епилог, рече Стојаносски.

Анкетната комисија ќе се формира врз основа на член 124, став 5 од Деловникот на Собранието. Ќе ја сочинуваат 15 членови и нивни заменици, од кои: седум членови од ВМРП-ДПМНЕ, по двајца од СДСМ, Европски фронт и ВЛЕН и по еден од ЗНАМ и од Левица, а со неа би претседавал пратеник од редовите на опозициските партии.

Стојаноски објасни дека форматот, односно составот е клучната разлика, што ја прави оваа комисија деловничка и легитимна, за разлика од некои други обиди во минатото.

-Комисијата ќе изготви наоди кои ќе бидат основ за поведување на постапка за утврдување на одговорност на сите инволвирани кои придонеле кон случувањата односно не придонеле кон спречување на овие трагични настани, рече Стојаноски.

Секоја пратеничка група има право да предложи листа на сведоци и експерти, а секој поканет експерт има обврска да се појави пред пратениците. Стојаноски рече дека за секој од случаите поединечно ќе бидат изготвени заклучоци коишто потоа ќе се доставуваат до Владата и Јавното обвинителство. Во однос на тоа како временски би се одвивале активностите на Комисијата, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тоа е уредено со Деловникот на Собранието, а за тоа кој случај ќе биде приоритетен треба да биде договорено на координацијата на оние што ќе бидат дел од Анкетната комисија.

– Максимум 45 дена треба да има од почетокот до крајот на анкетната комисија, а во рок од 30 дена треба да биде изготвен извештај и да биде пратен со пратениците и институциите, изјави Стојаноски.

Тој ги повика и пратениците од другите политички партии да приклучат кон оваа иницијатива и активно да придонесат во нејзината работа.

Стојаноски беше дециден дека меѓу нивната и иницијативата на СДСМ и Левица, која денеска по координацијата со пратеничките групи претседателот на Собранието ја врати на доработка, има три клучни разлики. Првото е почитувањето на Деловникот во однос на составот на комисијата, второ дека тие предлагаат и воведување одговорност на оние за кои ќе биде заклучено на комисија дека сториле некое дело и сметаат дека овој случај не треба да биде политизиран.

-Треба да биде проширен на сите трагедии не само на една, бидејќи во изминатиот период можевме да видиме дека дури и оние лица кои се опфатени со судски пресуди не ги извршуваат законските казни, а оние кои се оштетени имаат чуство дека вистинските виновници не се изведени пред лицето на правдата, рече пратеникот Стојаноски.

Нивните очекувања се вистинските виновници да излезат на површина и да системот да се рекомпонира за да не се случуваат вакви настани повеќе. Стојаноски вели дека целта им е да се направи систем што нема да дозволи вакво нешто да не се случува.

На првата наредна пленарна седница се очекува Иницијативата да се најде на дневен ред, а потоа да се формира. Најавите од Собранието се дека новата собраниска седница ќе се одржи следната недела односно на почетокот на декември. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ