• Latest

Пораката на „Хоризонти на слободата“: Одбрани ја слободата. Заштити ја вистината. Гради ја иднината!

November 29, 2025

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА

Пораката на „Хоризонти на слободата“: Одбрани ја слободата. Заштити ја вистината. Гради ја иднината!

November 29, 2025 12:03
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ОДБРАНА НА ДЕМОКРАТИЈАТА: ХОРИЗОНТИ НА СЛОБОДАТА—Демократски навигатор 2025 година: Недела на човековите права | 5–15 декември 2025 година | Скопје 

ЦИВИЛ – Центар за слобода ја најави деветдневната стратешка, граѓанска и мултимедијална програма Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата посветена на Неделата на човековите права 2025 година. Подготовките за спроведување на оваа најнова иницијатива и настаните што ќе се одржат од 5 до 15 декември во Скопје, откриваат висок интерес од сите поканети, наспроти нивните густи агенди. Програмата ќе има и силен меѓународен карактер, со учесници од регионот, Европа и САД. 

Тие ќе ги адресираат критичните предизвици со кои се соочува демократијата денес — од војната на Русија против Украина и хибридната војна против Европа, до дезинформациите и брзиот подем на вештачката интелигенција и ерозијата на човековите права ширум светот. 

Програмата е дел од проектот Демократски навигатор 2025, поддржан од Сојузното министерство за надворешни работи на Германија и се надоврзува на претходните изданија на ЦИВИЛ на високо ниво, меѓу кои се „Одбрана на демократијата и човековите права во услови на војна, национализам и авторитаризам“ (декември 2024 година) и „Боиште на вистината“ (октомври 2025 година).

Во текот на девет дена, „Хоризонти на слободата“ комбинира интензивна медиумска акција и домашно, регионално и меѓународно вмрежување, ангажирање на младите, тркалезни маси и работилници, како и јавна уметничка поставка, што кулминира со конференција на високо ниво на 12 декември.

По завршување на овој дел од програмата, долгоочекуваниот извештај „Локални избори во Северна Македонија 2025 година: Извештај, анализа и стратешки препораки“ ќе биде презентиран на 15 декември, на посебен настан. 

Програмата започнува на 5 декември со прес конференција, меѓународен онлајн брифинг и почеток на активностите за „Медиумска акција и вмрежување“, вклучувајќи објаснувања, онлајн содржини и јавен повик за придонеси. Во текот на тридневна интензивна низа на активности, Деновите на медиумска акција и вмрежување ќе се одржат од 6 до 8 декември, носејќи фокусирани медиумски резултати, анализи за рано предупредување, мапирање на наративи и придонеси на младите за хибридните закани, трендовите на дезинформации и лекциите од локалните избори 2025 година.

На 9 декември е Денот на демократската отпорност, кога стратешка тркалезна маса ќе ги разгледува националните и регионалните рамки за демократска отпорност, проследена со регионален поткаст-разговор за споделени закани и споделени решенија.

На 10 декември е Денот на човековите права. На овој ден, ЦИВИЛ ќе даде јавна изјава пренесена во живо, по што ќе следи работилница фокусирана на младите, „Гласови на слободата“. Попладневна јавна уметничка поставка ќе претстави инсталации за човековите права, вештачката интелигенција и Украина.

На 11 декември се одржува тркалезната маса на тема Боиштата на вештачката интелигенција. Денот започнува со прес брифинг и продолжува со тркалезната маса на високо ниво, „Вештачката интелигенција на првите линии: Војна, авторитаризам и демократски иднини“, каде ќе се истражува влијанието на ВИ врз војувањето, принудата и демократската безбедност.

На 12 декември, ЦИВИЛ ќе ја одржи меѓународната конференција на високо ниво Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата, која ќе опфати три панели: 

  1. Војната во Украина, хибридната војна во Европа и глобалната демократска борба
  2. Вештачката интелигенција и светот во ерата на поствистината и пост-срамот
  3. Европски и глобални перспективи на демократската отпорност

Ќе учествуваат дипломатски претставници, експерти и партнери од Северна Македонија, Западен Балкан, Европа и САД. Настанот ќе биде пренесуван во живо. 

Изданието на „Одбрана на демократијата“ за 2025 година завршува со јавно објавување на Извештајот за локалните избори 2025 на 15 декември. Извештајот обезбедува аналитички наоди и стратешки препораки што ги надополнуваат пошироките дискусии од неделата за демократската отпорност, институционалниот интегритет и граѓанското учество.

Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата претставува повик за будност и колективна акција во време кога вистината е оспорена, правата се загрозени, а демократските општества се соочуваат со невиден притисок. Преку дијалог, обелоденување докази, креативност и јавен ангажман, оваа деветдневна програма ја потврдува заедничката посветеност за соочување со хибридните закани, зајакнување на демократската отпорност и почитување на вредностите што ги одржуваат слободните општества. 

Додека ја одбележуваме Неделата на човековите права 2025 година и ги согледуваме предизвиците што претстојат, го правиме тоа со јасна и обединувачка порака: 

Одбрани ја слободата. Заштити ја вистината. Гради ја иднината. 

Тим за комуникации на ЦИВИЛ 


Хоризонти на слободата: ЦИВИЛ ја претставува програмата за Неделата на човековите права и го најавува објавувањето на Извештајот за локалните избори 2025 година

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ