• Latest

Украсениот Арбат како подигнување на предновогодишното расположение

December 29, 2025

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Украсениот Арбат како подигнување на предновогодишното расположение

December 29, 2025 12:15
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Како е украсен московскиот Арбат? Ова беше единствената веста на главната најава за првиот, понеделнички преглед на вести на Телма, емитувани во 8 часот. Треба да се каже дека во поново време оваа ТВ куќа ги засили своите амбиции во емитување на политичките њуз – производи и тоа е секако за поздравување. Наутро постојат три обемни прегледи на вести од дома и странство и тоа во 8, во 10 и 12,30 часот. И пак да се вратиме во главната најава за вестите во 8 часот – како е убаво украсена Москва во овие предновогодишни денови.

Мислев дека во контекст на сликите од улицата Арбат постои некаква иронија или просто споредба со она што се случува надвор од главниот град, поблиску до фронтот, сместена е некаква паралела со она што се случува во градовите на Украина што се под засилен оган на руската артилерија, особено по одбивањето на Путин да направи макар и симболичен прекин на огнот (во Украина се слави Божиќ по грегоријанскиот календар). Да споменеме дека и во крвавата Прва светска војна на Божиќ 1914 година војниците од двете страна на западниот фронт (Англичаните и Французите од една страна и Германците од друга страна) накратко го прекинале огнот и се ракувале и си го честитале празникот.

Дури импровизирале и фудбалски мечеви.

Добро, Путин и при интензивните мировни преговори сака да остави впечаток на супериорност и да речеме – рамнодушност дали ќе дојде до мир. Особено за тоа има и потреби да го импресионира својот народ. И гледаме сега и сами како – нуди украсени елки на улиците на Москва, полни тезги со портокали, што од време на социјализмот е врвен израз на потрошувачкиот „луксуз“. Знаеме дека луѓето, особено оние од Сибир, патувале по стотина километри ако случајно им ветувале дека ќе можат да купат по килограм од овие јужни овошја. Сега москвичите се мерат на вага пред тезгите и таа им кажува по колку парчиња на портокали можеле да добијат!

Одлично, тоа е голем на предок за стандардот на обичниот човек таму, но што тоа ни кажува нам, особено зошто тоа е вест во најава и со централно место во овие вести? Па и нам треба да ни биде упатена слична порака – во Русија е се во ред, ние си имаме проблем што сме од другата страна, онаа на вистината и реалните дострели на руската инвазија која трае од 2014 година – цели 11 години веќе. Путин, тоа го нема во прилогот секако, одбила да го прекине огнот и да се спроведе референдум дали населението во окупираните подрачја сакаат да живеат во старата држава – Украина или да се согласат да добијат трајни руски пасоши?

Колку и да е тој предлог во основа на страната на окупаторот, бидејќи таму населението е главно раселено и подложено на русификација, Путин и тоа го одбива: зошто да ризикува? Нему и онака не му е битно расположението на плебсот…

Да, секако дека вестите за преговорите околу руската агресија и потенцијалниот мир, што викендов се одвиваа во Белата куќа, каде допатува украинскиот претседател Зеленски се за ударните вести ама зошто сега ние како гледачи треба да добиеме утринско „предјадење“ во форма на наводното луксузирање на жителите на главниот град на окупаторот, каде инаку, во реалноста, патниците кои се упатуваат кон било кој од трите московски аеродроми и во овие часови мораат да доживеат  сирени на возбудување, одложување на летовите, по 300 на ден, па и сокривање во простории за таква намена. Не, секако, во ваквите пропагандни прилози постои сосема спротивна интенција.

Од каде таа интенција „долетала“ во нашите домови преку Телма. Не сме секако наивни. Некаде, веројатно надвор од нашите граници, некои деловни луѓе отвораат во тие моменти шише со вотка и наздравуваат за соработка во 2026 година. Тој мотив веројатно може да се протне токму во оваа ТВ куќа! Ако е таа цената на прилогот треба ли да имаме разбирање?!

Патем мојот кус и брз преглед на вестите на другите ТВ станици присутни во нашиот етер рано утринава, како главна вест ги содржеше сликите на дечињата Палестинци кои трчаат кон места каде паѓаат скромен број на падобрани  што треба да донесат по некој мизерен оброк за тој напатен народ. Во исто време нивните родители се обидуваат да најдат ново место за прокиснатите шатори или да ги погребуваат бебињата кои умираат од хипотермија… Ја имаше оваа вест во тој утрински колаж на настани на Телма ама беше ставена сосема на крајот на получасовното траење. Да не ни ја расипе сликата за украсениот Арбат.

(Во вестите имаше сосема други прилози кои заслужуваа главна најава – разговор со професорот Узунов за сиромаштијата во земјава според Џини методот, да речеме или за пропаста на сточарството во Македонија што предизвикува вистинска криза во снабдувањето со млеко а особено со млечни производи ама тие се турнати од „излогот“) .


Специјално за ЦивилМедиа. Текстот е личен став на Авторот. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ