Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х објави за новиот руски ракетен напад врз украинските цивили, во кој е погодено стационарно одделение на болница во Кијив и има жртви.
Ден 1412. Во текот на ноќта рф ја нападна Украина со 165 дронови и 9 ракети. Директен погодок во стационарно одделение на болница во Кијив. Има жртви. кремљовската армија продолжува да војува против болници, училишта и детски градинки. #RussiaIsATerroristState, напиша амбасадорката Дир на Х.
Ден 1412. Во текот на ноќта рф ја нападна 🇺🇦 со 165 дронови и 9 ракети. Директен погодок во стационарно одделение на болница во Кијив. Има жртви. кремљовската армија продолжува да војува против болници, училишта и детски градинки.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/NTytP13nww
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 5, 2026
Како што објави ЦИВИЛ Медиа, во рускиот воздушен напад врз Кијив и регионот во текот на ноќта загинаа две лица, соопштија украинските власти во, што е прв пријавен смртен случај во руските напади врз украинскиот главен град оваа година,
М. Д.












