• Latest
Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

January 20, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

January 20, 2026 19:04
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Додека шетате низ Лондон, на влезовите на многу лондонски музеи ќе забележите  налепница сографика на рака со два вкрстени прста, симбол на среќата. Тоа е логото на Националната лотарија, од која овие музеи, вклучувајќи ги Тејт Модерн, Националната галерија на портрети, Кралската опсерваторија Гринич и Музејот на RAF добиваат средства преку Националниот фонд за наследство на лотаријата .

Во дeл од големите музеи со спектакуларни поставки и експонати, поддржани од Лотаријата како: Британскиот музеј, музејот  Викторија и Алберт (V&A), Природонаучениот музеј, Музејот на науката како и Тејт Британија, влезот е бесплатен.

Дополнително, логото на  Британската национална лотарија ќе го видите на одјавните шпици на стотици наградувани филмови и телевизиски проекти во текот на изминатите 30 години, поддржани од Националната лотарија  преку Британскиот филмски институт (BFI) и порано Британскиот филмски совет, придонесувајќи за над 400 награди, вклучувајќи 14 Оскари и 100 БАФТА награди.

Сигурно сте гледале некои од најпознатите филмови и наградени проекти поддржани од финансирањето на Британската лотарија, меѓу кои филмовите: Говорот на кралот (2010) кој освои четири Оскари (вклучувајќи ги и наградите за најдобар филм и најдобар глумец за Колин Фирт) и бројни БАФТА награди; Били Елиот (2000) – кој доби номинации за Оскар;

Гордост (2014); Огромниот меѓународен хит Наведни се како Бекам (2002)со кој започна кариерата на Кира Најтли; блокбастерот 28 дена подоцна (2002); Gosford Park (2001): во режија на Роберт Алтман; драмата на Кен Лоуч – I, Daniel Blake (2016): наградена со Златна палма…и уште многу кратки филмови, документарци и  дигитални архиви финансирани од лотаријата кои дигитализираа илјадници часови ТВ и историски снимки.

Националната лотарија, исто така, силно го поддржа развојот на таленти во развој преку Филмската академија BFI и BFI NETWORK, кои ги поддржаа режисерите на почетокот на кариерата кои потоа направија наградувани дела.

И од друга страна ја имаме Државната лотарија на Мекедонија, од каде, според протечените документите се откриваат нетранспарентни и сомнителни  исплати на хонорари кон повеќе јавни личности, професори, инфлуенсери, пејачи и партиски членови. Државната лотарија на Македонија (ДЛМ) се најде во центарот на нов скандал откако во јавноста протекоа документи кои откриваат огромни суми кои им се исплаќаат на надворешни соработници. Според документите кои ги објави редакцијата на Инфомакс, станува збор за ангажмани на лица кои ја чинат државната компанија над 4 милиони денари секој месец.

На списоците на Државна лотарија се појавуваат имиња на звучни личности од јавниот и политичкиот живот, меѓу кои и: Борис Дамовски, режисер и еден од организаторите на протестот „За заедничка Македонија“ и обвинет за „крвавиот четврток“ – нето износ од 45.000 денари; Аделина Тахири, пејачка, сопруга на поранешниот адвокат на Мијалков – нето износ од 45.000 денари; Кристијан Станковски (Бомбакис), „инфлуенсер“ – нето износ од 40.000 денари; Борче Давитковски, професор на Правниот факултет – нето износ од 45.000 денари; Глигор Чатмов, поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ – нето износ од 27.300 денари.

Според  порталот, голем дел од ангажираните се млади лица на возраст од дваесетина години, главно членови и активисти на владејачките партии.

Иако Државната лотарија, како претпријатие во државна сопственост, е законски обврзана да ги објавува сите исплати на системот „Open Finance“, овие имиња и суми таму не можат да се најдат. Ова отвора сомнеж за обид за прикривање на податоците од јавноста.

Овие исплати, според порталот, се случуваат во период кога со компанијата раководи Александар Климовски, професор на Правниот факултет, кој претходно беше дел од тимот соработници на премиерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, а за директор на Лотарија беше назначен во август 2024 година.

Дополнително, Државниот завод за ревизија (ДЗР) кон средината на декември мнатата година, соопшти дека утврдиле значителни неправилности во финансиското работење на АД Државна лотарија за 2024 година и злоупотреби со паричните средства во кеш, изразени преку нелогични и непостоечки трансакции, записи без соодветна финансиска документација или со неверодостојни документи и друго. Според ДЗР, лани, новото раководство на Државна лотарија потрошило 3,5 милиони евра за реклами и биле утврдени и нелогични трансакции од 2 милиони евра кај онлајн игрите на среќа. ДЗР соопшти дека за сите овие состојби ги известиле МВР и Обвинителството, но досега истрага нема. Може после празниците?

Овој случај ги отвори прашањата за транспарентноста и критериумите според кои се доделуваат хонорарите од страна на Државна Лотарија, како и за можни коруптивни дејанија од страна на државна инститција.

Ова ме потсетува на вицот кога некој сиромав човек му се молел секој ден на Господ да добие на лото, на крај бог му се јавил и му рекол: „па уплати барем едно ливче.“

Се чини дека ниту  Господ не е безгрешен – со Лотарија на Македонија некои личности имаат толку среќа, што за да бидат извлечени на лотарија, не е потребно ниту да уплатат ливче.

Затоа, Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ