• Latest

САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

January 28, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

April 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

    Петар Колев

    Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

САЕМ НА СУЕТИ СО НУЛА РЕЗУЛТАТИ: Трговци за четирите годишни времиња

Земјата ги трпи последиците од изгубениот политички компас на власта. Клучните теми за општеството не се на дневен ред. Надежта не го фати крстот и оваа година. 

January 28, 2026 13:15
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Kога започнав со студиите и кога филмот ми беше примaрна преокупација се сретнав со новотo дело на германскиот режисер Фасбиндер, тогаш во зенитот на славата, под наслов „Трговецот на четирите годишни времиња“. Неговата премиера не се случилa во некое блескаво кино, туку во париската Кинотека, просто како одраз на идејата на авторот кој одбегнуваше ситуации во кои има многу светло и блесоци на папараците. Фасбиндер сними филм за тоа како некој, кога нема решение за животните ситуации, започнува да тргува со своите етички опстојности, за на крајот да изгуби сѐ.

Насловот на ова дело ми се врати во мигот кога ја гледав сликата на македонските политичари кои се собираат во Клубот на пратениците, некогаш елитно место на доцниот социјализам, она во кое привилегиите не се криеја, а каде што, најчесто по поводот на посебна проекција на некој ексклузивен филмски наслов(!), се одржуваа значајни средби и каде што оние со пропусница за ова место си ја одмеруваа својата кадровска свежина. Во тоа ритуално свртувалиште од типот „кој е кој во политиката“, навидум едноставно дело на раните пролетерски амбиции, кога месноста каде тоа е изградено, Млин Балкан, беше на крај на градот, како објект од строго приземен тип сепак беше со заштита од љубопитни погледи.

Секој со свој интерес, а заедничкиот?

Влегувајќи во салата за состанокот во Клубот на пратениците претставниците на партиите секој си го носеа во џебот својот интерес, цена за која би се согласиле со барањата на свикувачот, премиерот Мицкоски. Пред сѐ, со прифаќањето на предложениот дневен ред во кој немаше ништо што би значело решавање на огромната криза во која се наоѓа општеството. На тој начин, присутните се согласија да врзат крпче барем на едното око, значи да покажат „кооперативност“ која секако нема да заврши ако од вагањето на своите посебни интереси нема ништо.

Факт е дека никој од присутните не укажа на фактот дека на средбата ги нема клучните проблеми од чии разрешници зависи и судбината на државата! Оттаму, настанот беше само изложба на засебните внатрепартиски интереси, па средбата во стартот не можеше да има никаков ефект, туку се претвори во некаква скусена парламентарна координација и, без да нѐ чуди, продолжи веќе следниот дена во Парламентот, овој пат, како тамошна координација во скусен состав (!), што и визуелно го одразуваше вториот чин на претходниот саем на суети. И тоа беа уште понеуспешни обиди да се одгатне каде е несогласувањето, со нови и нови апострофирања на неслогата од претходниот ден.

Која беше интенцијата на свикувачот на средбата?

Мицковски несомнено се готви да го премости периодот кој ќе биде врв на кризата која несомнено ќе влијае и на јавното мислење. Сите механизми со кои премиерот и неговата партија го контролираа расположението на народот, просто, со времето се топат, независно од нарачаните анкети. Кога се возите во такси возило, без исклучок, сите возачи се исплашени од доаѓањето на кој знае колкав број илегалци од Островот, бидејќи, токму тие чувствуваат дека и онака лошата безбедносна ситуација ќе биде толку влошена, што токму тие, изложени во текот на цело деноноќие на контакти со потенцијални муштерии, се убедени дека ќе треба да се борат со лица кои ќе бидат опасни по нивниот живот. А таксистите се секако сами по себе „социјална мрежа“, нели. Пензионерите, поучени од новогодишната криза со финансиската инсуфициенција на државата, веќе не се толку поткупливи како порано. Гледаат критички на проблемите што таа ги има на сите страни! Во тој контекст треба да се споменат и сите корисници на разни форми на социјална помош.

Работниците одамна се непријателски расположени кон владината политика која нивниот стандард практично го претвора во пеколно секојдневие а ССМ, единствениот вистински синдикат во земјата, веќе најавува изливи на незадоволство на своите членови. При решавање на проблемот со енормното загадување на земјата (стигнавме на чело на земјите со неславни рекорди), се откри лицемерието на власта која решила до крај да го штити интересот на капиталот во овој случај, како и во случајот со практичното замрзнување на платите. Влечењето за ракавот на премиерот од страна на првиот човек на Комората – на почетокот на неговиот мандат – јасно е дел од задоволството од потенцијалното внесување на „економски работници“ однадвор, но тоа го јакне анимозитетот меѓу социјалните групи во земјата. Постојаното земање заеми и кредити, да не речеме на неделна база, говори за длабок проблем на одржување на финансиската стабилност на  државата, со јасни слики за колабирање на цели функции!

Во такви околности Мицкоски имаше замисла да одржи предвремени парламентарни избори за да биде раат кога земјата евентуално ќе зоврива, а нему ќе му треба да му се „просветли“ со трошењето на британските кредити, како и во чувањето на грб на оние кои ја контролираат балканската вертикала Будимпешта – Белград – Скопје  – Пиреја (грчко пристаниште во кинески раце), со можни нови подружници во Братислава и Прага. И сето тоа треба да се одвива во навистина многу комплексна меѓународна ситуација кога контролата на реформските процеси кои се „даун“ од страна на единствениот заинтересиран ревизор – Европската Унија, па и НАТО, е разнишана со други, потешки проблеми кај нив. За Македонија во Брисел сега се нема доволна концентрација, а за Србија, на пример, се нема ниту нерви.

Инаку, Унгарија, а веројатно и Србија, годинава ќе имаат избори, кои не одат кон сигурен успех како порано, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се плаши од „уроци“. Затоа, тој ги менува ставовите во однос на изборите, веројатно по аларми на само нему знајните анкети, па во последното допирање на таа тема тој се сети дека има пред себе уште две години мандат!

Гледано од аспект од партиската стратегија, ВМРО-ДПМНЕ ја узурпира целата извршна власт, полека но сигурно ја средува третата власт, а Парламентот секако треба да се претвори во зацементирана гласачка машина. Токму тука се гледа можната разврска која ја очекува Мицкоски: албанскиот блок се разнишува. Лојалниот блок за него (ВЛЕН) е растргнат со поразите на локалните избори и нестабилен одвнатре, а ДУИ сега гледа своја шанса за финална добивка, по што Артан Груби веројатно ќе го искористи повратниот билет за Скопје.

Случајот ДУИ – ладнокрвно до целта

Ако се има предвид само улогата на ДУИ на лидерската средба таа беше, како и секогаш – предвидлива. Основна цел на Али Ахмети е да не се изолира неговата појава во нешто што е замислено како групно приближување на ставовите со владините потреби. Јасно беше дека  интегративците ќе влезат во салата и нема да си дозволат ризик во очите на своите гласачи да делуваат изолирано.

Второ, како и секогаш во историјата на оваа партија тие ја оставаат секогаш подотворена вратата за соработка, се разбира само со првиот во македонскиот политички табор, без разлика на актуелната реторика на Мицкоски, која, мерена и на дневно ниво, не е поволна за нив во однос на конкурентите (ВЛЕН).

Трето, само Ахмети донесе во салата толкувачка, ако добро забележав, со што остана и понатаму на желбата макар и во затворен круг на говорници да зборува на мајчиниот јазик. Мал детаљ за тактика од која не се одрекува.

Она што е одново дел од неговиот стил на настапи се гледа во манирот да биде некој кој се смета за најблизок до странскиот елемент по најсериозните прашања од нашата стварност. Во овој случај, во отсуство на СДСМ, што тој секако го искористи, како и Левица (види подолу), Ахмети беше единствениот кој потсети дека пржинските преговори се водени под покровителство на големите сили и дека тие не смеат да бидат изолирани во било каква одлука во врска со принципите за водење на политика, а посебно изборите што постојат од 2016 година наваму! Ова за него беше значаен поен, а секако и демаскирање на изолационизмот што е составен дел од политиките на Мицкоски.

Потоа, без да се знаат детали, Ахмети рече дека побарал и бил прифатен разговор (преговори) лице в лице со шефот на вмроовците. Во врска со овој факт не беше даден рокот за таквата средба ама излезе дека за Ахмети тоа била замислена како промптна средба, бидејќи, некои работи веќе следниот ден излегоа од распоредот што бил направен од власта и прифатен од спикерот на Собранието.

Да биде појасно, требаше да се стави на дневен ред Законот за прекршоци – во тој склоп е и официјализирањето на примената на „Безбедниот град“. Но во Собранието се одржала неуспешна координација, веројатно и повеќе пати потоа дента, кога требаше да се даде виза за тој закон, а се покажа дека не дошло до договор за средбата Ахмети  – Мицкоски по прашањата интересни за ДУИ! Има ли тоа некаква врска со неуспешните координации? Па има. Во секој случај, Собранието го изгласа Законот за прекршоци на 23 јануари, со што се официјализира автоматското снимање и другите аспекти на системот „Безбеден град“.

Гостувајќи во разговор со Душица Мрѓа во студиото на ТВ 24 генералниот секретар на ДУИ Арбер Адеми изјави дека проблематичноста на Законот за прекршоци воопшто не е мала (упс!). Сепак, иако немаше, се најде време за донесување на тој закон, што ќе биде основ за масовно казнување на возачите во Македонија од 1 февруари. Како и да е, во гостувањето на Адеми се откри првата голема пукнатина во теоријата дека средбата во Клубот на пратениците била кооперативна?!

Имено, генсекот Адеми кажа дека има доста работи што треба да се пеглаат и откри дека потесната координација во Собранието што се случи следниот ден по групировката (на која не беше поканета СДСМ, што е посебна приказна) некако била „празна пушка“. Просто, за ДУИ не е задоволителен овој формат на колективно решавање на проблемите во државата. За таа партија се подобри средби од типот „очи в очи“, бидејќи, сите други треба да се безначајни (како што е присуството на ВЛЕН во координацијата), особено кога треба да се постават на дневен ред закони каде е нужен бадинтеров пристап.

Ахмети сега на дело покажува дека неговата алтернатива од албанскиот блок во власта не е кадра за такви игри, а дека тој, особено после последните локални избори во четири општини во северозападниот регион е новиот мајстор за преговори. Во меѓувреме, никој и не ги брои неуспешните покани за координација во Парламентот, што спикерот одбегна тоа децидно да го коментира. Зошто? Има и тој проблем да го каже она – отсуствуваше ДУИ. При одговарање на новинарски прашања на 16 јануари, Мицкоски, за време на посетата на Кратово, рече дека средба со Ахмети немало, а не спомена ниту некој датум!

Импресионираниот Апасиев

За првиот човек на Левица овој настан беше некакво „огнено крштевање“. Влезе во Клубот на пратениците како да влегол во некој од оние машки клубови во Британија каде пристапот е строго селектиран. Многу построго од онаа селекција што тој Клуб, нашиов, го имаше во време на социјализмот. Постојано повторуваше дека атмосферата во разговорите  била коректна, не чувствувајќи дека првиот човек на црвено-црните цело време го влече низ коридорите на сопствената корист. Ако треба да се тепа со кордоните полицајци и да го „брани името“ пред зградата на Собранието, не толку далеку наназад според датумите, тој ќе ја завршува таа задача со своите млади приврзаници, додека Мицкоски ќе се појавува само како странична, пред сѐ, реторичка поддршка.

Само да го сликаат.

Да се потсетиме. Кога во Градското собрание, во минатиот состав, кога фалеа гласови за да се избере претседател (Трајко Славевски), тој подигна четири раце. Да, доби директорски места, по негова желба, покажа дека е корумпирлив, бидејќи, освен што избра прв човек во Собранието замолчи за цело време додека во градот просто вриеше, бидејќи, големата кавга меѓу две крила во ВМРО-ДПМНЕ ја оставија метрополата во коматозна состојба. Па го слушнавме ли Апасиев да се побуни за нешто, да го остави Славевски без поддршка? Секако не, освен во една епизода, кога блокаторите на јавниот сообраќај во градот премногу вревеа под прозорецот на неговата партија (кај раскрсницата наречена Црвен крст) и побара кризата да се реши. Премалку за да не се почувствува дека тој едноставно ја добил цената и го покажал својот лимит, кој и не бил преголем, како кај некои други играчи. Оние покрупните.

Па Мицкоски токму тоа го постигнува со неговото присуство во Клубот на пратениците – бројот на присутните беше намален, а Левица, како изнуден и неуспешен заменик на СДСМ, стана идеална во очите на аналитичарите во палатата Татарчев. Апасиев си легна – што се вели – на брашното. На пример, Левица даде поддршка за Законот за прекршоци, иако забелешката за тоа дека во програмата „Безбеден град“ има и елементи кои излегуваат од зоната на регулирањето на сообраќајот (сосема точно, во таа грмушка лежи диносаурусот), но се задоволил со тоа да има отстранување од предлагачот пост фестум. Како? На жими мајка, што би рекле децата. Тие опасни интенции или се отстрануваат во предлог законот или ќе си останат старите решенија. А потоа… па ќе нѐ следат, секако, на секој чекор, во секое време и место, дури и ако возиме велосипед.

Е тоа е ефектот на присуството на Апасиев во за него „забранетиот град“ – власта со фактот што дури го скуси бројот на присутните на состанокот на координаторите во кабинетот на Гаши, создаде некаков нов, внатрешен круг во парламентарното работење, па секако додаде нова арома за вкусот на суетата на лидерот на оваа партија. Како да облекол поголем број чевли.

Каде е ВЛЕН?

Критичната средба за ВЛЕН секако беше во знакот на себепронаоѓањето на мапата „кој е кој“. Претставникот на оваа коалиција која сама по себе е сложена – градоначалникот на Тетово Касами, дојде на средбата со автомобил чија цена и изглед беа нешто што секако остави впечаток. Кој е ефектот зависи кој како гледа на таквиот имиџ. Претпоставувам дека оние кои зинаа од воодушевување беа во малцинство. Дали тоа беше доволно? За Мицкоски, секако, согласноста на Касами со сѐ што ќе го предложи тој се подразбира и неговиот интерес не беше насочен кон ВЛЕН. Како што деновиве кажа поранешниот градоначалник на Гостивар и екс-министер за здравство Таравари, ВЛЕН е составен од многу партии за да функционира. Нема состанок на кој ќе бидат претставници на сите партии, а да тој бил ефикасен и да постоела било каква внатрешна слога! Таравари вели – Мицкоски е тој кој ја одржува оваа групација во некаква функција, инаку таа веднаш би се распаднала. Дека не е доволна таа поддршка покажува фактот дека според аналитичарите барем седум месеци наназад не е донесен некој закон за кој е нужен бадинтеровиот принцип!

Отсуството на СДСМ – еден спрема нула за социјалдемократите!

Нема сомнение дека отсуството на СДСМ од средбата во Клубот на пратениците даде ефект веднаш!

За разлика од големото мнозинство на проценувачи по медиумите, треба да се каже дека со самиот факт што на Мицкоски му пропадна предлогот да се отстрани пржинскиот формат при изборите, кој даваше можност најголемата опозициска партија да добие позиции со кои ќе го контролира изборниот процес и да спречи изборни злоупотреби на системот.

Тоа не e техничка влада како што сега се „крсти“ по вмроовска лексика (претседателката на државата е еден од тие протагонисти на ваквото именување на пржинската влада), туку привремена, која не е некаква елитистичка, експертска, бидејќи таа нема ниту време, ниту задача таа да креира нови политики (!) туку да го надзира политичкиот противник кој е на власт и ги има полугите кои може да ги користи и да ги направи изборите фер.

А овој предлог за „надраснување“ на тој модел е сосема произволен: не е присутен ниту еден аргумент за созревање на политичката сцена за да го тргне плаштот на сомневањето во чесноста. Впрочем, погледнете ги сите документи на единствениот странски фактор кој води грижа за нас – Европската Унија, па никаде нема да најдете било каков знак дека ние нешто сме напреднале за да – посебно кога ВМРО-ДПМНЕ ја има власта, веруваме во нечија чесност која би имала самоконтрола!

Објавените сознанија за нашите избори, впрочем, во ЦИВИЛ последните недели се добра илустрација колку и како биле фер!?

Значи Мицкоски е свесен дека тој механизам може да го тргне само ако има меѓународна гаранција и оттаму е неопходен општ партиски консензус кој, со резерва на втората голема партија од опозицијата (ДУИ), практично, другите го игнорираа како факт. Посебно се карикатурални оние помали партии кои мислеа дека си купиле „билет“ за Клубот на пратениците со тоа што однапред ќе го прогласат пржинскиот договор „за умрено“, како ЛДП или еколозите на Лилјана Поповска. Каква е само тоа бламажа!

Со овие погоре констатации потсетуваме на тоа дека клучна точка од дневниот ред беше токму тргањето од пржинскиот договор од парламентарните избори. Мицкоски заклучи дека на првите наредни избори (според последната изјава, ако може да му се верува, на долги патеки тие се одложени за две години) па сѐ ќе биде по старо, а на оние по наредните, рече премиерот, пржинскиот модел ќе го нема. Демек тогаш нема ни да се бара консензус! Демек, тој одлучил самиот, тоа му е дадено (од кого?) и со тоа се надраснува и демократскиот амбиент, колку и да бил скромен и во овој час.

И тоа прашање, се гледа, е симнато од дневен ред за да не се потенцира премиеровиот неуспех во Клубот на пратениците. Остануваат како репер на тој настан да говорат оние кои биле предвидени во јавноста, демек од стручен аспект да говорат во прилог на „олеснетиот изборен простор“. Малку задоцнето, во конкретниот случај.

На тоа веќе застарено сценарио, пишувано однапред, се закачи и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова која изјави дека ова решение, со привремена влада го нема во Уставот. Уф, осозна после 10 години од неговото постоење во политичката практика? Па зошто тоа не и пречеше кога нејзините поддржувачи во политиката беа во опозиција. Можеше и тогаш да рече дека Уставот не дозволува користење на консензуален договор потпишан во присуство на меѓународниот фактор. Ама тој механизам му требаше на земјакот Мицкоски да го контролира својот противник. Па се знае и дека тоа не е влада склопена од стручњаци за да биде техничка, збор што таа го користи, туку привремена влада за која не се гласа никаде, но затоа има ограничен мандат да подготви пристојни избори. Со каква драматика беше дадено она „нема во Уставот“ од нејзина страна при гостувањето во ТВ Сител, меѓу две турски серии на програмата, како да се открила Америка… Нема во тој основен акт ниту средби во Клубот на пратеници и заклучоци што премиерот си ги врза во крпче, па затоа и не функционираат кога следниот ден присутните ќе се расонат.

Така, после состанокот во Клубот на пратениците се воведе еден преседан кој не смее да помине туку-така. Беа свикани кој знае колку координации (неуспешни) на кои не беше повикан координаторот на СДСМ, најголемата опозициска партија! Како што вели еден мој колега, владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е преполно со преседани! А за тоа можеби има претседателката коментар – тие два концентрични кругови во Парламентот со што се „превреднуваат“ партиите, комплетно поинаку отколку што покажуваат резултатите од парламентарните избори?!

Премиерот или спикерот на Парламентот одлучуваат кој може да се „координира“, а кој не?! И замислете – другите партии, си се согласуваат во таков скусен состав да си разменуваат мислења за тоа кое прашање ќе биде поставено во телата на Собранието?! Координаторот од ВМРО-ДПМНЕ даде за таквата координација некакво посебно име што веднаш го заборавив, признавам, бидејќи и до сега имало опструкции, логично ако некој не сака да оди на тие состаноци, но не и да има неповикување.

Нели претседателке, нема никаква политичка логика?

Да резимираме – сите прашања поставени на состанокот во Клубот на пратениците завршија без разрешница. Законот за прекршоци не помина на првите координации (беа неуспешни), изборот на народен правобранител, исто така, барем од ДУИ се проценува дека не е дискутиран (и покрај предлогот на Левица за го насочи кон еден етницитет) и веројатно нема да се постави на дневен ред набргу и покрај штетата што ја трпат вработените во оваа институција. Да не набројуваме понатаму. Прашањето за „пржинската влада“ – што очигледно беше приоритет – Мицкоски ја реши во ројалистички манир, што само по себе е доказ колку сме напреднале во креирањето на демократски амбиент.

Веројатно, како резиме на неуспехот продолжува црната кампања против најголемата опозициона , а ете ги зад аголот и два обиди, како брз реванш, за покренување кривични постапки против поранешниот претседател на државата Пендаровски и шефот на СДСМ Филипче! Тие се тема за себе. Но решавањето на клучните проблеми во државата се уште не се ни зад аголот. Изгубениот политички компас на оние кои ја водат државата не дава никаква надеж барем за старт на нивно разрешување.

Надежта не го фати крстот.

Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ | Сите права се задржани.

Tags: ЕУизборилидерска средбаМицкоскипржинска влада
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ