Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во својот последен пост на социјалните мрежи објави за руските напади врз врз мирното население на Украина во кои животот го загубија 3 деца и нивниот татко, додека бремена мајка е повредена.
рф не го запира теророт врз мирното население на🇺🇦: во Харкив дрон одзеде живот на 3 деца и нивниот татко, бремена мајка е повредена. Напади врз болница во Запорижје, Сумската и Полтавската области.129 дронови во текот на ноќта. Ова може да се запре со сила: ПВО и поддршка за🇺🇦 pic.twitter.com/tmjOLSZhJy
— Larysa Dir (@dir_larysa) February 11, 2026
рф не го запира теророт врз мирното население на Украина: во Харкив дрон одзеде живот на 3 деца и нивниот татко, бремена мајка е повредена. Напади врз болница во Запорижје, Сумската и Полтавската области.129 дронови во текот на ноќта. Ова може да се запре со сила: ПВО и поддршка за Украина, напиша амбасадорката Дир на Х.
Во рускиот напад врз Боходухив, Харкивска област, загинаа четири лица, вклучувајќи три мали деца, а уште две беа повредени, соопшти гувернерот Олех Синиехубов во текот на ноќта на 11 февруари, пренесуваат украинските медиуми.
„Две едногодишни момчиња и едно двегодишно девојче загинаа како резултат на непријателски напад во градот Боходухив“, рече тој.
Во нападот беа повредени и 34-годишен маж кој беше покрај децата, 35-годишна бремена жена и 74-годишна жена.
Русија редовно напаѓа украинска цивилна инфраструктура, вклучувајќи станбени згради и енергетска инфраструктура, додека продолжува да ја води својата војна.
Температурата во јужниот украински град е -9 степени Целзиусови.
Д. Мишев












