• Latest

РЕАКЦИИ: Системот реагира дури по трагедија – граѓаните револтирани од институционалната негрижа за заштита на жените од насилство

March 9, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

РЕАКЦИИ: Системот реагира дури по трагедија – граѓаните револтирани од институционалната негрижа за заштита на жените од насилство

March 9, 2026 11:43
in ПРАВДА, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето на денот на ЦИВИЛ Медиа – „Што прават институциите да ги заштитат жените од насилство и експлоатација?“ – десетици граѓани одговорија на социјалните мреж – кратко и директно:„ништо“.

Граѓанските реакции откриваат длабока недоверба во институциите и чувство дека системот не успева да обезбеди основна заштита од семејно насилство. Во многу од коментарите се повторува перцепцијата дека институциите се „само на хартија“, дека службениците „седат по канцеларии и пијат кафе“, а случаите на насилство се игнорираат сè додека не завршат со трагични последици.

Дел од граѓаните сметаат дека проблемот е системски – од законите до нивната примена. Во коментарите се бараат:

  • измени и заострување на законите,
  • строги санкции за сторителите на насилство,
  • одговорност за институциите што не реагираат навреме,
  • отстранување на насилниците од домот, наместо жртвите да бидат тие што бегаат.

„Прво треба да признаеме дека има насилство во многу семејства во Македонија, без разлика на вера и националност. Потоа да се работи на подигање на свеста и да се казнуваат тие што вршат насилство“, пишува еден од граѓаните.

Некои од граѓаните укажуваат дека јавноста сè уште не ги препознава сите форми на семејно насилство. Освен физичкото, тие потсетуваат и на:

  • психолошко насилство,
  • економско насилство (контрола врз парите на партнерката),
  • сексуално насилство.

Според нив, токму овие форми често остануваат невидливи и неказнети.

Дел од коментарите се обоени со силна политичка реторика и меѓусебни обвинувања меѓу политичките табори, што покажува дека прашањето за институционалната заштита од насилство често се претвора во поле на политички конфликти, наместо во фокус на системски решенија.

Во некои реакции се препознаваат и патријархални ставови, што дополнително ја отежнува борбата против родово базираното насилство. Дел од коментаторите сметаат дека општеството сè уште не успева целосно да се ослободи од традиционалните модели на моќ во семејството.

Покрај критиките кон институциите, се појавуваат и самокритични ставови. Некои граѓани признаваат дека и заедницата често молчи кога знае дека постои насилство во соседството или семејството.

„Ништо не прават институциите. Но и ние како заедница ништо не правиме. Сè уште опстојуваат патријархалните сфаќања за родовите односи“, гласи еден од коментарите.

Иако формулацијата „ништо“ е најчестиот одговор, коментарите покажуваат дека граѓаните имаат јасни очекувања: ефикасни институции, доследна примена на законите и реална заштита на жртвите на насилство.

Реакциите откриваат и нешто подлабоко – чувство дека системот реагира доцна, најчесто дури по трагедија, наместо да делува превентивно.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ