• Latest

Блискиот Исток во мултифронтална војна – Белата Куќа со конфузна дипломатија

March 29, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ

Блискиот Исток во мултифронтална војна – Белата Куќа со конфузна дипломатија

Од ракети до пропаганда – како ескалацијата се води и на теренот и во свеста на луѓето

March 29, 2026 11:34
in ВЕСТИ, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Војната што започна со американско-израелските воени удари против Иран на 28 март прерасна во војна со повеќе жаришта. Блискиот Исток влезе во фаза на синхронизирана мултифронтална конфронтација, во која се преплетуваат држави, прокси-актери и глобални интереси.

Во текот на ноќта и утринските часови на 29 март, конфликтот се интензивира. По ударите врз воени командни центри и инфраструктура, се слушнаа и нови експлозии во Техеран. Нападите и пресретнувањата се проширија низ Заливот, вклучително и нови инциденти со дронови во Кувајт и Оман.

Нов момент во блискоисточната криза е вклучувањето на јеменските Хути во директни напади врз Израел. Тие извршија втор бран напади врз Израел во последните 24 часа и најавија продолжување на операциите, со што означија официјално влегување во војната. Нападите беа пресретнати, но проширувањето на фронтот создава континуиран притисок врз Израел од јужната страна и го проширува конфликтот кон Црвеното Море и глобалните трговски рути. Дополнително, заканите за Баб ал-Мандеб и нападите врз бродови ја трансформираат оваа линија во економско-стратешки фронт со глобални последици.

Паралелно, конфликтот на САД и Израел со Иран продолжува со масивни удари врз иранска инфраструктура. Во последните часови се потврдени нови удари во Техеран и јужен Иран. Иран возвраќа со ракети и дронови низ регионот во Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Оман.

Повеќе од 11.000 удари се регистрирани во текот на операциите, со илјадници жртви и регионални последици.

Во исто време, судирите со Хезболах во Либан ескалираат. Израелски напади убија новинари и медицински персонал, што предизвика меѓународни реакции. Во Газа, насилството продолжува и покрај формалните обиди за прекин на огнот.

Во тек е и информациската војна. Главните наративи на проиранските актери ја врамуваат војната со повик на „отпор против агресијата“, а нападите врз земјите во регионот се претставува како „одбрана на сите фронтови на отпорот“ и „ морална борба“. Овие наративи имаат цел да ги легитимираат иранските напади врз соседните и земјите во регионот. Со тоа се врши и мобилизација на поддршка на сопствените граѓани, но и пошироко, на глобален план.

Од израелска страна доминира наративот за „превентивна безбедност“, односно дека нападите се неопходни за да се спречи поголема закана. Со овој наратив се оправдуваат ударите врз иранската инфраструктура и се минимизираат цивилните последици. Во суштина, тоа е наративот дека Израел се вклучува во „одбрана, не агресија“.

Улогата на САД и претседателот Доналд Трамп останува клучна, но и контроверзна. Вашингтон јавно декларира цели за неутрализирање на иранските ракетни капацитети, ограничување на нуклеарната програма и слабеење на регионалното влијание на Техеран. Во исто време, администрацијата на Трамп испраќа двојна порака – продолжување на воените удари, но и наводни дипломатски обиди за деескалација, вклучително и одложување на напади врз енергетската инфраструктура и тврдења за „продуктивни разговори“ со Иран. Паралелно со тоа, Пентагон подготвува сценарија за можни ограничени копнени операции, што укажува дека конфликтот може да влезе во уште поопасна фаза. Со други зборови, светот овие денови е соочен со воена ескалација, тешки економски последици и конфузна дипломатија.

Џ. Дерала, Д. Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ