• Latest

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026 22:56
in ДЕМОКРАТИЈА, КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Девет години по падот на еден режим – оној во мојата земја – не можев да ја скријам радоста по падот на Орбан.
Но искуството ме научи на ова: победите знаат да избледат. Системите се отпорни.
Затоа, славам, но со крајна претпазливост.

Кремљ даде сè од себе. Балканските пријатели и бизнис партнери му беа на услуга. Доналд Трамп и неговиот потпретседател поитаа да му помогнат со сета своја МАГА патетика.

Со месеци водеше жестока кампања против измислениот непријател – Украина. Го обвинуваше нејзиниот претседател, Володимир Зеленски, за мешање во изборниот процес. Една земја што се бори за опстанок и слобода ја претвори во закана. Ја изврти реалноста до непрепознатливост, како што тоа го прават сите што ја мразат демократијата.

Вучиќ се обиде да му помогне со наводен „терористички“ напад. Мицкоски и неговата свита му беа на услуга со својата агит-проп дигитална машинерија. Додик. Јанша. Целиот шпил карти на авторитарниот популизам, распослан низ Европа и Балканот, се стави во функција на одржување на еден режим.

Режим, не еден човек.

Виктор Орбан не е само политичар. Тој е архитект на еден модел на владеење што не зависи само од еден човек или само од една партија. Тоа е внимателно создаван и систематски зацврстуван систем кој се брани со поделби, страв, корупција и принуда. Тоа е модел на владеење во која институциите се празни и обесмислени форми, медиумите се обични алатки, а изборите станаа контролирана процедура и театарска претстава.

Успехот на Петер Маѓар не е обична изборна победа. Ова е пресвртица.

Сепак, од искуство, мораме да упатиме сигнал за претпазливост. Ова не е крајот на приказната за Орбан. Може да биде добар почеток, но за тоа се потребни решителност и бескомпромисност. Унгарија ја има среќата да биде земја членка на ЕУ, па така и шансата навистина да зачекори кон европска демократска иднина закочена цели 16 години додека беше Орбан на престолот на моќта.

Граѓанките и граѓаните на Унгарија решија да ѝ стават крај на ерата на овој автократ. Тоа е факт. Историски факт. По 16 години, една политичка конструкција што изгледаше недопирлива – падна. Дали и системот што тој го инсталираше ќе падне, зависи од многу фактори.

Точно е. Виктор Орбан од денеска е минато.

Но неговиот систем, сѐ уште не.

По 16 години власт, тој остави зад себе нешто многу поопасно од политичка партија: мрежа. Вкоренета, институционализирана, и навикната да преживува. Судство што не е независно. Регулаторни тела што не се неутрални. Медиумска средина што е искривена. Бизнис елити што се врзани со политичка лојалност.

Тоа не исчезнува со една изборна ноќ. Тоа се демонтира бавно.

Она што сега може – и треба – да се очекува е долг период на отпор од инсталациите на Орбановиот режим. Неговите миниони ќе се служат со саботажи и тивка опструкција. Затоа, вистинската борба допрва почнува.

Она што се случи вечерва е победа на гласачите, но од утре тоа ќе биде секојдневен тест за институциите. И за оние што ќе бидат дел од структурите на власт. Остануваат голем број тешки прашања за Петер Маѓар и владата што ќе ја формира по овој спектакуларен изборен успех.

Дали ќе има сила да го расклопи системот без да создаде нови закани за демократијата? Дали ќе има храброст да ја врати слободата и владеењето на правото без да ги инструментализира? Дали ќе има на ум дека довербата се гради побавно отколку што се губи?

Историјата не дава лесни одговори.

Но вечерва, барем за миг, Унгарија дише поинаку. Вечерва, Унгарија слави. Слават и сите што ја сакаат демократијата – се јавуваме по телефон едни на други и честитаме, како да е наша победа. Слават оние што знаат што значи пропагандата и какви се последиците од неа.

Оваа победа има тежина. Падот на Орбан не е само унгарска приказна. Тоа е сигнал, силен сноп светлина.

Унгарците денеска испратија порака до сите што мислеа дека моделот на „контролирана демократија“ е новата нормала и до сите што веруваа дека медиумската контрола, дезинформациите и политичката агресија се доволни за вечна власт.

Е, па, не се.

И сега, на самиот крај, едно прашање што многумина ќе си го постават вечерва – од Москва до Вашингтон, Братислава, Будимпешта, Белград и Скопје… Прашањето е: КОЈ Е СЛЕДЕН?

 


Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Поддршка за ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ