• Latest
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026

Од аздисаност до изгубеност

April 20, 2026

Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

April 20, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Од аздисаност до изгубеност

    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

Што стои зад самоувереноста на Николоски – и како таа ненамерно отвора сериозни прашања за кои нема одговори

April 13, 2026 12:23
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ, ТОП 5
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Џабир Дерала

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски е таргет на жесток подбив од моментот кога стана јасно дека режимот на унгарскиот автократ Виктор Орбан се распаѓа како кула од карти. Причината за тоа е интервјуто дадено за ТВ Канал 5 од 9 април, каде што изјави:

„Од она што го гледам и она што го знам е дека уште четири години владата ќе ја предводи Виктор Орбан.“

Критичарите на режимот на Христијан Мицкоски најдоа голем број точки на разијдување со реалноста во изјавите на Николоски, но по изборната катаклизма на Орбан, критиката се претвори во лавина од потсмев.

Неблагодарно е да се прогнозира. Дека грешки во прогнозите се вообичаени и чести, знаат и најдобрите аналитичари во светот. Кај нас, на ова тажно балканско поднебје, сите познаваме аналитичари што ретко кога воопшто и погодиле нешто, а и такви што своите пропагандни наративи ги продаваат како анализи. Тие се како дел од нашите семејства, секогаш се тука некаде, па мудруваат и прогнозираат.

Па зошто такво исмевање на министерот, миленик и штитеник на премиерот и висок функционер во владејачката партија, чиј прекар од морскиот свет го придружува долги години?

Со текот на времето, работата и искуството, и јас самиот научив – не на најлесниот начин – дека кога изнесувате прогнози, без оглед на тоа колку сте сигурни во тоа што го кажувате, ги кажувате со барем мала доза на резерва. Но министерот беше супер сигурен во себе. Тоа го прави перфектна мета на мајтапчиите. Онаков, костумосан, со функцијата како заштитен слој и уфирцан, „Ел стифо“ како што Берни Фокер (Дастин Хофман) би го нарекол Џек Брнз (Роберт Де Ниро) во комедијата „Сретнете ги Фокерови“ (Meet the Fockers).

Но тука завршува иронијата. Понатаму, прашањето не е дали министерот погрешил, туку што значи неговото „знам“ во политички, а уште повеќе во институционален контекст. Кога вели „она што го гледам“ е секако смешно. Неговата желба претставена како аналитичка прогноза заштитена со неговата „Ел стифо“ министерска појава предизвикува смеа, навистина. Но делот од неговата изјава каде што вели „она што го знам“ е малку повеќе индикативна. Што знае(ше) министерот за транспорт и врски кој по природата на неговата функција во владата има пристап до информации што не секогаш се видливи во јавноста. Овој дел од изјавата со право може (и треба) да предизвика сомнежи.

Првото, најбезбедно толкување на изјавата – вклучувајќи го и тоа дека министерот „знае“ – е дека се работи за цврста идеолошка позиција и поддршка за Орбан, а „знаењето“ потекнува од внатрешни комуникациски канали. Се разбира, и силната верба во авторитарните режими – тој самиот дејствува како дел од таква структура.

Но како што ги формулира своите мисли во текот на целото интервју, Николоски остава простор за сомнежи за поголем дел од темите на кои говори, па и за тоа дека „уште четири години владата ќе ја предводи Виктор Орбан“.

Најмалку што може да се посомнева јавноста кога ќе слушне дека министерот нешто „знае“ е дека постои синхронизација на пропагандните наративи за национализам и суверенизам (европска верзија на МАГА), анти-ЕУ и про-руски позиции. Не е далеку ни помислата дека постоела и амплификација на исти или слични пропагандни пораки меѓу државите во рамки на пошироки регионални и европски трендови на усогласување и координација, кои бројни релевантни анализи ги поврзуваат со про-кремљовски комуникациски линии, што е во согласност и со наодите на ЦИВИЛ. Ако ги погледнеме медиумските екосистеми во двете земји – и не само во двете, Србија не смее да се изостави – овие можности не се неосновани.

Кога медиумската амплификација се надоврзува на блиски бизнис-релации, економска соработка на линијата Скопје–Будимпешта, виа Белград, и отворена политичка поддршка што трае со години, тешко е да се игнорира можноста дека зад сето тоа стојат подлабоки и поорганизирани политички операции. И да не заборавиме – поранешниот премиер Никола Груевски, бегалец од правдата, ужива во гостопримството на Орбановата клика веќе осум години.

Ако за миг го заборавиме Николоски и неговата комична самоувереност дека Орбан ќе ја води Унгарија и во наредните четири години, останува обврската да се истражат сите аспекти на соработката меѓу владите на Мицкоски и Орбан. Владата предводена од Мицкоски редовно и јавно демонстрира политичка блискост не само со Орбан, туку и со неговите политики. Мицкоски одржуваше интензивни билатерални односи и силна економска соработка од самиот почеток на неговото владеење.

Како што се оди подлабоко во анализата на тие интензивни односи – вклучително и кредитот од една милијарда евра од кои само половината се реализирани, а околу втората половина се вртат скокотливи, иако непотврдени анегдоти – така сторијата добива димензии на шпекулација. Тоа е разбирливо, бидејќи такви операции се тешко видливи, а за нивно докажување се потребни многу напори и време.

Да прејдеме на тоа што најтешко се докажува, но од тоа што е видливо досега, можни се повеќе опции за соработка меѓу Орбан и Мицкоски што оди многу подлабоко отколку политичка и идеолошка љубов.

Ова отвора прашање дали постоеле и форми на финансиска поддршка поврзани со кампањата на Орбан за кого, меѓу другото, дел од меѓународните истражувачки новинарски проекти укажаа на обиди за влијание врз гласачи, вклучително и во ромската заедница, која според европски проценки брои околу 700.000 луѓе.

Не е исклучена ни логистичка поддршка на кампањата, особено во доменот на дигиталните комуникации. Тоа вклучува алгоритамска амплификација и други алатки за влијание врз јавното мислење. Во тој контекст, не треба да се занемарат ниту антиукраинските пропагандни наративи – идентични во двете земји – за кои ЦИВИЛ опширно известуваше во изминатиот период.

Ако ваквите форми на соработка постојат, логично е да се постави прашањето дали тие остануваат само во рамките на политичка и комуникациска поддршка – или одат чекор понатаму.

На крајот, не може да се исклучи ни сценарио на поширока стратешка координација со учество на власта во Скопје, која ги обединува сите овие елементи, па и повеќе од тоа – потенцијални аспекти на разузнавачка размена и координирани оперативни активности. Доколку барем дел од ова е вистина, станува збор за сериозно нарушување на демократските стандарди и можно кршење на закони, домашни и меѓународни.

Да бидеме прецизни: за ваквите сценарија во моментов нема јавно достапни докази и тие остануваат на ниво на сомнежи и шпекулации. Но токму затоа – потребна е транспарентност и институционален одговор. Затоа што, доколку се потврдат овие сомнежи макар и делумно, цената нема да биде само политичка, туку ќе ја платат сите граѓанки и граѓани на земјата.

Текстот е личен став на авторот | Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Орбан падна. Кој е следен?

Поддршка за ЦИВИЛ

Share43Tweet27Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ