• Latest
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лажги

April 26, 2026
Чорнобил, некогаш и сега

40 години по Чорнобил: Војната повторно ја носи заканата од нуклеарна катастрофа

April 26, 2026

До пазарот и назад

April 25, 2026

Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

April 25, 2026
Чорнобил, 1986

За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

April 24, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

April 24, 2026
фото: СДСМ

Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

April 24, 2026

Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

April 24, 2026
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

Фашизмот и ние

April 24, 2026

Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

April 23, 2026
Фото: МИА Архива

Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

April 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Висока претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија, Каја Калас, 21 април 2026 (фото: Европска Унија, 2026)

    ЕУ подготвува забрана за влез за припадниците на рускиот агресор – силни пораки од Брисел и Кијив

    Анализа на CIVIL Today: НАТО референдумот во Словенија отвора нова фаза на хибридна војна во Европа

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    Илустрација ВИ

    РЕАКЦИИ: Контрола врз изборите или крај за надминат модел – граѓаните со сомнеж за мотивите зад укинувањето на Пржинската влада

    фото: СДСМ

    Филипче: СДСМ се повлекува од изборните реформи ако се укине Пржинската влада

    Геополитика без илузии: Проф. д-р Александар Иванов за мултиполарноста и македонските капацитети за справување со кризи | КОНТЕКСТ

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Фото: МИА Архива

    Собранието тргна по кратка постапка: Укинување на техничката влада или слабеење на изборната контрола?

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Мицкоски од Виена упати апел за враќање на дијаспората

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Лажги

    До пазарот и назад

    Вештачката интелигенција – помеѓу надежта и стравот, а иднината е неизбежна

    Чорнобил, 1986

    За Чорнобилската катастрофа и заканите на РФ за нуклеарната безбедност

    Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

    Фашизмот и ние

    Трагедијата на балканските народи – од национална гордост до синдромот на Касандра

    Војо Маневски

    Лошо скроената облека сами си ја сошивме

    Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

    Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    Манасиевски, прес конференција, ВМРО-ДПМНЕ, 21 април 2026 (фото извор: веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

    Заев се појави, ВМРО-ДПМНЕ „докажа“. Што тоа?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Лажги

April 26, 2026 17:58
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Оливер Андонов

Почитувани читатели, веднаш на почетокот на оваа неделна колумна се извинувам за нејзината обемност и истата ве молам да ја разберете како неделен Есеј за лагите кои во нашето политикантско секојдневие се пласираат. Се пласираат со цел да нѐ доведат во заблуда за да може со македонските граѓани полесно да се манипулира. Заблудите се надополнуваат со политички пропаганди и евтини ПР трикови кои треба да ги возбудат страстите кај обичниот граѓанин и да го оттргнат од размислување за неговото сиво секојдневие и насочат кон „конфликтот“ со Бугарија каде што страстите најмногу може да бидат разбранувани. Патем, со такви разбранувани страсти и предизвикани конфликти или поточно омрази кон се и секого да се заборави на одговорноста на најодговорните во државата за креирањето на политиките за сопирање на Европската агенда како наш национален интерес – односно да се заборави за одговорноста на ВЛАДАТА.

Високо образование и слични „дребности“

Навистина драги мој читатели, се обидов да не пишувам за проблемите во високото образование и тоа од две причини: Прво, да не биде дека покрај прашањата од политичките анализи и одбранбената политика и армијата уште сега ќе отворам и „фронт“ со прашањата во високото образование иако сум дел од истото. Второ, затоа што на секој легален начин се обидов (па дури и преку партиски линии – што не би требало да се прави, но во состојба на глувост од Јаневска немаше други можности) да укажам на проблематичните членови на овој нов предлог закон за високо образование. Предлог закон кој очигледно владата на Мицкоски го смета за дребност со која може да си игра политички играчки-плачки.

На крајот, едноставно станувате свесни дека токму Мицкоски се решил по секоја цена да ги избутка проблематичните решенија во предметниот закон, единствено доколку другарите му од ВЛЕН не се појават како влијателен и пресуден h-index  за да Мицкоски добие продолжен избор во наставно звање божем премиер. До тој степен ги бутка на мускули, што почна и јавно да лаже. Ами не што лаже, туку мисли дека ние му веруваме и дека немаме меморија или пак не лаже, туку едноставно врска нема човекот за што тоа зборува. Посебно кога е во прашање спроведливоста на законските решенија кои се предложени во Законот многу сум сигурен дека нема претстава како би се спровеле а да не направат хаос и да не предизвикаат долгорочни проблеми и големи последици вклучително и непотистички. Проблеми и последици за идните генерации универзитетски кадар посебно во специфични и ретки научни области.

За да на јавноста и биде јасно дека Мицкоски манипулира со одредени информации ќе започнам со првата огромна манипулација која намерно ја пласира во јавноста, а тоа е ПЛАТАТА на универзитетските работници како што милува да ги нарекува вработените во високообразовните установи во Македонија. Зошто ПЛАТИТЕ и нивно потенцирање? Затоа што во општата сиромаштија која владее во Македонија и две години по неговото јалово владеење, и кога сеуште му е виновен изгубениот Ковачевски и СДС умрено, најлесен начин да поминеш нешто што е надвор од здрава памет е да создаваш општествен судир помеѓу различни општествени групи и тоа врз социјална основа. Ова претставува загрозување на сигурноста и може да биде предмет на истрага за сторено кривично дело, но сигурно обвинителството нема да добие такво чувство па да го повика Мицкоски на распит, што сакал да каже и со која цел и несомнено со какви силни чувства се внел во тој исказ.

Втората голема лага е дека самиот тој (неговата влада) ги зголемила платите во високото образование со измени во колективниот договор. Не е точно! Благодарение на синдикатот на Универзитетот Св.Кирил и Св.Методиј во почетокот на 2024 година се направија измени во законот за високо образование во членот 170 во кој законски (според утврдена формула) се регулира начинот на пресметување на платите во високото образование и се додаде членот 170-а во кој се содржани во табела коефициентите за пресметка на платите и тој Закон стапи на сила од 01.04.2024 година. Така, Мицкоски ама токму ништо не направи во однос на регулирање на платите на вработените во високото образование и јавно лаже во врска со ова.

Заради потребата да му биде јасно на колегата редовен професор д-р Христијан Мицкоски, ќе му појаснам дека вработените во високото образование се поделени во две групи и тоа: 1. наставно-научен персонал и 2. административно-технички персонал. Токму платите во високото образование кое се финансира од буџет се регулирани со коефициенти дадени во табела (член 170-а) и тоа во зависност од работното место (за административно-технички персонал) и наставно-научното или уметничко звање (за наставно-научен, наставен и соработнички персонал) И ова не е заслуга на Мицкоски, туку борба и тоа долги години на синдикатот на УКИМ кој се избори за сите во високото образование кои се финансираат од буџет, вклучително и за колегата Мицкоски. Да се прашуваше Мицкоски да ги решава платите во високото образование преку колективен договор, во високото образование ќе си поминевме како боси по трње, како што поминаа вработените во културата. Вака на Мицкоски му е страв да ги укине одредбите од член 170 и 170-а од Законот за високо образование, бидејќи добро знае дека ќе се соочи со силен револт од универзитетите.

Е сега да направиме мала ретроспектива или  реминисценција што би рекол Мицкоски. Но таа е повеќе за тој да се потсети. Во недостиг на законска регулатива до 2024 Април, платите во високото образование се регулираа согласно колективен договор на Министерството за образование со секој универзитет поодделно иако сите се финансираа од буџетот на државата преку буџетот на министерството за образование, а на Воената академија (која исто така се финансира од буџетот на Македонија но преку Министерството за одбрана) бидејќи немаше и нема колективен договор, со ad hoc решение наречено „Правилник за плати“. Тогаш платите во високото образование за редовен професор се движеа од 49.000 до кај 52.000 денари (тоа во периодот до 2024 Април) а на тоа се добиваа бонуси во различен износ во зависност од факултетот и неговите приходи но не од буџет. Оттука, се наметнува едно прашање: „Како Мицкоски успеа да си купи часовници во вредност од десетици илјади евра со плата под илјада евра“? (БРАВОС МАЈСТОРЕ). Но тоа е тема и дилема за други некои органи и институции.

Од април 2024 година платите на наставно-научниот персонал (вклучително и редовните професори) кои всушност и го мачи Мицкоски и им се сипува на јавна сцена, се покачија на 110.000 денари а со последните покачувања на минималната плата (која е основ за пресметување на платата во високото образование) еден редовен професор со 40 години работен стаж нема да надмине 140.000 денари. А колку плата зема еден пратеник или некои именувани функционери со сомнително образование но послушни? Патем, законот за високо образование во однос на платите и нивната законски утврдена пресметка не се применува на Воената академија иако истата е високообразовна установа финансирана од буџет, туку министерот Мисајловски си тера некоја своја против законска политика заснована на Правилник, а која ќе мора да ја расчистиме – па и судски. Исто така, платите во високото образование определени според законот за високо образование (член 170 и член 170-а)  се однесуваат само на вработените во високообразовните установи финансирани од буџетот на Македонија. Во новиот закон ќе биде уште по дискриминирачки и ќе се однесува на високобразовните установи финансирани од буџетот на министерството за образование.

Е ова е првата основа ПЛАТИТЕ во високото образование која ќе биде употребена за уривање на законот пред Уставен суд а тоа е дискриминација.

Зошто дискриминација? Па затоа што Мицкоски и Јаневска, не може од сите членови на академската заедница посебно наставно-научниот, наставниот и уметничкиот и соработнички кадар да барате законски определени услови за стекнување во наставно-научно, соработничко, наставно или уметничко звање, а за сите да не важат и бенефитите, односно платата.

И сега ќе кажете а како да важи платата во високообразовните установи кои се приватни? Е па така ќе важи, како што важи и минималната плата, бидејќи по закон високообразовните приватни установи не се профитни установи (фабрики за штанцање дипломи заради правење пари). Колегите на овие високообразовни установи се на минимумот на човечко а не пак професорско достоинство и им се дава минимална плата и нешто ситно во коверта, а државата не е заинтересирана за ова. Впрочем доколку висината на платите важи за сите високообразовни установи без исклучок, тогаш државата ќе има увид во персоналниот данок и другите давачки и од приватните високообразовни установи. Колку ли е тешко оваа да го разбере Мицкоски или така му одговара?

Преку оваа колумна сакам да предупредам на последиците од дискриминација и повторното правење политика со високото образование. Не е проблемот во бројот на научни трудови и нивна релевантност, туку во сосема друго е проблемот, а и за тоа има решение. Но еднаш реков и ќе повторам. Го повикувам Мицкоски јавно да објави листа на трудови кои досега ги објавил, особено оние кои ги објавил како редовен професор и во кој списанија а посебно со кој коавтори (по можност да ги исклучиме оние трудови кои ги објавил со неговиот родител и менторот му Анѓушев). Како и колку патенти и иновации има и со колку нови научни методи кои се негов изум може да се пофали во машинството.

Ова би било чесно пред колегите од академската заедница а не само да се тропаат глупости за ПР пред јавност и да се насочува сиромашниот македонски граѓанин во омраза врз социјален аспект против академската заедница, квалификувајќи ја како таа која зема енормни плати а ништо не работи. И Христијане, не ме терај јавно да објавам некој билтени за избор на твои пулени за да види јавноста со колку и какви „научни“ трудови се стекнале со наставно-научно звање, а можеби и ти не си далеку од тоа, бидејќи се слушаат гласини дека на ниедна платформа не може да те препознае h-index или Google sholars.

Сега да се осврнеме кон трудовите, базите и другите услови за избор во наставно-научно звање и за тоа дали воопшто некој се спротивставуваше на создавањето на научни и истражувачки трудови.

Најпрво, во високото образование постојат полиња, подрачја, подподрачја и области. Многу често една област со друга област во исто научно подрачје или подподрачје нема допирни точки. Но да не објаснувам, многу простор ќе ни треба. Тие области и наука не се само дел од техничките науки (односно машинството како во твојот случај), туку има и научни области кои создаваат наука и изворни или оригинални научни трудови само за својата област, на пример архивистиката. Оттука, не можеш да ги порамнуваш ниту бројот на трудови (а во тие рамки и квалитетот на трудовите) ниту списанијата (оние надворешни). Едноставно за објавување на некој труд од општествените науки важат сосема различни услови, а и списанија во Web of science најчесто се од хуманистичките и техничките науки, така што за други полиња и подрачја се потребни други бази. Настрана што за најголем дел од пристапот до базите – објавување на трудови се плаќа и тоа солидно. Исто така и се чека, некогаш со години да биде објавен трудот, затоа што истиот мора да помине рецензија и уште да почека да дојде на ред за објавување. Еве на пример, јас и еден колега од Воената академија подготвивме научен труд за објавување во списание во Словенија во базата SCOPUS, ја поминавме рецензијата позитивно (патем трудот го доставивме уште во 2025 година) и деновиве добивме известување дека за објавување трудот чека на ред и ќе биде објавен во текот на идната годината, односно 2027. Е ова не го знае Мицкоски, како што не знае дека на пример во областите на подрачјето на психологијата и социологијата, како и во некои аспекти на одбраната и безбедноста истражувањата кои се спроведуваат не се лабораториски, туку се социолошки, така што за нивно спроведување не може да се создадат лабораториски услови, туку истите се одвиваат со луѓе и истите може да траат од неколку недели до неколку години додека се утврди и провери научното сознание како општествена или безбедносна појава, па дури потоа да се објави оригинален научен труд кој би бил подложен на читање и цитирање. Во медицината е уште по сложено да се работат истражувања на болести и да низ релевантност и репрезентативност на примерокот на истражување се докаже научната објективност и издржаност на истражувањето кое ќе има влијание врз луѓето и нивното здравје.

Има и уште една интересна работа која Мицкоски очигледно не ја разбира, а околу причината за тоа дури и јас имам сериозни нејаснотии. Не знам дали, колку, и како држел настава, спроведувал колоквиуми, консултации и испити, читал семинарски или изведувал вежби, но сето ова по секој предмет е дел од наставната високообразовна дејност на наставно-научниот кадар. Нашите високообразовни установи се комбинирани, тие не се исклучиво и само наставно-образовни институции, тие се и научно-истражувачки институции и затоа не е нормално еден професор да има повеќе од два предмета или најмногу 8 часа вкупно во еден семестар на прв циклус студии и по еден предмет на втор и трет циклус студии. Многу е важно да се разбере и тоа дека еден професор не може да биде ментор на повеќе од тројца магистранти во текот на еден циклус или на еден докторант, доколку сериозно работи со кандидатите и ги чита нивните дисертации, учествува во истражувањата, а во исто време и ги води во нивниот научен развој (магистерските и докторските студии се научни студии) и ја следи нивната творечка способност унапредувајќи им ги научните и истражувачките капацитети.

Инаку, за да биде појасна приказната за Шангајската листа, јавноста треба да знае дека рангирањето на листата не се врши исклучиво врз основ на објавени трудови, туку и врз други параметри за кој државата треба да одвои средства од буџетот, а помеѓу тоа е и студентскиот стандард.

Така, на крајот го замолувам Мицкоски да не лаже, да не ја манипулира јавноста и да не создава тензии во јавноста и презир кон неговите колеги од академската јавност. Тоа е нечесно кон колегите, безобразно кон македонските граѓани и понижувачки кон македонската нација која има насушна потреба да изгради систем. А системот мора да биде втемелен на знаење.

Имам чувство дека овие лажги во ПР настапите пред македонската јавност се израз на лична суета, неоформеност во научно-истражувачката дејност и несозреаност, како и на непознавање на сериозноста и развојот на високото образование во Македонија, бидејќи немајќи атомско оружје, Македонија мора да има атомски умови.

Решението е во поголем буџет за научно-истражувачка дејност и воопшто во развојот на високообразовните установи во секој аспект. Од моите колеги од академската заедница, посебно од ректорите и деканите, барам да бидат достојни на своите наставно-научни звања и академска чест. Во името на заштитата на универзитетската автономија и академската слобода, да престанат поединци од нив да се додворуваат на Мицкоски. Луѓе-колеги, не може ништо да ви одземе Мицкоски ниту било која влада.

Радев – преговори – Бугарите – Уставот

Уште една лажга се божем договорените средби со Радев. Впрочем, еве Мицкоски сега имаш стабилна (по стабилна здравје) влада во Софија па повели, пристапи кон преговори и наоѓање на решение за „билатералниот спор“ за кој постојано зборуваш. Еве дури и Орбан може да ти помогне доколку се придржуваш до онаа поговорката: „Пријателот на мојот пријател е и мој пријател“. А нели Орбан и Радев се другарчиња – не знам каков проблем би имал Орбан да ти помогне и да го  убеди Радев (кој има мнозинство во бугарското собрание) да донесе заедничка декларација со нашето Собрание во која свечено изјавуваат дека го признаваат македонскиот идентитет, јазик и државност. Едноставно, нели? Само малку добра волја од Орбан и Радев и замолница од Мицкоски.

Но треба да бидеме свесни дека одговорот на Радев ќе биде директен и јасен: „Нема билатерални прашања, има Француски предлог – Европска рамка и постапете согласно неа, а за евентуални нејаснотии разговарајте со ЕУ“. И толку, оттука натаму повторно сме на истото место каде што сме.

Е сега, прашањето кое се наметнува за владата на Мицкоски е: „Како понатаму и какви изговори да смислам за пред македонските граѓани“? Нема изговори. Дилемата  е во друго. И тоа исклучиво во овој миг хипотетички но не е нереално.

Имено, да замислиме (иако  е незамисливо) дека Мицкоски и Радев ќе се договорат со сиот нивен демократски капацитет и со сесрдна помош на Орбан (кој нели се понуди да посредува) и Радев ќе вети дека Бугарија нема да прави блокади на Македонија на патот кон ЕУ, односно нема да става вета. И како последица на ова јавно ветување, Мицкоски ги впрегне нашите пратеници и тие изгласаат промена на Уставот, односно ги ставиме Бугарите во Уставот. Но, ѓаволска работа, од не знам какви причини Радев (под сугестии на другар му Путин) се преуми или падне од власт и еве ти ја Бугарија ни става вето за не знам што. Да не заборавиме дека Радев беше тој кој го иницираше ветото врз Македонија. Што би го натерало сега да се промени, посебно од оваа политичка позиција и јасно про-Рашистичка тенденција?

Ние како држава ги испуштивме убавите можности со демократски влади или службени влади во Бугарија да избегнеме било какви состојби на можни вета и сега ни остана да чекаме уште не знам колку години додека ни текне што да правиме. Се друго што како политички раскази се раскажуваат и постојано се повторува едно те исто на разни места е само губење време.

Разни „интересни“ закони

Онаа будалаштина од таканаречена „Влада за спроведување на избори“ или колоквиумски позната како „Пржинска влада“, несомнено треба да замине во историја. Се покажа како некорисна и проблематична. Наместо да обезбеди фер и кредибилни избори, преку својата поставеност како модел таа само внесува хаос и тоа во траење од четири месеци или повеќе, како и парализа на неколку министерства со двојни команди и политички притисок. Второ, ова значи дека изборниот систем во Македонија не гарантира сигурност, чесност и доверба што е поразително за Македонија која нели патува кон ЕУ, патува де…

Тоа што може да биде решение и прекршување на стравот на СДС умрено и недовербата кон владата на Мицкоски, но и понатаму ќе не става во групата на земји со неизградена демократија е можна примена на моделот на Словачка или Бугарија. Односно целосна службена-техничка влада за спроведување на избори составена од експерти. Ние како Внатрепартиска фракција за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ сме за укинување на „Пржинската влада“, пред сѐ, за да покажеме кредибилност на институциите дека се подготвени да спроведат демократски избори без забелешки и под надзор на ЕУ а под целосна одговорност на актуелната политичка влада. Решението за спроведување на изборите кои би биле легитимни можеби би било електронско гласање со што нема да може да има измами со ливчиња, бугарски возови и слично. Но за тоа мора да има промени во изборниот модел и изборниот закон, а за тоа никој од собраниските партии не е подготвен.

Вториот „интересен“ закон е оној за пратеници со едно – македонско државјанство. Тоа не е прашање на законот за пратеници, тоа е прашање за Уставот и бара уставни измени. Доколку тоа му е целта на Мицкоски на посреден начин да го отвори уставот, многу е заиграна работата и пак ќе заглавиме со други барања на некои политички партии со етнички предзнаци, како онаа за јазиците, па повторно подоцна ќе ни биде криво.

Уставот на Македонија е многу јасен во однос на правата и слободите на граѓаните (граѓани – државјани). „Секој граѓанин има право да извршува јавна функција“. Јавна функција е и пратеничката функција, како и многу други избрани и именувани функции. „Секој има право да избира и да биде избиран“ Тоа се политички права кои не можат да бидат ограничени со закон.

За да се внесе еднопатритизмот во Македонија, не може да се однесува само на поедини граѓани, туку преку уставни одредби да биде важечки за сите. Односно секој македонски граѓанин  да има само македонско граѓанство, односно Македонија да не признава двојно или тројно државјанство и тоа како Уставна категорија. И тоа е нормалното решение на оваа патритско прашање, но не е демократско во контекст на ЕУ. Сѐ останато е политичка измама и забава за граѓаните. Во пракса сериозно прашање ќе се постави не за бугарските државјанства на јавни функционери, туку за сите други државјанства, посебно за тоа како тоа ќе се вклучи македонската дијаспора во политичкиот живот во Македонија? Тоа што е контрадикторно е ставот на Мицкоски дека нашата дијаспора е додадена вредност на Македонија, а која дијаспора во голем дел има двојни државјанства, при што во новите услови на Уставни измени на еднопартизам ова ќе ги опфати сите граѓани. Во случај на прифаќање на законското решение кое ќе важи само за вршители на јавни функции, законот ќе падне како против Уставен врз основ на дискриминација. Проблемот кои кај нас политикантски сака да се детерминира како оправдување за тоа што некои носители на јавни функции имаат двојно државјанство – поточно бугарско државјанство, не е во двојните државјанства туку во лицемерието. Лицемерие низ призмата да се поседува двојно државјанство (македонско и бугарско) а пред македонските граѓани да се продава патриотизам, анти-бугарство, анти европеизам и божем заштита на македонскиот идентитет.

Лажги во врска со ЕУ

Излезе Мицкоски на Сител и ни соопшти како „гооолемо политичко откритие“ дека Бугарија повторно не блокирала. И излажа! Не ја кажа целата вистина до крај. Се повика на наводно блокирање на Акцискиот план за малцинства од страна на Бугарија. План на кој долго работела неговата влада под надзор на експерти од Стразбур (заборави Мицкоски дека еднаш претходно – кон крајот на минатата година, зборуваше за ова прашање и имаше различен исказ). А што е вистината:

Акцискиот план за малцинства е само еден од трите документи кои владата има обврска да ги изработи за да продолжат преговорите со ЕУ и таа обврска владата на Мицкоски официјално си ја презема кон крајот на 2024 година повторно како идеја „спореден“ пат на ЕУ за да се откочи преговарачкиот процес за Македонија. Трите документи кои треба да ги подготви Македонија и да ги претстави пред Европската Комисија (значи не пред Стразбур, туку пред Брисел) се:

  1. Акцискиот план за малцинствата, кој во себе содржи план за унапредување на правата на малцинствата во повеќе аспекти и кој пак посредно на крајот завршува со отворање и затварање на уставните измени. Во меѓувреме додека се спроведува, овозможува отворање на некои поглавја од преговорите кои може да ги завршиме пред официјалниот почеток на преговорите откако ге ги исполниме условите од преговарачката рамка, односно ќе ги ставиме во устав Бугарите и другите. Потполно е лага дека Бугарија го блокирала Акцискиот план, бидејќи истиот се уште не е претставен пред Европската комисија и истиот не може да биде претставен надвор од пакетот со другите два документи. Патем, овој Акциски план, владата го претстави пред малцинствата во Македонија во декември 2025 година и тогаш Мицкоски измисли претстава во врска со јазикот, а потоа во јануари годинава дури и правеше драма во Собрание на седница за пратенички прашања.
  2. План за реформи на јавната администрација. Ова е план кој владата на Мицкоски во никој случај не ни размислува да го подготви а не пак да го претстави пред ЕК, бидејќи за неа – владата, тоа е опасна активност, посебно во контекст на изборни активности и можни резултати.
  3. План за реформи во судството. Ова е третиот документ, кој на Мицкоски на памет не му паѓа да го подготви, но без кој нема напредок кон ЕУ, а и токму во врска со овој документ кога и да се подготви ќе добиеме најмногу забелешки. И тие забелешки имам чувство (што би рекол некој со чувство за филинг) дека нема да бидат од страна на Бугарија.

Впрочем, ЕУ – ЕК нема да ни стави вето односно да ни блокира ниту еден од плановите во пакетот на патеката за движење кон ЕУ туку ќе ни даде забелешки за корекција на плановите – доколку има забелешки, а потоа само ќе го проценува нашето спроведување на плановите и тоа најчесто низ годишните извештаи.

Ете драги мој неделава е полна со лажги. Колку ќе им веруваме, тоа останува на секого од нас. Имам некое силно чувство дека забрзувањето на процесот на донесување на новиот закон за високо образование, како и законот за влада и закон за пратеници се една голема чадна завеса зад која ќе се случи донесување на некои други закони насочени кон распродажба на енергенси и минерални суровини на Македонија на приватни мултинационални компании. Но и подготовка за евентуални предвремени избори кои секако стојат како опција за Мицкоски и избори за претседател кој ја чекаат Бугарија. Лажгите ќе продолжат, а што ќе донесат – ќе видиме. Но кој видел нешто добро од лаги и измами?

 


Проф. д-р Оливер Андонов е професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје | Текстот е личен став на авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Избори во Бугарија: Румен Радев со апсолутно мнозинство

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Од аздисаност до изгубеност

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ќе го избегне ли Словенија референдумот за излез од НАТО?

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Радев ќе владее – што значи тоа за Северна Македонија

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ